Често го гледам така и мислам дека тесни ми се градиве за срцево полно со љубов. Абе го сакам бе!!! Се радувам што ќе му ја гледам убавата фаца секое утро цел живот. Каков излив на љубов беше ова...
Потоната во мисли во овој дел на ноќта и бескрајно инспирирана за отварање на душата и преточување на чувствата во зборови после секое читање на ваква поезија УЧИШ По некое време ја учиш суптилната разлика помеѓу држењето нечија рака и оковувањето нечија душа. И учиш дека љубовта не значи привлечност и друштвото не значи сигурност. И почнуваш да учиш дека бакнежите не се договори и подароците не се ветувања. И почнуваш да ги прифаќаш твоите порази со главата горе и очите отворени со достоинство на жена, не со очај на дете. И учиш да ги градиш твоите патишта денес затоа што утрешннината е премногу несигурна за планови а иднината има начини да те изневери на половина пат. По некое време научуваш... Дека дури и сонцето гори ако го има премногу. Па си ја копаш градината и си ја украсуваш душата, наместо да чекаш некој да ти донесе цвеќиња. И учиш дека навистина можеш да истраеш... Дека си навистина силен И дека навистина вредиш И учиш, и учиш... Со секое збогум нешто научуваш. Хорхе Луис Борхес
Ми го земаш паметот... Сум ја слушнала фразава неколку пати порано и смешна ми беше. Сега стварно го доживеав тоа. Сакам само да те гледам, со часови, со денови, не сакам да проговорам ни збор зошто мислам дека ќе ми го тргне фокусот и мислите од тебе. Ти си толку "грд" и оштетен на така убав начин. Мислам дека прв пат после 2 години го доживувам ова магнетно чувство на привлечност уште првиот пат кога те видов. И знам дека немаш и немам иднина со тебе, ама нешто што најмногу ценам кај тебе е искреноста, нешто што тој немаше храброст да го признае.. Ми треба време да си ги средам мислите, и да сфатам што треба да направам во врска со тоа, ама толку ме обземаш, особено кога ќе се насмееш, немам видено нешто толку убаво. И пак одам секаде кај што си ти, смешно ми е дури, за момент заборавив и на него и на сите други. Секогаш го сакаме она што не е добро за нас. Maybe we like the thrill...
И во овие ладни ноќи се кријат доста романтични моменти. Јас на пример, уживам кога го чекам на балкон, во рацете шолја топол чај, обвиткана со негов џемпер голем, топол и со негов мирис. Косата врзана во лабава пунџа и под џемперот секси долен веш. Потоа тој доаѓа и ме гушка силно, смешкајќи се во тоа како изгледам ко џуџенце во џемперот 2-3 броја поголем од мене. Ке ме крене на раце и така одиме до во соба и седнува на фотеља а јас во неговиот скут. Се врткам и галам во неговата неодолива топла прегратка,се туткам и уживам како што ме личит. Гинам во него. (^.^) Го пиеме чајот и така на раце ме носи до креветот и романтиката ни продолжува во топли, свилени, црени чаршави... ...обожавам секс под јорган. Спојлер: Пс ја ко шо сум си мала овој нон стоп в раце ме шетат. Ама не и в град, само дома
Многу малку е потребно за да се разбере дека и животните имаат чувства. Имаат право на живот и одземањето на истиот треба да се смета за злосторство. Не бидете игнорантни, не мислете само на вашиот апетит. Секое печено пиле, предходно дишело, се радувало. Ако ние не го разбираме нивниот јазик, не значи дека него го нема и тие не комуницираат меѓусебно.
Чувствувам мирис на среќа. Или барем добро расположение ако не вистинска среќа во потполност на зборот што ја означува. Убави моменти, весели разговори, интелектуални разговори што те тераат да размислуваш, што те полнам со позитивна енергија. Книги, едукација, проекти... Многу обврски, а не се плашам од нив. Вортекс maybe? Не сакам да си го расипувам многу многу расположениево, го слушам дождов како брзо паѓа и не ми е страв. Не ми е страв да сум расположена на депресивно време. Одам да се извежбам јако и да го фатам денот. По некоја обврска после, па одиме на викееенд.
Еден човек ми кажа дека се' е илузија. И често се потсетувам на тие зборови. Се' е илузија. Зарем навистина? Не постои ли нешто вистинито и сигурно во овој свет, во овој живот? Љубовта ја сметав за најголема сила, за сила која ги движи нештата во универзумот. Но дали...? Дали е таа реална? Веќе почнав да се сомневам. Од друга страна пак, ми се чини дека љубовта е единствената вистина. Се' околу нас е љубов. Бог е љубов, така вели Библијата. Следствено, љубов е се' што е создадено и што постои околу нас, а и самите ние. Љубов е она што го чувствуваме за луѓето околу нас, за нештата околу нас, нашата наклонетост кон нив. Интересно е тоа како љубовта се создава, како се создава таа поврзаност меѓу две срца. Толку многу луѓе има околу нас а толку малку пријатели и симпатии имаме меѓу нив. Врски. Како може на почетокот некого толку да сакаме а на крајот, во најмала рака, да зборуваме толку лошо за него? Љубовта е вечност. Ако е вистина, нема да се претвори во омраза. Затоа се прашувам, вистина ли е или илузија? Дали човекот беше во право...
Наместо да сум среќна на овој ден, јас плачам, од душа си плачам. Не знам зошто не можам да прекинам. Или знам, само не сакам да си признаам..Зошто така е полесно..
Се работи за семеен проблем, но премногу е јавно да напишам тука па кој би сакал да одвои време да ми пише порака би му била благодарна.
Кога станува збор за несигурните, мекуши, е , нив стално им е потребен некој кој ќе ги чува . Да не отлетаат како балончиња, превисоко , во своите имагинации. Ќе се подуплашат лигушите ако некој често за раце ги држи, поготово ако стисокот е цврст за рачињата. Се плашат и кога никој не ги чува , не ги држи за рака, посебно ако се тоа раце створени за допири. Најмногу се плашат кога своето тло, нагло ќе го изгубат. Па бараат сидро, да се држат за друго , дур не се удават во бесмислата
Замислете дека го напуштате овој свет и одите кај Бога, па го прашувате: "Боже, па каде е тој Рај?". И Бог ви одговара: "Штотуку дојде од таму". Бидете свесни за моментот. Околу вас се случуваат толку многу работи. Забележете ги и набљудувајте ги.
Колку ли само емоции крие куферот полн со спомени. Јас мојот го пакувам, не ми е толку битно што ќе понесам во него, туку со што ќе се вратам од таму. Одмор во Септември. Отсекогаш сум го посакувала. Времето не е многу на моја страна тука, се надевам ќе биде таму. Па добро битно ми се пружи прилика да патувам. Некои ја немаат ни таа, а има и такви што љубоморат оти одржуваме традиција на патувања и одмори. Ако сакаат нека пукнат, животот е авантура, лудории, спомени вредни за паметење. Не е посматрање од страна, жалење и оговарање. Си сѐ вратив на моето омилено хоби читање, па ако не ми се погоди времето сигурно нема да ми биде досадно Ќе ми фалите феминки, ќе ми фали и форумот се приврзав за него. Но ветувам ќе се вратам со нови сили и обновена енергија и сторија за Закинтос дали вреди да се посети