Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.563
    Допаѓања:
    55.438
    Пол:
    Женски
    Ах животе,за некој си мајка,за некој лошата маќеа..
    За некој си богатство,луксуз,среќа,насмевка,а за некој болка,борба за опстанок,солзи,неправда...
    Ама тоа си ти,се во едно и мораш да се живееш..
     
    На cresa-jagoda, crazylady, Petra777 и 16 други им се допаѓа ова.
  2. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Денов стана поубав. Конечно и јас да имам некоја среќа, доста време бев баксуз. Иииии се' се должи на него и на неговото величествено појавување. Мислам дека еден куп позитивна енергија, љубов и ведрина ми внесе попладнево. Некој бран на среќа донесе со него.

    Па, вечерва ќе пишувам и ќе го забележам најранливиот дел од мене.

    Ми потсети на она чувство на бесконечна љубов. Бесконечна и безусловна. И да, иако делува многу чудно и невозможно ја почувствував. Не еднаш, туку два пати ја имав таа среќа. Навидум се толку слични, ми го донесоа истото чувство на безизмерна среќа и нескротлива радост. И имаат многу заедничко, но и различни интензитети. Едната е тука веќе со години, а другата, другата е исто толку посебна и специфична иако е многу пократка. А длабоко во себе, во срцево веќе си изгравира местенце каде ќе продолжи да живее.

    Првата ме спаси од самата себе, ме спаси од сомнежи, од осудувања, од грижи, од немоќ. И ми даде сила да ги раширам крилјата и да полетам како најубавата пеперутка. Срцето ми трепери со секое сеќавање на неговото шаренило со кое ме исполнуваше, на неговиот сјај кој го чувствував со денови после нашите дружби. Ме облеа радост кога и после толку години видов дека не се променил. Дека е истата онаа прекрасна личност која во срцево посебно место негувам. Сакам да е среќен. И мило ми е што тага не го надвиснала и што неподнослива болка не почувствувал. Секогаш да е така безгрижен и ведар. Секогаш да ми е така насмеан. Можеби ќе ни се спојат патиштата пак, можеби повторно ќе имаме случајна и неочекувана средба, но и до тоа никогаш повторно да не дојде, секогаш ќе има засолниште кај мене. Сите несовршености, и спротивности, и сите чувства кои ги носи со себе отсекогаш ми биле скапоцени. Секој момент и секој детал, секој избор во вистинското време, и секоја одлука во погрешното. И кога ми даваше надеж и кога истовремено беше причина за безброј непреспиени ноќи, и сите соништа кои ги посакував, и сите желби кои никогаш не ги исполни. Не знам дали може да се сфати моево срце. Без разлика на што и да направеше, и да не направеше, највреден беше во најтешките моменти. И како леев солзи тешки како окови затоа што мојата љубов не беше возвратена, така сфатив дека без оглед на се' никогаш нема да го пуштам. Секогаш ќе ми биде најдрагата личност и онаа за која ќе имам безрезервна љубов. Дури и со своите седумнаесет години знаев дека чувствата кои ми ги буди се доволни. Ја прифатив мојата љубов кон него како доволна, и веќе не очекував ништо од него. А добив многу. И четири години подоцна, уште ја чувам и негувам таа единствена љубов за него.


    За онаа втората... во некоја следна прилика. А до тогаш ќе уживам и ќе се смеам со најголема насмевка. И за првата, а и за втората љубов. За чувствата без кои не би можела да живеам. За чувствата без кои не би била целосна.
     
    Последна измена: 21 септември 2016
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, cresa-jagoda, Lilianna и 22 други им се допаѓа ова.
  3. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Преморена си дојдов, па спиев, и сега си дремам на компјутер како да не треба утре да станам во 7 и 45. Настината сум ушите ми жежат.
    Некако се уморив, од мојата прва љубов, од тоа како немам храброст да ставам крај.. душата ме боли и се измачувам. Изминатава година дена се изгубив себеси, пробувајки да станам верзија која другите сакаат да ја видат. Удоволувајки и погазувајки се за личности од кои очигледно не го добивам истиот фидбек. Ми се смачи од се.
    Ми треба малку me time, престојниов ќе си барам стипендии за надвор. Ме убива опшеството, начинот на размислување на повеќето луѓе, ме убива тоа што дечко незнае дали сака (несака) заедно да се погодиме да студираме живееме во странство ( иако шансите се 1:1000) ме убива тоа што механички живееме, кога тоа престанавме да се радуваме на детаљи?
    Животиште до кога вака..?
     
