Случајно налетав на профилот на "шегаџијава" https://www.facebook.com/KristenHanbyVideos/ и се прашувам дали е се глума за популарност или вистина девојка му останува со него после сите тие ГЛУПИ "шеги" што и ги прави. За мене ова е ретардираност и ми се гади од што го гледам ова гомно, со извинение на изразов, краен стадиум на непочитвање. Јас да сум на женска му на местото ќе го згазам веќе името да не знае да си го каже. Каде оди светов. Не ми се верува.
Не можам да разберам - зошто толку млади, а толку зајадливи? Разбирам и разочарувања и огорченост од се', разбирам дека животот некогаш не' шамара и не' треска од земја... ама зајадливоста кај младите луѓе не можам и не сакам да ја разберам. Најчесто, таквата особина доаѓа во пакет со глумењето жртва, кукањето, обвинувањето на другите за нивната „среќа“. На никој од нас ништо не ни доаѓа на тацна... нит дипломите, нит работата, нит парите, нит врските, нит пријателствата, а искрено, нит здравјето. Оф, па во тоа најмногу се вложува, барем јас вложувам најмногу. Во се' вложуваш, се грижиш за себе, се грижиш за другите. Точно, понекогаш треба да се поклопат одредени коцки за нешто да се случи, ама ти ги одбираш коцките... за кога ќе дојде вистинскиот момент, да се вклопат совршено во мозаикот. Не можам да ви опишам какви работи се случуваат и колку е животот поубав кога прво ќе си посакате нешто добро на себеси, а потоа и на другите. Чуда се случуваат. Оставете ја зајадливоста, нека ви биде вас убаво, нека ве грее вашата душичка, не мора да се труете одвнатре. Да држам лекции за оптимизам, не можам, не сум секогаш позитивна, ни па сакам да бидам. Не е човечки, не е нормално, некогаш ми доаѓа да фанам џаде од се' и од сите. Ама сфаќам дека на крај, сепак ништо не ме кутка доволно силно за да не можам пак да станам. Значи - можам да држам лекции за борба, за истрајност, а најмногу, можам да држам лекции за трудење. Одново и одново и одново, неуморно, се' додека не сум задоволна од тоа како се издлабени моите коцки за редење. И помагајте, луѓе, помагајте им на другите, се враќа. Дали ќе ислушате некој, дали ќе дадете нешто, дали едноставно ќе се помолите за некого, дали ќе направите нешто на некого... Поврзувајте луѓе едни со други, запознавајте ги, ширете си ја мрежата на пријатели. Помагајте на тие на кои искрено им треба помош. Се враќа, ако ништо друго, се враќа во форма на позитивна енергија. Ништо не ме усреќува повеќе кога некој ќе ми каже дека сум помогнала или кога ќе ми каже дека благодарение на мене се решил да направи нешто. Последнава година немаше поле на коешто животот не ме кутна на колена... Ниту едно, единствено поле не остана недопрано. И мој беше изборот што ќе правам. Искрено, тешко ми е некогаш да се издигам од кревет наутро, некогаш ми се плаче, некогаш пак, не ми се ни плаче... ама по некој ден, сфаќаш дека е петпати потешко да седиш и да не правиш ништо. Ама сега, си седам, денов е убав, кафето ми се погоди, музиката на радио е одлична... се погодија и некои други работи... па си викам... лошава година и не е така лоша. А и крајот секогаш може да не' изненади, нели?
@Prijatelot и @ninorta ми ги зафатија најомилените игри. А јас неќам да им се мешам баш се размуабетиле, да ми кажат кога ќе завршат..
Za da gi spasime tugjite zivoti, ke si gi izgubevme nasite. Ok e, sega site sme zdravi I zivi. Fala Bogu.
