@macka91 Пореално не можеше да ја доловиш и опишеш моменталната ситуација на нашиот народ,солзи ми надојдоа додека читав,животот е една голема борба и неправда... Ти се поклонувам и капа ти симнувам за постот
Ме нервираат типови како татко ми. Човеков се плаши од промени, се плаши од ризикувања, се плаши и од најмалечки авантури. Сака цел живот да му е монотоно околу него. Се плаши дури и нов рецепт да проба. Ќе најдаме нешто ново по интерент, ќе го направиме, и му е страв да проба...Може немало да биде убаво, може немало да му се свиди...па како ќе знаеш какво е нештото ако не го пробаш? И за облека, и за мобилен, и за кола...се плаши да промени стил. Толку не сака промени што дури и маска на телефон не би сменил... Ризикувањето е строго забрането....се по правила и прописи. Додека тетин ми и братучетка ми се луѓе што секој заслужува да ги има во животот, барем на одреден период. Полни со енергија, позитивни вибрации, авантури, непредвидливи работи... Им текнува одеднаш ајде спремајте се заминуваме во Охрид на прошетка...му текнува на тетин ми зел нова кола...му текнува сменил 4000 телефони за еден месец....им текнува да ризикуваат, отворија дуќан, не е битно дали би им одел бизнизот или не, битно тие си пробаа Ти ги мислиш дома се, а тие веќе пошле некаде, се вратиле и пак заминале...или братучека ми ја праќаат по леб, таа заминала во соседниот град на кафе и се вратила Јас не би можела да го издржам тоа темпо цел живот, ама како што ги гледам нив двајца ретко, па можам да се вклопам на неколку дена Убаво е да ти се случуваат такви непредвидливи работи некој период... п.с. Јас не сум јас, ако не видам нешто што не треба во текот на денот. Јас не сум јас, ако не се пикнам по мали патчиња за да скратам од големиот пат. Па така прееска кратев од патот кај што нема живо пиле, и гледам 3 ромчиња деца седнале, најсила нека имаа 8-9 години. Дишеа од кеси лепак ваљда, не знам. Трoјцата беа машки, еден до друг седеа, и на тоа дете на средина му беа соблечени панталоните, а другото дете му правеше handjob додека третото си гледаше во небо и ја држеше кесата....деца беа, ДЕЦА.... Прво мислев не видев убаво, ама сепак тоа беше во прашање....Зар и тоцкави деца имаат сексуални нагони? Среќа бев подалеку, па ми идеше да летнам за побрзо да избегам...очите ме заболеа што видов
Немам клуч од мојата соба. Изгубен е. Никогаш не ни побарав да ми направат нов. Затоа, единственото место каде би останала сама без некој да се втурне внатре е тоалетот. Многупати кога бев тажна, и кога работите стануваа уште полоши, јас ќе се затворев во тоалетот и ќе плачев. Гледајќи во огледалото, ги набљудував моите очи како стануваа сјајни кога солената течност во нив се зголемуваше. Не сакав да ги пуштам солзите, не затоа што глумев храбра и непобедлива, туку затоа што си го сакав сјајот во очите. Но, потоа солзите ми го заматуваа погледот па морав да трепнам и да ги пуштам. Колку пати си помислив дека сум преубава менувајќи го погледот де на едното, де на другото око. Со влажни образи, пуштена коса и изгрицкана долна усна, во тој момент, изгледав убаво. Знаев дека грешам некаде, дека плачам за "ништо". Знаев дека сум посебна и единствена ваква каква што сум. И тогаш, вдишував длабоко и на девојката во огледалото се отцртуваше слаба насмевка. Земав тоалетна хартија за да си го избришам лицето, но најчесто солзите беа веќе пресушени. Не се сеќавам кога и зошто последен пат се затворив во тоалетот за да плачам, и драго ми е поради тоа. Многу, многу драго..
И тоа можеби треба ама и карактер е во прашање. Не се богати тие, просечно семејство се. Плус кредити имаат за дуќанот што го отворија... Тетин ми купува коли и ги препродава. Ќе купи телефон, ќе го продаде, па со истите пари нов ќе земе...едноставно ги превртува истите пари. Денес му се во џеб, утре ги дал, па пак така... И бара коли со плин, за да може поефтино да помине. Ќе наполни за 1000 денари плин (ако треба на заем ќе ги земе), и ќе појде и ќе се врати до Охрид. Таков си е човекот. Го кажува тетка ми дека уште од млад си е таков. Не може да седи на едно место, и еве постар е сега ама ист е останат. Ако е за пари, татко ми државно работи, па МОЖЕБИ (не знам) плус некој денар зема од него, ама ете не е таков тип. Кај него важи мотото: Кола, мобилен и жена не менувам.... и никако не се менува човекот.
