Претпоставувам дека една од најважните работи во животот е да се чувствуваме ценети, другите да го забележат нашиот труд, да знаеме дека не правиме ништо залудно... Затоа, ако вашата мајка станува порано за да направи доручек, ако го собира нередот, пушта машина и мал милион ситници кои често не ги забележуваме, кажете ѝ "Благодарам". Денес, мајка ми доби честитка, во која ѝ пишав дека е најдобрата, најсаканата, најнесебичната мајка на светот. Бев изненадена колку не веруваше што пишува, ми велеше дека не е вистина, а јас само посакав да ѝ ги позајмам моите очи да види колку е посебна. Не можеше да ме пушти од прегратка. Кога ќе наидете на проблем, кога плачете, па дури и кога ви се случува нешто убаво, ако имате со кого да го споделите, да ве утеши или да се радува со вас, бидете свесни колку сте среќни. Но, тоа нека го знае и другата личност, кажете "Фала што беше тука за мене кога ми требаше". Усреќувајте ги луѓето, јавете се на пријателка со која не сте се слушнале одамна, купете некому букет цвеќе или наберете го, дадете искрен комплимент, заблагодарете се на тетка ви која ви испратила пита со јаболка, однесете од палачинките кои сте ги направиле кај соседите, посетете некои роднини кои веќе ја поминале шестата деценија, за да не се најдете во ситуација да сакате да го направите тоа, а е предоцна. Гушнете го оној кој го сакате без причина, дозволете мачката да ви седи во скут и покрај тоа што ќе ве направи со влакна; наместо да се муртите на дождот, радувајте се што времето дава одлична можност за уживање во шолја топло какао или варено вино со каранфилче. Пуштете ја омилената песна, танцувајте, направете листа со работи за кои сте благодарни, поставете си цели краткорочни и долгорочни, бидете она што сакате да бидете. Ако мислите дека не сте доволно паметни, секојдневно хранете го мозокот, ако не сте задоволни со своето тело, променете го, правете ги работите кои ги прават оние на кои им се восхитувате. Опкружете се со луѓе кои ве инспирираат, гледајте мотивациони видеа, бидете искрени за своите чувства, макар биле повредени, за да не живеете со "што би било...". Донирајте облека, оставете храна на некој питач, вдомете животно кое не мора да е позната раса, отстапете ред при качување во автобус, помогнете на постари со торбите, додека чекате ред на фризер, соберете ја со метла исечената коса од подот, нахранете бездомно маче... Постојат толку многу начини да направите луѓето да се почувствуваат значајни, започнете од некаде. Како што вели мислата - бидете промената која сакате да ја видите во светот
Некои луѓе зборуваат толку многу, а на крај всушност донесуваш заклучок дека не кажале ама баш ништо. Само си изгубил дел од времето слушајќи ги речениците кои тапо и механички поминуваат од едното низ другото уво Други пак, доволно е да изустат збор и да кажат сè. ...не бидете филозофи, празните зборови никому не му значат - сите знаеме да филозофираме, но ретко кој умее да зборува вистински.
Многу ми се смешни и дури малце така жалче ме фаќа за некои особи што упорно тврдат дека нешто е најдобро, а кога ќе ги прашаш дали пробале нешто друго освен тоа, одговараат со не. Како тогаш, побогу, знаеш дали има или нема подобро?! Ама доброоо, и мене овошната торта ми беше најубава додека не пробав чоколадна
Богата сум зашто срцето ми е полно. Богата сум зашто имам нешто што не се купува со пари. Имам причина да се будам со насмевка, и да не сакам да заспијам зашто конечно реалноста ми е поубава од сонот.
Да размислиш добро пред нешто да кажеш и да избришеш неколку пати пред да пишеш коментар - ете тоа е значењето на - СЛОБОДА НА ГОВОР/ПИШАН ЗБОР во нашата мила Македонија
Крај на летото за мене е кога пред локалниот маркет ја тргаат онаа сталажа за очила за сонце. Сигурно си мислат,помина летото не ни треба заштита. А забораваат дека лажливото сонце е најопасно.Тоа свети,а тебе ти е „студено“. Како и се во животот.
