Некогаш човек треба да си се стави себе си на прво место. Т.е почесто де. Доста е угодување на други.
Си имав стар профил на Фемина ама си ја заборавив лозинката. Морав да си направам нов и да си кажам што ми лежи на душава бидејќи на луѓето колку и да им кажуваш само ќе ти се ситат и ќе ти велат „Се ќе помине не се нервирај„ . Денеска е претпоследниот ден од службениот престој на дечко ми во Скопје. По тешко ми е сега отколку кога замина, односно првиот ден. Сега знам дека за помалку од 48 часа ќе бидеме заедно и исчекувањето ме убива. Откако сум станата (10 часот и нешто) до сеа испив 4 кафиња и ја започнав втората кутија цигари. На ваков убав сончев ден, последниот од оваа недела, јас седам дома и кубам коси од нетрпение, а планот ми беше сосема поинаков. Како ќе помине денов не знам ни самата.
@corapka Zdravo staro nova Devojkava na avatarov mnogu mi licit na @Rose96 , taa si toa ili si nejzin fan? I dali voopsto e taa, poso od mobitel sum I mozda mi se pricinvit samo. Ako nisto od ova nekjes da mi otkries, ok e, ke pokazam razbiranje I ne te isprasuvam * nemozev, posilno bese od mene* Sdk...pocnav da prevzemam seriozni merki za svadbata
Кога ја разгледувам темата Вашето козметичко катче низ лични фотографии со оглед на квантитетот на козметички производи што се постираат, а посебно шминки, констатирав дека како припадничка на понежниот пол толку многу ги користам што би ги потрошила само во учество на маскенбал
Сдк Вие родители што сте турени од пари Што им дозволувате бесни коли на вашите дечишта Скапи телефони Полн џепарлак Не им правите никаква услуга Живи дебили ги направивте
Мудрости на денот, колку да се шкртне нешто. Во глава ми се врти една доста добро позната стара изрека која гласи: "Силна жена е онаа која е сакана, додека ранлива и лесно кршлива е онаа која сака". За вас не знам ама јас сум спаѓам во вториот тип. Туѓа среќа секогаш поголема, туѓа несреќа секогаш помала од сопствената. Моментален љубовен статус Љубав не зна за године а Богами не зна ни за мене.
Сакам да кажам дека тешко е да се убедиш дека се ќе биде во ред кога животот решил притаен да те остава да грешиш и после долго време те потсеќа на тие грешки во груба лоша форма, безнадежна. Некој од горе сака да ме лиши од најголемата среќа во мојот живот, а јас не сакам, не...
Прееска се деси најјаката реакција на сообраќајна незгода. Одиме пешки со другарка и братучед ми, и таман да преминеме улица, пред нас се чукнаа две коли, ама не беше толку тоа страшно колку што беше страшен звукот на кочење...и во тој момент како што беше до мене, рефлексно, другарка ми ми ја фати мојата лева града т.е. цицка и почна силно да ме притиска и да вика: Иииии срцето ќе ми излета. Јас наместо да ја турнам од мене, зедов и ја галам раката и и викам смири се де аман...и така одиме по улица, таа ме притиска по гради, а јас ја галам по раката Братучед ми занесен во колите, туку одеднаш се освести и ни вика: Што праите бе? Понатака да не коментирам....стомакот ме боли од смеење....кој не виде по улица кој знае што помисли. Туку...Што ќе се случи со тие личности што секој чекор си го означуваат на фб, во случај ако се уништи фбто? Одиме по невестата... свадба е голема...си ја зедовме.... ни ја зедоа....ни го дадоа....свадба прв дел... свадба втор дел...алооо на фб си или правиш цедиња за по свадби? Па некои подалечни роднини појдени на свадба и пишале: Ни ја зедоа... Кој ти ја зеде бе чоек? Си ја видел само еднаш невестата ко имала 4 години, уште во гаќи мочкала и осмици во пепел со газот правела, и сега после 20 години си и пошол на свадба, па уште пишал ни ја зедоа Да речи татко и нејзин дека му ја зеле ај, ама ти бе? Трет бртучед на сватот од по золва...битно му ја зеле невестата.... Или... Се роди сонцето Ана...Ана ја земаме од болница...Јас, бато и Ана одиме дома....Ана се покака....Ана има жолтица....Ана цица....Ана го удри главчето....Првата насмевка на Ана....Првата мочка на Ана... Млада мајко, а додека го објавуваш се ова да и посветиш малку внимание на соцето Ана, може ли? На се има почеток и крај, тоа е сигурно, па едвај го чекам крајот на фб и реакциите на луѓето што се опседнати со него....уствари чекај, кај ќе ги видам реакциите и објавите за тоа колку се потресени ако нема фб? Еј сега и мене паника ме фати Сите на форумов ќе дојдат??
После капење треба една широка прегратка ,бакнеж во чело и мир во душата.Галење и гушкање 24 часа. Кога би ја имала таа волшебна прегратка...
Офф топик али нема везе Инста сама го умрев , а фб во кома ми е моментално Ств веќе одвратен стана. Како ја да сум пишала ова се...
Oci moi sokolvi Slucka od pred 10 min Jas: A sho mi se jade nesto blagicko... Baba mi I majka mi vo ist moment : Baba mi : Ete smokvi Majka mi : Ete ti grozje Po ne cela sekunda komsikata: Sakas jabolko od pazar? Luge, jas ovosje li rekov deka mi se jajt? =.=
Добро е, барем овошје е. Јас знам еден виц, кој впрочем можеби е по вистинска случка: -Мамоооо, ми се јаде нешто благо! - Ете сине во фрижидер имаш благи пиперки.
Кога човек ќе впери прст кон некого, би требало да има предвид дека останатите четири се вперени кон самиот него.
Лелеле колку глупи статии ќе прочита човек.Наслов трагедија директор на фирма падна по скалими се идеше да лупнам коментар го стигнале клетвите на вработените пошто не им дава плата ама ај си поќутев.