Најјакото нешто што ми се случило во истотијата на моето школување, се случи токму денес....Имено, зборувам со библиотекарот во врска со распоредот, му кажувам ако нешто дознае за еден предмет да ме извести и тој ми го дава неговиот број. Го запишувам јас, и му викам: А јас да ти дадам? Тој враќа, па дај ми.... Во истиот тој момент влегува асистентката со која што "НАЈМНОГУ" си се сакаме и нему му вика: Шо да ти даде? Леле извинете да не сметам? Хаха, само да зиам нешто и искачам одма (баш со шмизлински скопски акцент кажано)... Тој се насмевна, и рече : број, број да ми даде... И пак таа се насмевна и рече Ај да не праиме гужви... Хехе... Човече божјо, дали штотуку асистентка направи зезање со ДАВАЊЕ, на сметка на студентка т. е. мене и вработен на факутетот? не ме чуди сега да излезат муабети.... Инаку зошто кога ќе се зачлени некој на форумов мора на сите теми со ред да пише по едно зборче, пример: Да.... Не.... Хехе еден.... Леб..... Жолта... И јас.... Крстијан....ок.... Не, не....
Вчера бев во црква како што е редот(иначе одам често во црква) и имаше гужва,значи девојки ве молам да се свестите,нашминкани,во миничи стегнати,зборуваат на телефон во црква,бацуваат икони со кармини,се кикотат како недај боже нешто во мозокот да им фали,дотерани како на свадба.Искрено незнам повеќе ни што да мислам ни што да кажам. Само едно знам тонеме и како народ и како држава.
Разумот и срцето не ми се согласни за една одлука. Разумот говори затоа што е исправно и како да се постапи, а срцето ме завлекува настрана кај она што го сака, ме носи кај тие прекрасни плави очи кои неизмерно многу ги сакам. Некои исправни одлуки се носат за доброто на сите и постојат за да ни го скршат срцето. Вистинската вредност на работите ја дознаваме откако ќе ги изгубиме. Па така и јас се одлучив за крај, се одлучив да помисли дека ме изгубил само за да го сфати значењето на мојата љубов, солзи, да сфати што навистина изгубил заради површно телесно задоволство. Не е его во прашање туку гордост и самопочит која се трудам да ја задржам спрема себе.
СДК дека Македонија ќе стане пристојно место за живеење тогаш кога граѓаните кога ќе ги прашаш , нема да знаат кој е Мин за финансии, кој е Државен секретар во Одбрана и слични функции. Како се се менува со брзина на светлината, гледам дека се приближуваме кон пристојна држава
Од сите муабети за кои може да се прави муабет мене ми се обраќаат во врска со едно мислење за еден гледач..... во 21ви век жените само тоа ги интересира. ај јас одам да си се подобесам
Многу сакам да се поинакви некои работи. Сакам повеќе од она природното кај луѓето. Доста од вештачко понашање, доста од глумење. Порано, ко помала имав некоја навика веднаш да се приврзам за луѓето. И оние што ги знам кратко, се врзував за нив веднаш...и многу се растажував кога ќе морав да се разделам од некои личности. Созревајќи секој ден се повеќе, сфаќам колку сум грешела. Јас и да сакам да сум истата, околинава ме принудува да бидам поинаква. Не можам да верувам никому, не можам да се приврзам за луѓето, и ми станува сеедно кога некој излегува сосема поинаков од она што си го мислел. Порано ме болело... сега воопшто..едноставно сеедно ми е. Не сакам да е така но, мора.
Инат да ама за мои планови да ми велат нема да успееш само филмови си правиш , ццц , со тоа уште повеќе ме мотивираат да успеам и да им покажам дека можам јас.
Не е зa смеење ситуaцијaвa, aли ме нaсмеa. Шетaме сo другaр низ Центaр и еднa рoмкa седнaтa пред aптекa му бaрa пaри oвoј и викa неaм. Јa пoминaвме улицaтa и ѕверoт ми викa "дoбрo бе брaт, нели ме нaучи oвaa декa немaм пaри секoј ден пoминувaм тукa"...aли сo еден речиси плaчлив тoн уште дa рече, зoштo јa дa и дaдaм пaри oнa некa ми дaде
Најдеш работа, трпиш, се прилагодуваш, си велиш ајде добро е имало и подобро денови, на крај некој ти звони над глава, те навредува, напушташ. Да си ми жива и здрава Македонијо, спасот е надвор од тебе.