Да пуштиш нешто не е знак на слабост туку на храброст. Потребнo е многу сила за да задржиш нешто но уште повеќе за да го пуштиш.
Посеизгледа лошо е човек да не е злопамтило... да си памти и да си врати со исто кон другите треба. Or not?
Се запознавам со еден дечко, фин, културен, вреден човек... си разговараме веќе некое време и од едно на друго дојде на муабет колку бил темпераментен и избувлив. Добро си велам, секој си има жута минута, ништо страшно, секому се случува. Но, дечково си продолжува во полна пареа да си раскажува ситуации во кои бил агресивен и физички се пресметувал, со таков тон - чиниш тоа му е најголема гордост. Си велам - дали мисли дека во моментов сум импресионирана? Демек во стилот, силен е, може да ме заштити од неволја? Дали не сфаќа дека почнува да ме фаќа страв да не добијам некоја лактица ако му згазам на живец? Или тоа му е целта, да не ми се допадне? Ако му беше таа - дефинитивно му успеа. (Физички) конфронтации - не, благодарам. Останав без зборови, уште си се чудам ...
Тоа е тоа.Животот треба да го прифатиме таков каков шо е....Треба се измениме себеси ( барем јас за мене велам) или во најмала рака да се прилагодиме,психички.Менување перцепции,барање решенија,компромиси.
Уф колку е тешко да си политички коректен во некои муабети. Никогаш не би оставила свое малолетно дете за маж или амбиција и да заминам на крај од светот. Некој ќе рече, ама да, но мајката да е среќна, среќно е детето. Па зарем на мајката не и е среќа детето? Нели и е поголема среќа од се друго? Ок, да, правиш работи што те исполнуваат, ама да си го оставиш детето на долго, а можеби и засекогаш? Изгледа само ја идеализираме мајчинската љубов дека е некаква, па ја користат како алиби и некои кои не сакаат да си признаат дека во нивниот живот они си се единствена најбитна работа. Еве се трудам прв пат да ќутам...скокотлива тема...
Кога претерувате со алкохолот па макар ве фатило и од две,не се изложувајте на социјалните мрежи. Ради вас,за гледачите не шкоди.
Порок е за добар провод... Некои го кажуваат тоа толку гордо, а се губат самите во смислата на зборот
Дури и просјакот знае на која врата да помоли за милосрдие, А јас уште не научив на која врата што може да се добие....
Да ја забранат и албанската музика во Македонија под итно! Се нека забранат, после да се криеме со телефоните и слушалките како криминалци.
Живини, здрави, со насмевка на лице моиве домашни... Не постои друго нешто што би ме направило посреќна. Нема пари со кое може да го купи човек ова.
Фамозното Сакам да кажам дека .... 1. Иако ова е моето последно мислење на темава не значи дека ќе ве оставам тажни. На вас останува колку многу ќе се смеете 2. Моите другари и блиски велат дека сум најдобар гостин во куќа затоа што ич не правам арч. Не пијам кафе, газирани и густи сокови не конзумирам, алкохол воопшто не сакам да биде сервирано, грицки и други ствари како empty sugar не преферирам. Само вода. That's why they love me so much 3. Кога отвораш прозор да проветриш, воздух влегува или воздух излегува !? 4. За мене без мене НЕ ! 5. Да имав девојка од Америка ќе и купер француски парфем, Тоа ми е неостварена желба за ова лето. 5. Ве подзамислив малце со 3тата точка !? 7. Јас сум единственото машко кое обожува да моча седејќи !! Заради тоа другарите кои го знаеја овој факт ме нарекуваа женско.. али во меѓувреме налетав на научно истражување кое вели дека поздраво е да се моча седејќи, so guys go fuck yourselves !! 8. Бидејќи е мојот последен пост на темава се двоумев кои од овие 2 теми да биде застапена: 1. Weird things about me или 2. Weird questions. но сепак се одлучив за рандом ствари како и вообичаено 9. Поркај сите овие досегашни точки комотно можев да бидам твитерџија. 10. Кога некои членови ќе ми кажат дека сум филозоф, тогаш во самоодбрана така ми доаѓа да изфилозофирам нешто што навистина ќе помислат дека сум филозоф. 11. Колку изнесува 1% од 25% од 100 !? 12. Дали ако на 3ти Ноември 2015-та година беше сончево тоа значи дека и оваа година ќе биде така и зошто не !? 13. Ако авион се урне на Македонско-Бугарска граница, каде ќе се закопаат преживеаните !? 14. Зарем почнав да ви поставувам прашања ... 15. Живееме во опшстество, опкружување, времеснки простор каде што секој на секого му соли памет. 16. Читко реши да се ослободи од мозокот и да им се препушти на емоциите. Тоа е една од причините за неговото повлекување. 17, Why was "6" afraid of "7" !?!?!?!?!?!? ...Because 7 ate (eight) nine. Инаку да, ја 6тата точка не се појави во мојата листа. Останете во добро расположение Ваш Читко ! ПозЗ3³ ®
СДК дека животот е премногу краток за да се помине со луѓе кои ги чекате да направат нешто за да почувствувате среќа и спокој. Не можам никој да чекам. Ако сака да е со мене ќе биде кога јас ќе сакам, а не кога тој ќе има време. Денес вртам нов лист. Време е за промена. Од денес сум старата јас
Не сум сигурна зошто ми солзат очиве, дали заради тоа што сум квалитетно настината или заради тоа што сум нешто посебно емотивна денес
Не знам како не им се здосади на луѓето да упорно бараат нешто скриено во муабетите на другите, да упорно си го чуваат грбот, упорно анализираат, мерат, премеруваат... мафтаат со прсте кон секој друг. Та, нели си го вртат некогаш тоа прстето кон себе, кон таа паранојата што ги јавнала?! На нивно место, јас на глава ќе си го ставев. Ама јас. Можда и вие де.
Имам една тетка многу си ја сакам како мајка ми е таа ме порасна. И мене и брат ми. Има остеопороза. Во летото падна си ја скрши ногата на две места беше во гипс до горе. Во петокот се подлизнала дома си ја скршила раката. И то мноооогу. Гипс. Вчера вечерта да се лизни пак да падни на другата рака- на два пати скршена. И сега е во два гипса на двете раце! Мажот му ја рани, му дава да пие, ја носи во вц. Загреотичка. Срце ме боли. Арно со толку помина. Не знам како паѓа вака, ќе му прават испитвања сега со притисок, крв, шеќер да се види од шо му се привртва.
Преубаво е да го пешачиш Водно во недела. Уживав иако бев сам. Надоле пробав да се прошверцувам во жичарата и обезбедувањето ме фати и ми вика извади си карта ако немаш...и немав. Страшно ме мрзеше да се симнувам... Иначе се е слатко кога си таму горе
Некој на едноставен и убав начин го кажал веќе тоа што сакам да го кажам - на многу личности во денешно време што обожаваат да докажат дека се чувствуваат навредени за секаква ситница...