Сакам само да имам крај себе личност што ќе ми рече ме имаш мене"и не ти е лесно знам,мислиш светот се распаднал,секое лошо за добро е што и да е ќе помине" Ако имате вакви,чувајте ги и за ништо на свет не ги испуштајте од раце,ваквите личности немаат цена Јас немам,а очајно барам,ми треба
Не, не треба да се каам за ништо. Се што сум направила, така требало да биде и сето тоа ме направило мене денес оваква каква што сум. Убави нешта се случуваат. Го барам само она доброто во секоја ситуација. Без разлика што се случува, јас си гледам само на позитивното И понекогаш имам некое чувство и не сакам да го сфатам животот сериозно Сакам да правам некои рандом работи Вај нот?
Многу ми е смешно кога луѓето си коментираат складност на парови во однос на физичкиот изглед; нешто како на пример: таа е дебела, а тој манекен - што побогу видел кај неа?! Или пак, толку убава девојка, а се „запустила“ со таков дечко покрај себе. Мубаетов, нешто ко „може он/она и подобро, убав/а е.“ Се најдов некако индиректно засегната од некој ваков муабет (наводно, според експертите за убавина, требало да си најдам поубав дечко...сирот мој дечко, каде ли само успеав да го најдам таков неубав, куку ) и навистина, почкарт муабет немав слушнато одамна. Tака добро ми дојде од сабајле, што дури си се изнасмеав за цела недела. ...што знаат тие, кога гледаат така без да буричнат под епидермисот. Не им судам, напротив - различно око, различно гледа - тоа (ми) е и повеќе од јасно. А моето око, во него го гледа сето она кое ми треба и однадвор и одвнатре. Па што треба повеќе!? Прекрасно ми е детето, од ножните прстиња (патем, мнооогу мразам стапала и ножни прсти), до единственото бело влакно во косата, кое патем само јас му го лоцирам. Мене би ми било срам некому да му кажам нешто вакво и пре би си го задржала за себе како мисла, а навистина мистерија ми е зошто некои луѓе си кажуваат вакви работи ко да се „проблеми“ од највисок светски ранг. Ако некому му е убаво, зрачи со убаво, без разлика што е неубав. Неубав бе...абе ајде. Навредена сум.
Ударна вест: Расте економијата и падот на невработенста во земјава. Излагам надвор, гледам цело семејство во контењер влезени бараат леб...одам понатаму гледам жена со бебе штотуку родено, седнала на улица и моли за леб...одам понатаму гледам маж со летна тенка облека се тресе на студ, лежи на улица и едвај чека да умре....после, гледам како жена го остави мало дете да седи само на земја и да проси, а таа си замина ваљда на друга локација да проси. Детево (најсила 2 год нека имаше) прво не сфати дека е само, а после почна да гледа наоколу и да ја бара мајка му...мама, мама, мама викаше, не плачеше ама исплашено гледаше наоколу....кој помина го клоцна, кој му остави 10 денари, кој малку леб.... Добро, за медиумиве секој ден 1ви април е? Како смее вакви глупости на тв да се кажуваат? КОја економија, кој пад на невработеност, кои глупости... Германијо златна убавице, ај прибери си ме кај тебе што е можно побрзо Кога ќе си одам само ќе плукнам на земјава и нема 100 години да се вратам овде. Само да заминам побрзо од мизерииве...
Како премногу да сум навикната на лошо па ме плаши доброто. Ме плаши помислата да имаш се и потоа да изгубиш оти се е релативно. Така, најубаво е да си најдам некој баланс. Не сум материјалист па мали работи ме прават среќна.
Да ми е свеќа, желба молкум да испратам. Венец од гербер да нанижам, коса да закитам. Убава да му бидам. Лице да му изљубам. Во тефтер запишав, дека босилек росен во душа посеав. Да развива дур го нема. На него да мириса. Во ноќи сонце да изгрева, дење ѕвезди да собира. Најмалку светлата по мене да ја нарече. Зошто светам само кога него лице му гледам..а без него заоѓам...