    На kala21, Rama и fallenangel им се допаѓа ова.
  4. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.970
    Допаѓања:
    3.440
    Денес си помислив: Зошто постојат пари? Или, зошто да ги немаме сите низ светов? Зашо мора да има класи богати-сиромашни? Многу глупа работа... А сите сме исти, сите дишеме, од крв и месо... Некои појма немаат што прават - имаат пари. А некои паметни, се трудат - сиромашни. Глупости.

    Сакам да кажам и тоа дека нејќам да дојде денот Д... А ќе дојде... И не можам да заспијам... Убаво ми е...Не можам пак :((((((((((((((((((( Животе, биди фер! Барем за арно да биде.
     
    На Rama, elimkd, fallenangel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.947
    Има едно луксузно место, каде што често пати знам да заглавам со часови таму. Да лежам, да уживам.
    Тоа место прво и прво е само мое и од секогаш било и секогаш ке биде...!!!
    Тоа место е богато со љубов, спокој, мир, топлина, енергија и што е најважно таму се чувствувам најбезбедно...и не го делам со никој.
    За мене не постои по фантастично место од тоа место. Просто никогаш не ми е доста да лежам во него...
    Тоа е фантазија !!! Рај за душава. Рај ! :l:
    И цела вечност да си лежам таму, не ми е доста.
    Тоа е некое чувство што не можам да го опишам. Не сум доволно паметна за да се искажам како се чувствувам во тие моменти додека сум таму а и приближно исто се чувствувам и кога само помислувам на тоа...

    Толку среќа, љубов, нежност, мекост, спокој и мир на едно место.... :inlove:
    Понекогаш од силни емоции, преголема љубов,радост и среќа, знам и по некоја солза да пуштам...

    Лежам, уживам, ги затварам очите и чувствувам некое исполнување во градите. Како да летам. Се возбудувам како са сум на облаците а уште поубаво е дури и од облаците.... :inlove:
    Таму немат грижи и болка. Таму постојат само убавини...



    .....во неговата прегратка. ♡


    ...тоа се само моменти кога лежам на неговата една рака...а замислете само кога ке ме покрие и со другата рака. Врз мене се прелива дупло од горекажаното. Лежам на тоа и сум прекриена со истото. Аххх....:l:
     
    Последна измена: 21 септември 2016
    На mimiiiii, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, eloves и 20 други им се допаѓа ова.
  6. skorpija123

    skorpija123 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    2.624
    Колку и да се трудиш и да речиш дека вака о вака ќе напраам, животот ќе ти речи "не, вака треба да напраиш". Спротивно од тоа што го сакаш. Ама ако, со трпеливос и силна борба и на тоа ќе се навикнеме
     
    На Rama и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  7. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.260
    Допаѓања:
    148.917
    Пол:
    Женски
    100 пати сум си рекла " кога човек се дави, подбутни го" . Никој не заслужува помош зашто на крајот од денот солзите ќе се твои, не негови. Никој никому не му е пријател, а помалку сестра/ брат. Секој поред своето и туѓото го гледа, своето да го заштити - туѓото да го омаловажи или приграби.
     
    На cresa-jagoda, Rama, Mr. Right и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.997
    Допаѓања:
    174.512
    Пол:
    Женски
    Таман ми заздраве модрицата на коленото од земјотресот, сабајлево пак на истото место...
    Невиден малер сум, цела испотепана..
    За на бајачка сум :D
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, cresa-jagoda, duffi и 8 други им се допаѓа ова.
  9. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Во обидот да изберам среќа, јас ја одбрав најголемата несреќа.
    Седам сама во собава, и се прашувам зошто јас?
     
    На Rama и GirlLove им се допаѓа ова.
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Има луѓе што ми влијаат како цврсто врзано репче - ме боли глава од нив.
     
    На tirkenbal, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, cresa-jagoda и 23 други им се допаѓа ова.
  11. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.084
    Пол:
    Машки
    Некогаш е поубаво да си молчелив за некој работи во животот
     
    На cresa-jagoda, galapce, Petra777 и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Животот е толку краток што дефинитивно треба да посветиме внимание на нашите најблиски и најсакани,еден ден кога ке ги немаме ке се каеме зашто не сме поминале повеќе време со нив.

    Затоа искористете го секој момент со најблиските,ширете љубов,дајте им до знаење дека никогаш нема да бидат заборавени и дека секогаш ке бидат сакани од вас.

