Читам некои стари твитови и гледам дека сум си ветила дека во 2016 ќе бидам посебична и повеќе ќе се грижам за себе, а и нема да сум пречувствителна. Епа при крај на септември можам слободно да кажам дека тоа беше еден огормен fail.
Попладнево спремна да си одам накај дома, земам ташната, кога гледам на биро колегата ми оставил порака. И читам: Ана, те молам скенирај го дописов и пуши ми го. What??!?!!?!?!?!!?!! И после некоја секунда сфаќам дека напишал пушти ми го... по мејл... Си викам уморна сум, башка он лош ракопис има, а колегите: Не, не, dirty mind имаш, тоа е работата
Оф што уште нема да види човек на фб, желни за внимание па се тагнуваат во полициска станица или уште потрагично во болница па се сликаат со инфузија во болнички кревет.Ок срцка ќе ти се смилуваат типците пошто ти нели принцеза болничка.
Луѓе морам да бидам посилна. Ова не оди веќе вака. Потиснувам чувства. Доста ми е од ова лигавење. Ставам крај. Што се мора се мора. (звучи како да зборувам за врска ама не, да не се сфатиме погрешно)
Излегов да се релаксирам, да се посмеам со сакани и блиски. Позади мене кола брза помош. Звукот не го можам , се тргам... На Првомајска прегазен пешак. Лоша слика. Аманннн до кога ?!?!!?! Возачи на автомобили, велосипеди ,мотори, пешаци , аманннн , свестете се !!!! Ми е став веќе кога ќе кажат на вести колкав е бројот на загинати во сообраќајни несреќи. Не ви бега автобус, состанок и сл. Ја не знам како да се крене свеста веќе ?!?!? Да му е страв на човек во кола да седне зад волан или улица да помине.
Пред некое време пишав тука дека слушнав постар човек што ја мразел внука му пошто била женско, епа сега слушнав една подалечна роднина дека не им било баш по ќеиф што им се родил внук. Тие имаат 4ца синови, а ова им е прво внуче во животот, епа госпоѓата сакала девојче па затоа не биле посебно среќни. После толку синови, заслужувале женско Стварно го слушнав тоа? СТВАРНО? Епа ајде фрлете го бебето тогаш...Добро бе кај живеам јас? Каде??? Други луѓе што често ме наведуваат да си го поставам пак прашањето: Кај живеам јас по ѓаволите???... Се комшиите, нормално. Прееска дојде братучед ми со кола да ме земе, а тие трачарките виделе низ прозор, ама пошто не го познаваат него си помислиле дека ми е дечко. Седнати 2-3 трачарки и сега се мислеле кој е тој. Па пошто многу им е битно во нивниот мизерен живот да знаат мене кој ме зел во кола, не можеле да издржат и едната од нив пошла кај мајка ми да ја праша Демек на гости и дошла и индирекнто ја прашала.... Значи страшна работа се сите. По 50 пати во текот на денот одат една кај друга на кафе. Среќа мајка ми не е таква инаку јавно во весник ќе се откажев од неа. Јас такви личности не можам да ги поднесам во никоја смисла. Додуша мајка ми си ја гледа работата, а тие немаат друга работа освен да оговараат....па така да, не знам ни јас што очекувам од личност што седи 24/7 во двор и гледа кој каде оди....Мислам корени имаат пуштено пред куќа кај нив. Македонија, Србија, Бугарија се најзаостанти земји, т.е. цел балкан е таков ама овие плус и Турција....Туку барем Бугарија влезе во ЕУ ама ние не се мрдаме од место и нема ни да се мрднеме. Е додека постојат такви случаи на луѓе, и како првите со полова дискриминација, и како вторите што живеат за комшиите...не очекувајте да пркне државава. Толку има сељачки корени во државава што мислам дека и 100тина години се малку да се опраи. п.с. додека сите нормални повозрасни луѓе спијат оваа време, мајка ми седи до мене и ми кажува нешто а јас си пишувам овде и не ја ни слушам и реков да си легне пошто е касно, па ми се налути 30тина секунду ќутеше...и ете ја сега пак....
