Оди кажии на Анџелина дека среќа не се гради на туѓа несреќа. Ама неее сите мажи биле исти, така слушам... П.с. I don't really care, ама ми падна у очи како кармата знае да ги сврти работите и да те науччи на лекција
Врне врнеее врне врнеее....ах бе Сара Мејс што ни направи мори Кај се видело и чуло после сонцето дожд *тешко мене си велам во разговорот со мене*
Сум го заборавила одамна ова...Секогаш,некаде постои некој што има многу многу помалку од нас и посакува барем на еден ден да се замени со нас,да почувствува како е да бидеш здрав,да можеш да одиш,да можеш да гледаш,да можеш да го гушенеш оној што го сакаш,да имаш некој што те сака и го сакаш и слично. Колку само треба да го цениме она што го имаме. Што би направил оној што има помалку од нас ако би бил на нашето место? Би бил среќен,радосен нели? Можеби претерав,но ете...ми доаѓаат моменти. И да,не ми смета да сум сама некогаш. Што би требало да направам денес за да им покажам на другите колку ми значат?
Најубаво е за мене кога оној кој ме држел силна за време на мојот личен егзодус, оној кој ме кревал кога сум паѓала го направам среќен. Нема поважно за мене од сјајот во очите изненадени на саканата личност... Тоа ми е дрога...тоа нема цена....
Сакам да кажам дека 3 работи НИКАКО не треба да ги правиш кога си кнап со време: Да ја црташ устата Да ги црташ веѓите Да ставаш црвен кармин Уште полошо ако си кнап со време, а пробуваш да ги направиш сите 3! Аман жено, подобро да имаш чисто и свежо лице, отколку во 8 часот наутро, додека брзаш за на работа, да шеташ како да те шминкало 3 годишно дете!
Сдк штотуку добив пренајпрекрасна вест -ДРУГАРКА МИ БИЛА БРЕМЕНА !!!! Аххх колку сум среќна за неа !!! ( ке почнат сега да ме гњават мене со најглупавите прашања- вие кога дете... што чекате? време ви е...види си ги другарките и тн... ) Аиии ама плодна годинавааа брееј Да ве почастам
Се чудат странциве што во Македонија младите живеат со родителите...а па кога ќе има кажеш дека има и со дедо и со баба што треба да прават?
сдк сабајле идејќи накај работа прочитав на една зграда напишано “и открив нов свет’ после се замислив колку пати во животот ги откриваме тие светови, и колку пати ни исчезнуваат ни се затвараат ги снемува, и пак нови и така натаму. Убаво е да откриеш нов свет но истиот да остане а не да исчезне.. Друго ми беше муабетот од денеска почнувала официјално есента, е па ај со лесно и убаво..
Епа тогаш дај две Мафиња и ја да бидам хубаХ Да се надоврзам да не пишувам два поста. Пред некое време бев во државна болница,имав некој здравствени проблеми и лежев таму неколку денови.Луѓе Господ да не даде да лежите таму,како прво креветите беа целите исфлекани и испрљани навечер шетаат бубашваби и разни инсекти,никој не те погледнува доктор барав 3-4 саата секоја вечер никој нема, поготово навечер.По еден доктор и една сестра се на цело оделение,за тие денови не добив ама буквално ни еден оброк,а кога дојде време да си платам,платив како да сум бил во хотел буквално. Само едно ке кажам ЗДРАВСТВОТО НИ Е КАТАСТРОФА И МИЗЕРИЈА.
јас уште пред 5 години кога лежев беше катастрофа. Се исто ти како што напиќа. Е сега, јас и немав мака да барам доктор, ама бабичккте што беа со мене едвај можеа да дојдат до него. Кога ќе им речеа мака ми е, овие доктиеиве ајде ништо не ви е. ЗДРАВСТВОВО ПОД ХИТНО ДА СЕ ПОДОБРИ. Од болница излегуваме поболни, од што сме биле
Колку и да се обидувам да сум фина кон сите не ми оди... Не ми е јасно како еден ден сте толку блиски со мене а друг ден само здраво,ќе ти пишувам подоцна и на крај ве нема. Тоа е корист, веќе оформеното мислење не го менувам . Волкот влакното го менува но карактерот не!
На оделот каде што ја лежев имаше 50 пациенти што лежеа,и 20 на интезивна нега што беа,а на смена се како што кажав една сестра и еден доктор.Тоа беше буквален хаос од секоја соба викаа докторе,а доктор нема не доаѓа,епа сеа вие замислете што све поминуваат луѓето во болницата. Не ми е прво искуство во државна за жал,имам многу полоши примери ама не сакам да се присетувам и да се вознемирувам,во таа државна болница изгубив родител,и тоа грешка на лекарска екипа толку имам да кажам.
Добро утро луѓенца Како сте ми? Јас имам работа па сега за пола саат ќе се спремам и ќе излегувам. Само шетам деновиве ваму таму СДК не знаеш каде ти е среќата, најубавите работи ќе се случат кога најмалку очекуваш. Стеј позитив Пробувам да потиснам некои лоши чувства.
Секогаш сум се водела по тоа дека првите впечатоци се точни и највистинити, но во последно време сфаќам дека сум била малку грешка. Да почнам од себеси, на прв поглед делувам како мирна, повлечена, да не речам срамежлива, ама не сум воопшто таква. И затоа луѓето кога ќе видат како се однесувам во опуштена атмосфера се шокираат и ми велат те мислев поинаква личност Периодов стално запознавам многу луѓе, и за голем дел од нив имав многу лоши први впечатоци, кои воопшто не се поклопуваа со нивната личност, испаднаа баш супер,културни и дружељубиви. Се прашувам дали ја изгубив способноста за процена на карактеристиките, или пак можеби секој на прв поглед има различна перспектива за соговорникот до себе...