Како што добриот не може да се радува на злото, така лошиот не може да се радува на доброто...што носиш во себе на тоа се радуваш... (caci)
Ах, колку е убаво чувството кога во животот ќе ти се појават прекрасни луѓе и ќе согледаш дека човечките вредности сеуште постојат
Честитaње рoдендени нa пoлитичaри Жими се кoa пoчнa Зaев дa ги oбјaвувa бoмбите секoј шo ми спoделувaше стaтии зa стрaнски служби и жoлти кoмбињa гo блoкирaв. Блoкнaв некoи 1400 луѓе и сo секoе нaреднo рaндoм дoдaвaње aкo лaјкнaл стaтус пoлитички ретaрдирaн истoтo. И сеa дoaѓaме дo другaвa стрaнa, неутрaлниве шaрени ревoлуциoнери Ристиќ и пленумкaтa сo црвенaтa кoсa не ми текнувa нa иметo. Не знaм кaкo не им е срaм бе, шo мoрa нa митинг дa се пoјaвиш пa уште гoвoри дa држиш. Кaкo не сфaќaaт декa е пoнижувaње дa aгитирaш зa пoлитичaр билo кoј. Интелектуaлец шo се пoклoнувa пред пaртии...резили. Глaсaј зa кoј сaкaш не мoрa јaвнo дa се експoнирaш Тaa сo црвенaтa кoсa не би јa ни кoментирaл, изгледa трчaше пo пленуми зa дa јa импресиoнирa Рaдa и дa стoи у први редoви дo Зaев. Еве хипoтетички, дoбивa Зaев и кoлку би им се сменил живoтoт личнo нa oвие, финaнсиски? Зa плус ~10к плaтa, дa прaвaт будaлa oд себе јaвнo и дa ми дрдoрaт некoи си мaнифести? Кo демек се тoлку влијaтелни нивниoт гoвoр ќе им дoнесе плус 20 000 глaсa нa сдс? Мa уствaри тoa е нивниoт прoблем, мислaт декa тoлку се битни. Пред некoј ден три девoјки ми пишaa, имaле прoект. Их си викaм прoект, oвa се дешaвa еднaш у живoт некoј дa ти збoри зa прoекти a oдвaј се знaете. А oни прoект гo нaрекувaле зaмaрaњетo пo луѓетo. Зaмисли и требaле 10 неoпределени шo ќе биле кaкo симпaтизери нa сдс, aмa немaлo дa бидaт терaни дa вaдaт книшки. Ахa, викaм. Јa дa ти прaaм услугa, a кoa ќе дoјдете нa влaст рaди мoите услуги дa те стaaт у некoе министерствo дa си јa лaдиш? И будaлетинкaвa ми викa, не знaев декa тoлку ќе те пoгoди oвa, епa дoјди член ќе те нaпрaиме и ќе бидеш рaмнoпрaвен сo нaс Другaвa нa митинг ме викaше Слoбoдa и демoкрaтијa, кaкo не. Oвoј oд вемерo шo бил директoр бил неписмен и не знaм кaкoв, a ти шo истo сaкaш дa стaниш директoркa сo читaње мaнифести, си пaметнaтa. Нaстрaнa криминaлите зa кoи требa дa oдгoвaрaaт сите штo ги нaпрaиле, oвa ептен ми бoди у oчи.
Фина да сум била. Како не бе, фина ќе сум била со луѓе што не почитуваат никого. Не можам да се преправам дека им посакувам добро кога во себе посакувам да им падне клавир на глава дур шетаат по улица. Туку гревота. Да живееш толку самозаљубено и без осет за други луѓе, па сигурно мора да е тажно. Мислиш дека си кул и се ставаш на прво место, а уствари не знаеш да покажеш почитување, а не па љубов. Две добри работи во една недела направив за различни луѓе, и двајцата ми се јавија да ми се заблагодарат, сега секој ден насмевки добивам од нив, и никогаш не би посакала повеќе за возврат. А срцето ми е преполно. Ама на ширење негативна енергија јас да се трудам да враќам со позитивна, е тоа не. Иди бре скриј се негде и не труј наоколу.
Она кога ќе ти рече дека си му најубава ... Без грам шминка, во тренерка, коса безвезе врзана, онака како што ти дошло, а тебе ти е срам што си излегла таква И тука следува бакнеж во чело, кажува дека сум му се. После овие зборови и топли бакнежи нема нешто што може да ми го расипе денот. Рака под рака со него, пешки до каде сака .
НАЈТАЖНА СУМ КОГА МАЈКА МИ ПЛАЧИ КОГА НЕМАМЕ ШТО ДА ЈАДИМЕ. Случајно налетав на јутјуб каналов од босанска телевизија. Еве изгледајте го видеово и бидете искрени сами со себе дали би издржале еден ден во нивна кожа. Мене буквално ме тресна од земја, неможам да престанам да плачам и си го враќам филмот од прееска во маркет кога се мислев дали да земам 7days или чипикао кроасан за син ми па зедов од двата по две. 300 мисли ми се вртат во главава, незнам што да кажам
Тој никогаш не прашува зошто. А ѕвездите денес светат конечно по 2 и пол месеца. И не знам дали денес потфрлив во мојата најобожувана особина. Си стојам немо. Ѕидови не ми се рамни. А кој те ферма тебе Ољо, кој?
Денов преубав Ми почна со преубави мисли,чувства,преубава музика,па дури и уживав во ладничкото време и сонцето што срамежливо ѕиркаше од облаците Му благодарам на господ за се она што имам и не ми ни треба ништо повеќе од тоа.Само да си остане се како што е,да ми ги чува саканите личности Ја обожавам позитивата која што зрачи од мене и се трудам секогаш да биде така.Не сакам негатива околку мене. И уште нешто сакам да кажам деновиве форумов излезе од секаква контрола,постојано се навредува,неправди еден куп,се на некој нешто му пречи.Маските почнаа да паѓаат,доста квалитетни членови почнаа да си заминуваат,а почнаа да доаѓаат еден куп нови ликови кои што немаат ништо паметно да кажат, за жал. Премногу негатива собрана на едно место Затоа најдобро ќе биде да си се дистанцирам колку можам повеќе за да не почне и таа негатива да влијае и на мене. Сепак фала и на форумот што постои затоа што тука и запознав доста добри и квалитетни личности со кои се надевам ќе се дружиме и понатака и во реалниот свет