Сдк дека ова ми е втор профил овде после две години пауза и огромни пресврти во мојов живот поради кои и се повлеков од фемина.. не знам ни што да напишам веке, укочен ми е мозоков од многу непотребни информации во последно, така да само ке ве поздравам и ке ви посакам убав ден на сите. Ке се дружиме овојпат на подолго, дефинитивно.
СДК 1: И пак разделби, знам дека никогаш нема да завршат. Затоа пробувам да не ги поднесувам толку емотивно и со плачки ко порано. СДК 2: Колку беше убаво порано, ќе се соберевме сите роднини па ќе одиме кај баба ми на ручек скоро секоја Недела.... А сега? Катастрофа... некои работи тргнаа како што не треба па така не сме се собрале не памтам од кога. А колку би сакала. Ама денес знаете, никој нема време. СДК 3: Верувам дека секој од нас го чека она најдоброто што може. Престанав да се грижам одамна. Човек на се ќе се навикне, па макар и далеку од дома , во некоја туѓа земја..морам да гледам на се исклучиво позитивно, ако сакам да сум среќна во животот Имајте пријатна вечер
Сакам да се радувам пак на утро во кое на училиште нѐ пуштиле порано од прва смена и во тие уште претпладневни саати случајно на некоја телевизија по 1432758 пат ќе го фатам истите епизоди од Том и Џери... Сакам најголема дилема и избор да ми биде за една од неколку играчки во продавница што треба да ја изберам да ми ја купат моите... Сакам пак единствен тип на ситуација во која треба да се објаснувам и правдам да биде кога мајка ми ќе примети дека сум изгребала или скршила нешто чепкајќи низ предметите дома од онаа невина детска љубопитност... Сакам моето познавање за злобата, љубомората и способноста на луѓето да повредат некого да остане ограничено на примерите од негативците од цртаните филмови... Толку често посакувам барем на ден пак да сум дете...
Vaka koga ke se pojavat staro novi clenovi I plus napomenat deka bile porano so drug profil, e mnogu me interesira kako im bil nikot togas
Jas sum star clen slatkadevojka1 mi beshe banirana sum ima slikO vo forum tema barav da mi trgnat ban
Сакам да кажам дека атлантис чоколатцата ми се македонска милка. Ако треба да бирам, нив ги бирам. И агрокрем ми е највкусен крем, а нутела е преценета. **************** Сакам да им посакам на младите фудбалери многу среќа на европско. Браво дечки!!! **************** Борбата продолжува. Робот за слобода, а слободниот за совршенство! Отсекогаш било и засекогаш ќе биде така. Вредностите не се смениле, туку луѓето. Оти широкоградноста на нашите предци, ние денеска сме ја замениле со себичност. Ама позитивната мисла и добрата воља се огромна движечка сила која може да не врати на вистинскиот пат. Ајде да веруваме во чуда. Ајде да бидеме поинакви. Да бидеме подобри. Да бидеме се она што не дефинира како луѓе. Да бидеме човечни, оти никој безгрешен не е. Да бидеме она за што тие некогаш се бореле. Среќен празник. Наклон.
Во една од најгрдите човечки особини ја вбројувам и неодговорноста,независно дали се работи за моја,или на друг!
Овие денови читам една преубава книга ама со вистински ќеф. Во автобус ја голтам и мака ми е коа треба да се симнам и да ја прекинам па за назад накај дома ја продолжувам.Неќам нови книги кои се се повеќе комерцијала.Си ги сакам постарите класици. Да не ја најдев во книжара на попуст којзнае кога ќе ја купев.Има два дела ама си ги купив и двата
Сдк: Вака завиткана во ќебенцето, слушајќи го дождот како полека си паѓа, ми се полни душава. Чудно суштество сум ти еј, ретко дожд да ми годи на расположението како сега. Само уште мисливе да ми се средени 10ка ќе биде ама не се, ама ќе се средат и они.