    Имајте убав и пријатен ден :)
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, cresa-jagoda, Rama и 11 други им се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Се прашувам, зашто ли се продолжува со финансирање кампањи за да се запознаат луѓето со нивните права и слободи:D та, јас ко што приметувам, луѓето се дотолку запознаени и изшлифани што, у драма го претвориле сето право и сета слобода :D за се нешто дискриминирани, обезправени, умрсуљавени. Писка оженет човек на слободна девојка, оти муабет нејќела да му прави на дејтинг сајт:rofl: да не би да е он шугав, лепрозен па ни муабет да му се прави оти е оженет и закачен на дејтинг сајт:D писка малишан на 10 години постара дада, оти нејќела да се фати со него, зашто толкави предрасуди кон помладите:Dи ред други работи.:D Си велам, листа си правиш со шефовите на 500те компании од форбс, им се пушташ, се жалиш на дискриминација... ги тужиш и збогом сиромаштијо.:makeup: Така функционира, нели?:wasntme:
    Патетики.
     
    На Lella, 1209, ceca-1 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.997
    Допаѓања:
    174.512
    Пол:
    Женски
    Само да се пофалам во оваа тема, да не и го реметам мирот на мадам Бриџи во +40|(
    Скајп интевјуто ми помина преееееееубаво:party:
    Ако вака продолжат работите, може и да добијам понуда за да одам назад во САД!(fingers)
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Annath, Bozica1980 и 24 други им се допаѓа ова.
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.395
    Пол:
    Женски
    Добро бе вие што пушите во присуство на деца нормлани сте? Ги труете децата со тоа, свесни сте? Нив им смета тоа ама не знаат да ви кажат, па тие како ПОЗРЕЛИ суштества тереба да сфатите (facepalm)
    Детето тогаш почнало да оди, да трчка, а татко му застанал со цигарата во уста и му вика дојди кај татооо, ајдеее, бравооо....и цел чад во него му го дувна :!: Кутро дете....ќе го отруеш бе, ќе го задушиш, ќе го пореметиш од тие чадови. На возрасен човек лошо делуваат цигарите, а не на детенце мало.
    Ми идеше да ја фатам цигарата и од јазик да му ја изгаснам, ама ај...

    И направив добро дело денес, спречив деца да не се испотепаат..
    Од една страна беше едно дете, од другата страна беа четворица и сакаа да го тепаат. Најсила 12/13 год нека имаа....Баш во улицата пред мојата тоа се дешаваше, и немаше никој друг, само јас поминував и колку ќе беше глупо ако си поминев само...ако го оставев детето да го повредат.
    Им се развикав тука, малку урнебеси и драми, па си заминаа тие шупаците и уште му се заканија дека утре ќе видел што ќе му се случело на школо....А тоа кутрото плаво, слабо, мало по раст, буквално се тресеше и имаше крв на крајот на устата, може го удриле пред тоа....Му реков на детето дома да каже на некој, нека не си игра пошто сепак тие беа четворица. Му реков да го испратам ако сака до дома, ама ми рече фала многу ќе одам кај мама на работа, имам со овие проблеми долго време, фала премногу што се појави....едвај со тресење го извади телефонот, се јави кај мајка му и се упати во непознат правец.
    Детенце, се надевам ќе бидеш добро.
    Можам да замислам како ќе и биде на мајка ти тешко кога ќе те види такво исплашено, со тресење и малку крв :(
     
    На Bozica1980, eloves, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  16. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Напишав цел реферат со се што сакав да речам и избришав|(да не речат после ангелчето е ваква па те таква, па очајна па будала па не знам што (facepalm)па се одлучив ќе си молчам.:!:
     
    На cresa-jagoda, Dust и Petar80 им се допаѓа ова.
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    На кај сепак не се воздржа од реакција, а? Можеше да пишеш и во другата тема, не мораше овде.


    Кажи си де, зошто да собираш во себе?

    Знам дека ова очајна алудира на моите зборови, ама ајде кажи дали овој твој пост:
    не ти делува по малку барем патетично и очајно?

    (инаку во сите цитати има смајлиња, не знам зошто не ги дава, вака не се добива целосниот ефект, но ајде)

    Како животот да ти зависи од тоа да ти кажат нешто убаво, мислам се читаш ли?