Тајната на добриот потпис е пенкалото да не се одели од листот СДК Солта и биберот во карактеристиките на различни нации се всушност нивното право лице. Спојлер: Кога сме кај солта... Одамна си немав варено чај со шеќер(или кафе, бидејќи најчесто пијам 3во1) па прееска таман да си ставам шеќер во чашата ми текна на стихот "Sugar, yes please" и си викам вака ко ќе те прашат дали сакаш шеќер(а сакаш)само му ја пушташ песнава мрзоволно и се знаијт вече шо треба
После моите преместени постови кои не биле соодветни за овде, а јас знам зошто овде ги ставив а не во друга категорија но добро, еве ќе пишам... Во животот важно е... да имаш некој во чија прегратка ќе го најдеш својот мир тогаш кога твојот свет се руши. Во животот важно е... да имаш некој во чии очи ќе се видиш себеси како во огледало. Во животот важно е... да имаш некој кој верува во тебе и тогаш кога ти се сомневаш во себе. Во животот важно е... да имаш нечија рака што ќе ја држиш. Во животот важно е... да имаш некој што ќе те испраќа кога одиш и ќе те чека кога се враќаш. Во животот важно е... да имаш некој што ќе ти посака добро утро, убав ден и слатки сништа. Во животот важно е... да имаш некој кој ќе биде тука и тогаш кога сите други ќе те напуштат. Во животот важно е... да имаш некој што ќе те води тогаш кога тебе ќе ти се замагли видот и ќе го загубиш правецот. Во животот важно е... да имаш некој што ќе ти биде светлина тогаш кога си во мрак. Во животот важно е... да имаш некој што ќе ти каже, Јас ќе ти помогнам. Во животот важно е... да имаш некој кој нема да бара од тебе да се промениш а сепак ти ќе се промениш заради него. На добро. Во животот важно е... да имаш некој кој ќе те држи далеку од пороците и од лошите постапки и дела. Во животот важно е... да имаш некој кој ќе те земе во раце и ќе те носи кога ти ќе се измориш. Во животот важно е... да имаш некој со кој ќе делиш не само среќа и тага, туку и се што поседуваш. Во животот важно е... да имаш некој кој те има тебе во своите молитви. Во животот важно е... да имаш некој кој секогаш ти предизвикува насмевка и прави да го сакаш животот.
Не знам за други ама мене не ми е комплимент кога ке ми кажат дека личам на 18годишна жими свашта ке се истетовирам на чело 90та Сакам да си личам постара убаво ми е што сум постара
Бисери за расипани умови од мајка ми, татко ми и останати повозрасни членови од мојата фамилија...Стварно не знам зошто се така ми се слуша ама двосмислено ми зборуваат луѓево дефинитивно... 1. Ова веќе секојдневно е: Мајка ми: Сврши? (за некоја работа) Татко ми: Свршив.... 2. Татко ми и се обраќа на мајка ми: Оди види дали јајцата ми се топли....(вареше јајца) 3.Иста сцена од погоре: Ај дојди излупи ми ги јајцата.... 4. Мајка ми: Ми го стави ли?...или ...Не ми го ставај така ...... (мобилниот на маса и го фрли) 5. Мајка ми и се јавува на баба ми: Еве уште еднаш да го стави, ако свршиме ќе дојдеме......(за телевизорот пробуваа дали чинел) 6. Тетка ми: Не можев да се заситам, од сите им ги излапав ....(гладна била и на сите им го изела стекот) 7. Баба ми: Кога ми го закачи, ми идеше да запеам од среќа ....(со месеци кукаше за огромен ѕиден саат, па кога и го наместиле (закачиле) била среќна). Кога се изрази така мислам дека позеленев од смеење Абе будалчиња мои, после јас сум имала расипан мозок Туку не дај Боже да фатиш работа со мајстор. Прво те лаже кога ќе дојде, второ кога ќе дојде лом прави низ дома, трето за 20тина мин завршува, а после 2 саати пие ракија и кафе со татко ти п.с. Време е еден асален шопинг да направам. Доста седеше стипендијата...Прво на едни патики им фрлив око, кошулче, џемпер, малку козметика, и плус за бебулето нешто, а ако ми остане време и ташна да видам... п.с.2. Викаат кога си тажен, појди купи си нешто и ќе ти помине. Па ајде баш да видиме...