Брилијантна поента. Има секс клан, клан на тие околу 40 год., младински клан, религиозен клан, оговарачки клан, еротски клан, детски клан, клан на сезнајковци, клан на невини, клан на светици, порнографски клан итн. Се надевам добро погодив и барем 90% од членовите на форумов се во некој од овие кланови. Дозволено е членство во повеќе кланови. Инаку секој клан колку што знам има лидер(ка). Ако сакате да уништите некој клан, тогаш најдете им ја лидерката и елиминирајте ја. Нормално, немој стварно така да направите па после јас да сум обвинет за поттикнување на насилство. Кафе муабет. Goooooooood morning ladies & gentlemen.
Многу пати во животот сум се разочарувал,но никогаш нема да престанам да си го живеам мојот сон.Бидејќи е само мој сон,и се борам работам да го остварам целосно,џабе пробувате да ме бутнете Божјата љубов е преголема во моето срце и душа.Жал ми е за вашите комплекси што ги имате кон мене,знам дека сакате да бидете на мое место сега,но неможете затоа и тонете гниди.
@Mr.Awesome не. Три главни клана постојат. Изгледа не си ги забележал. Како и да е... да не навлегувам во детали, кој како сфатил.
Епа не знам не сум ги забележал, тазе член сум, уште “учам“ кој во кој клан е хаха. Сепак можеш да ме просветлиш ако сакаш. Пиши ми ги клановите и опасностите од секој клан + ако им ги знаеш лидерите. Во пп освен ако не сакаш јавно да им декларираш војна.
100% За мене пп се светост, остануваат само меѓу мене и личноста + администраторите ако шпиунираат. Сметај исто како да се исповедуваш пред поп. Има божја должност да молчи за твојата исповест. Да си немаш никакво гајле, можеш да си ја исповедаш душичката.
@Bitter-Sweet ти оддели се од сите, не припаѓај на ниту една група. Така ќе бидеш повпечатлива и ќе делуваш единствена и независна. Ќе те опишуваат со: искрена, уникатна и природна. А за другите, не грижи се, не можеш да ги смениш, само можеш да го смениш твојот поглед на нив и нивните постапки. Инаку, луѓе, нели се сончевите утра најубави?
ПМС - кога не знам шо сакам, не знам шо нејќам,ми го нема тоа за виткање трепавици,дали има вонземјани,зошо ми се обраќаш така и зашо ќутиш? -твитов кажа се што сакав ја да кажам.
Ги обожавам сончевите утра со искрени топлотни зраци кој што се брануваат низ небото и дрвјата, свежиот воздух и енергијата за утринското кафе или какао покрај прозорец, тераса, двор или кафич, небитно.. битно е кафето и доживеаните негови емоции при талкањето низ нашите сопствени мисли во тишина и релаксирачка средина. Има денови кога токму малите нешта како кафето или испиениот чај небитно ми ја враќаат таа енергија и слободоумност во себе си. Се присетувам на ланските денови кога во раните утрински часови додека лисјата безгрижно паѓаа пиевме кафе и се смеевме побезгрижно од било кога со фини луѓе и лепо друштво.. Утрата се убави, исто како и сите нас со свои емоции и заноси, дал е врнежливо дал е сончево или ветробито се тоа носи една приказна за себе како времето и натурата така и човекот..
Сонце во мојтеее руси косииии.. Уште ангел што љубов ми носи, ми фали и ќе бидам комплетна. Не е ист животот без љубов, не е иста енергијата, не се исти утрата, нема пораки што со уште нерасонливи очи ги читаш, ни добро утро, ни сончевите зраци не топлат со истата јачина. Ни чувството кога срцето ќе ти затрепери на некој стих, ни кога имаш радост која сакаш да ја поделиш. Ама се живее... Се наоѓа волја и мотиви и по некој зрак надеж. И така секој нов ден. Со нов почеток.
Ова кажи им го на членовите со кои си се дружиш, тие кои се зачленија/активираа во последниве 6 месеци и истите тие мразат муслимани, геј бракови, шират тероризам и слично.
Сакам да кажам т.е. да прашам зашто луѓето кои најмогу дискриминираат, навредуваат и кажуваат што им е на памет, без оглед на последиците и болката која ја нанесуваат на другите, најмногу се навредуваат ако некој на нив им каже што мисли за нив? Зашто се повикуваат на правото на слободен говор и мислење, а не го почитуваат туѓото? Дали е поради тоа што им е лошо на душата, па наместо да си го решат проблемот со лицето кое ги повредило, болката ја истураат на други, затоа што така нема да сносат последици? Дали е така затоа што се немоќни и исплашени? Затоа што се очајни, па сакаат и другите да се чуствуваат така, за да не бидат сами? Можеби, ако престанеш да сееш лошо, туку да сееш добрина и љубов, со убаво и ќе ти се врати...