Да полетам во душава, заради мој копнеж,моја амбиција,моја заслуга,мој сон.Колку би било убаво. Не знам како, ама некако ќе биде.
Понекогаш и животот не е живот. И сите ми велат: се ќе биде во ред, ама ете јас пак со својата песна. И просто некојпат не ти се живее, ти се иде да оставиш се позади себе и да продолжиш понатака по својот пат. Како некој да ти додева. Како ти да работиш, а други да добиваат. Од страв продолжуваш понатаму...
Ако снема интернет воопшто не се нервирам, некогаш дури и подобро без него секако освен ако не ти е потреба заради некоја работа, следење на информации, ама многу се нервирам кога ќе снема струја или вода, е без тие две ствари не можам да функционирам.
Здраво! Година и половина како не сум го отворила форумов! Само што си ги пролистав мислењата што сум ги напишала низ него. За час се растреперив, просто не можам да поверувам како одново проживеав моменти од минатото. За секунда само. Блиц. И две-три солзи и некоја насмевка неизбежни беа. Да, значи сеуште чувствувам, значи сум жива! Ќе ве читнам, да проверам дали форумов си го има задржано својот дух. Ве поздравувам феминки стари и нови.
Станав личен психијатар на другарка и другар. Нејзе ѝ оправам и љубовни и проблеми со работата, него само љубовни. Ај, аирлија работа. Бар нешто да ми даваа за возврат. Не барам многу де, помфрит од Менада или Горки е доста. Толку многу ме смееа, а и толку многу ме нервираа денес, не знам дали е за плачење или за смеење работава. Да не може човек сериозен да биде.
Секое утро, Мацко гледа белите влака на брадата - белите влакна на брадата го гледаа Мацко, Мацко гледа белите влакна на брадата - белите влакна на брадата го гледаа Мацко, Мацко пробува да корни белите влакна на брадата - не иде боли по ѓаволите, дали Мацко станува постар ? Мацко не старее, тој е возрасен !!! Тие влакна не се бели, тие...тие, станале само посветли !!! Зошто така со Мацко што му фали ? Таа му фали ! Што да му прави таа ? Па да му даде... Што да му даде ? Па како за почеток љубов...и едно 5-6 пати. А дали Мацко и дава нешто неа ? Да, време, љубов и внимание... Дали, Мацко добива нешто од тоа ? Абе пи*кати материна, прашај ги белите влакна за тоа !! Дали Мацко е ретарда ? Спојлер ДА!!!
Имам една другарка, многу ја сакам ама толку е различна од мене, што мистерија ми е како се дружиме веќе повеќе од една деценија. Само што го напишав ова сфатив колку сум стара. ЦЕЛА ДЕЦЕНИЈА! Не ни знам што ми беше муабетот, ама 23 години ми личат страшно.
Сум била во опасни ситуации,многу стравови сум надминала,уште стравот од подвижни скали никако не успеав..си правам експресни филмови дека ќе ме проголтаат и незнам ти што,бруки живи сум кога одам во Скопје или странство,од цела толпа на луѓе само јас користам лифт или обични скали Кога бев Истанбул во еден трговски леле како ме развлекуваше другарка ми и пак не успеа,стравот ми е во коски,а не е ништо филозофија голема знам деама ај докажи ми и натерај ме да те видам Ух,добро е што Битола скоро и да нема никаде од проклетиве скали
Ке ти бидам џебна месечина.Вечно да ме сонуваш.Чекори по калдрмата,веќе и вечните трговци не те паметат,три дуњи утрво,наесен често те замислувам.Ноќи,темнини, нанижани месечини. Талкачи има насекаде,сонувачи,мечти,за три гроша.Во ноќта ја продавам душата за хартија,под фенерите есен. Добра ноќ,талкачи.
МАШКО....колку поголема пи*ка , толку помалку си ги покажува слабостите П.С. Мал женски шовинизам, не е на одмет