    А тоа за никот не те обвинив дека си друг член, само гласно размислував околу мојата дилема дали си членот Wild Child бидејќи и таа имаше ник со angel во него, ама не знаев дали беше пред да стане Wild Child или потоа, па се прашував ако било потоа- дали тоа си ти, ама по размислувањата не ми делуваш така, и тоа беше.
    Значи само гласно си размислував, а имаше три точки оставено за ако сакаш да кажеш дали си таа членка или не, а не дека те обвинував за нешто.

    И така.
     
    Последна измена: 21 септември 2016
    На Bozica1980, Lella, kjukli и 4 други им се допаѓа ова.
  18. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Оф бре Сесил.(facepalm)
    Од каде знаеш низ што минувам во моментов и низ се што сум поминала досега, зошто мислиш дека на сите им цветаат рози во животот и на сите им е нареден животот?
    Воопшто не се срамам од своите чувства било да се радост,зезање, тага, страв, паника, болка па дури ти и било кој друг да ме смета за очајна и патетична. Не ми е грижа што и како, повеќе постот во СДК го пишав колку да не избрзувам со изнесување на лични работи кои од самиот почеток ги сервирав на форум а не помислив дека нема вечно да бидам анонимен лик.
    Од друга страна како што се случува да ме навредат нечии лоши постапки и зборови така ми значат и добри зборови, посебно кога сум во тесно, кога сите надежи ми висат на конец, ми значи убав збор, ми значи да ме гушне некој, ми значи да знам дека имам поддршка од некој, ми значи да знам дека не сум сама и дека има некој што верува во мене, ми значи некој да рече ќе биде се во ред. За тебе може сето ова да звучи патетично и очајно но ти ако имаш некого покрај себе кој те сака и поддржува во се почнувајќи од родители па до сопруг некој нема никој и ништо од тоа а сепак мора да биде како карпа, за да опстои, да се оствари себе си, мора да пронаоѓа зрак светлина по патот, мора ама сам.
    Не гледам ништо лошо во тоа што ја прашав Лилит воопшто сите тоа го направивте, ви спомна и на вас совети, насоки, дури и рековте дека е вистина се што ви пишала тогаш зошто јас да не прашам, колку за миг да се прелажам во нечии туѓи зборови, ама ништо на мене ниту ми спомна.
    Зарем мислиш дека кога би била убава реалноста би била на форум да зборам, пишувам, се зезам и да се наметнувам да стекнувам пријатели преку виртуелен свет?
    Ретки се луѓето кои би ми кажале убав збор, за да ме растажи и навреди некој ги има премногу. Понекогаш убав збор може за миг да стопли нечија душа.
    14344256_10154560321018685_9033814011677164513_n.jpg
     
    На christinnn, Rama, baba Rada и 4 други им се допаѓа ова.
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Јас не побарав гледање, и не ми има правено Лилит анализа или како и да се вика тоа, си ме помешала со друга членка- само сакав да се продолжи со истото, баш поради тоа што гледав дека на членките им годи.
    Или барем до сабајле ми изгледаше така, додека не ги видов и другите мислења...

    За другото, самата си кажа, секој си има некоја тежина, на никого не му цветаат рози, ама не секој го покажува тоа и очајува, некои пробуваат да се соберат и да продолжат напред.
    Тоа сакав да ти кажам, побарај си анализа, немам ништо против- ама на овој начин не оставаш добра слика, не знам како поинаку да ти кажам,а да не те повредам, едноставно ја покажуваш твојата ранливост, а тоа не е добро во овој свет, верувај.
    Еве и постот овде во стил дека си жртва, навредена и слично ја покажува твојата очајна потреба за утеха. Пробај да се издигнеш, самосожалувањето води само кон депресија, кон ништо добро.

    Пак ќе ти кажам, сите ние имаме проблеми, од каде знаеш, можеби јас имам и повеќе од тебе, ама бирам да се борам, не да бидам жртва.

    Немам време да пишувам повеќе, треба да излегувам, веќе и каснам- во секој случај ти посакувам да ти се случи некоја убавина што ја посакуваш, и пробај во иднина да си кажуваш што ти смета, да се соочуваш, наместо да се жалиш вака во завиена форма.

    И ми текна на песната кога го привршував постот, па еве, те поздравувам со неа
     
    На Bozica1980, eloves и Lella им се допаѓа ова.
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.424
    Пол:
    Женски
    Прејак е филингот кога за првпат ќе имаш пракса во лабораторија и ќе облечеш мантил и уште на прво облекување се заљубуваш во тоа бело нешто. :inlove:
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.