Кога сите љубови би завршувале заедно, среќно и идилично, никогаш немаше да ги слушнеме најубавите песни некогаш испеани, најубавите книги некогаш напишани и најубавите градби некогаш изградени кои предизвикуваат трепет во душата и сеќавање и на нашата изгубена љубов
Вака навечер ко ќе ми се јади нешто благо, а нема.... Јадам варен гриз. Хахах. Од онај за бебиња. Варен со млеко и шеќер и на крај му додавам несквик. ММмМммМмм. Иде баш како чоколино. Креативност во очајни времиња. И то си купив благо преѓе си реков ете ова за ноќните ми cravings, ама си го јадов уште поручек. Ќе си сркам сега топол гриз
Гледам, читам и не им верувам на очиве. Човек учи додека е жив. Не сум знаела дека емотивноста и чувствителноста се негативни карактерни особини кои другите ги асоцира на ниска интелигенција,сум била во заблуда кога сум мислела дека тоа е особина на личности кои барем малку имаат срце, душа, нешто човечно во себе, пу пу јазк кај ми бил паметот. Колку што имам читано книги постои разлика меѓу интелектуална и емоционална интелигенција или авториве нешто на книгиве мелеле ко празна воденица што чисто сумњам дека е така. Се збунив сега од ваква констатација, не знам ја како сум ги постигнала некои работи во животов без интелигенцијамама и тате не ми помогнале,среќава некако послабоврски и партија никако, чудо е во прашање знам. На времето имавме предмет етика, учевме за морални вредности, за алтруизам, емпатија, не знам денеска дали постои таков предмет во училиштата но би било добро да го има, некако подзаборавено е основното нешто да се прави разлика меѓу добро и зло. Не им прави на другите тоа што не сакаш да ти го прават тебе. Многу се зборува малку се знае. Негативните и лоши искуства го прават мудар и зрел човекот. Скршено срце и оштетена душа не се лекуваат со навреди, омаловажување и зборење зад грб, плукање туку со добрина, љубов, и пријателство. Ретките се тие кои знаат да речат добар збор, да пружат утеха и помош на некого, да бидат поддршка во тешки мигови, да бидат искрени пријатели, ретки се ама не значи дека не постојат. За другите што плукаат, навредуват, оговараат зад грб, прават зло ги има на секој чекор. Добра ви ноќ.
@s1a1n1d1r1a1 Сани.. чоколино...why did you have to mention it? Не ти требаше ова, вака доцна. Не можеше само да напишеш дека гриз сркаш, а? Мораше и нас да не заебеш некако
Хахах длабоко се извинувам. Ќути што не почнав да редам што се ми се јади во моментот........ Вака само продажбата на чоколино ќе се зголеми утре
Не ми треба дожд за да ми биде поубаво во кревет со дечко ми. Зајдисонцето е совршено за прошетка, а каде ќе шетам на дожд? Романтики? Гумени чизми и чадор не се доволни кога има ветер, едноставно - ладно е... Не ми треба дожд за да пијам чај - и онака пијам само кога сум настината. И кога има сонце мене ми се лежи во кревет. Кафе пијам без разлика на временските прилики и неприлики... Дождов е фин само бидејќи се дише полесно без прашина...
Гледам еден на фејсбук споделил некој текст од портал за жени што сакале „старомодна“ љубов, со прошетки и вечери и сериозни, длабоки разговори. И демек, пишал не постоеле такви девојки денес. Кои длабоки разговори ќе ги правиш бе ти маче, во кои ресторани ќе ја носиш? Земав да го ѕирнам профилот пред да го избришам дечкото што не знам како ми се нашол меѓу фејсбук пријатели, и секако, златни ланци, статуси на англиски со граматички и правописни грешки, турбофолк. -Ајде да зборуваме за универзумот. -Па, голем е. Ми се повраќа од луѓево. Паметна жена сакал. Уште да имаш што да правиш со паметна жена.
На јарецот не му приоѓај од напред На коњот не му приоѓај позади. На будалата не му приоѓај од било која страна, заобиколи го и бегај
Жалната вистина е дека сите ќе дознаат. Само да не е прерано. Ја ко денов. Мачор преде, кај се најде. Малце ми смрдка, ама другиве не осеќаат. Да пошо на мојот компјутер спие... Завршенава работа ми тргна голем товар, а како што гледам и проектот ќе се реализира. Не дека имам ќар од тоа и тоа било каков, само ми губи време, ама бар да не ми мрчат дека е ради мене, иако би било ради нив, они се носители и иницијатори. Ама зошто по магарето кога може по самарот, стара македонска, така?
Еднаш некогаш си бев бруцош. Студирав во друг град. За прв пат почнав да живеам одвоено од моите родители, од семејството. А тогаш не ми беше тешко колку што ми е сега како апсолвент. Заминувам од дома и веќе одвај чекам да се вратам. Моите родители веќе остареа. Почнаа да се чувствуваат изнемоштено. Заминувам со една единствена надеж, да ги видам кога ќе се вратам. Живи пред се. Бидејќи за здрави, баш и не се. Но таа мисла ме води уште од првиот момент штом свртам грб за да одам па додека ги бројам деновите за враќањето кај нив, кај моето гнездо. Бидејќи во животов ништо не е повредно од нив. А времето минува... минува, а ние не сме заедно.
Откако ќе завршиш со генералката во соба, редно време е да се направи и генералка на фб- втор дел: 1. Прв пат пишувате. Поминуваат клише прашањата: Како си и Што правиш, и после неверојатни 5 мин те прашува: Друго што ќе се пофалиш? И така еве уште сега седам и размислувам што би му се пофалила на човек што виртуелно го "знам" нецели 5 минути Пошто досега "се убив" од фалење, па сега ме прашува ДРУГО што ќе се пофалам... Или иста ситуација после 5 минути пишување, те прашува: Ново старо? 2. Ни ме знае, ни ме познава, одма почнува со прашање дали имаш дечко? мувач? или fuck buddy? 3. Рандом девојка ми пишува дека била осамена и дали сум сакала да се дружиме вечер? (кога ја прочитав пораката ми звучеше како вовед во лезбејски порниЌ), ама после сфатив дека таа "девојка" има патлак И така уште малку листата на пријатели ќе достигне околу 200 души после може 100тина, па 50тина, па може и ќе замине во историјата мојот профил... п.с. Размислувам дали да одам кај гледачот Дуле, кај гатачката Светица или кај некој трет да ми бае. Сношти како што се исплашив, никогаш не сум се исплашила. Да не претерувам ама добри 5-6 секунди срцето ми застана. Како што имав температура, како што ми беше паднат притисАкот, како што не ми се гледаше баш најсјано, станав од кревет, се завртив накај прозор и видов човек како ме гледа. Леле кога сум скокнала, се акнав од стол и се нокаутирав во кревет пак. Од мојата ненадејна реакција се исплаши и брат ми, и пошто беше потпрен на две ногарки од стол, падна на грб со се стол Значи се тоа се дешаваше во рок од 5 секунди (а мене ми изгледа ко 5 години), и кога ми дојде крвта во мозокот сфатав дека всушност сама себе сум се видела пошто темно надвор, а дома само тв пуштен, па сум си го видела сопствениот одраз на прозор Е вака скокнав... Пцуењата на брат ми ги оставаме настрана, битно после се изнасмеавме. Баш бев како тие луѓето од племиња прв пат кога ќе се видат во огледало