Не сликаа вчера за алманах... Прво се изначекавме пред студиото. Може едно два часа чекавме. Ама ај I издржавме. Вратот уште ме боли. Тој што не местеше како да се сликаме не беше нормален.Вие не знаете во какви пози сум била Да ме гледаше некој од страна напад на смеење ќе добиеше А јас па како што не знам да се наместам убаво кога ме слика некој сликарот почна да се смее,по него и тој што не местеше па и јас со нив Сврти ја главата вака,не така од другата страна, ајде сега на другата страна,стани,сврти се,застани вака, застани онака...Аман. Ова сликањево потешко од математика писмена испаднa Повеќе слики во целиот мој живот немам направено,колку што ми направија они вчера Ај барем се најде една убава
Навистина назнам што ми стана . ПОвеќе не сум јас онаа Snow-Star која некогаш бев . Веќе не можам ни самата да се прпознаам . Повеќе не сум она толерантно девојче кое за се попушташе на секому . Не бев ни таква спрема наставниците . Спрема сите наставници имав и сеуште имам почит освен спрема една наставничка . Неа несакам ни да ја смислам ниту пак да ја видам . Дојде пред само 4 недели и веќе почна да си го покажува своето вистинско лице . Се прави дека знае се , ок и да знае , но има и луѓе кои знаат повеќе од неа . Можеби не сум јас тоа и не ни мислам дека знам повеќе од нејзе далеку од тоа , ама па и таа не е најпаметниот човек на планетава нели ? Некој човек има образование ама па има карактер , а пак некој има карактер а нема образование . Таа спаѓа во тие првите луѓе . Дури сега разбирам дека образованието не го прави човекот човек туку карактерот . Ама како и да е . Ќе ја истрпам јас нејзе уште еден месец. После ни на улица да ја видам нема ни Добар ден да и кажам . А па неверувам дека и таа пукнала за моето Добарден и дека и на нејзе и се смачило од мене . Па так ќе ни биде супер ниту таамене ќе ме гледа ниту пак јас нејзе . Но јас другите наставници ќе ги почитувам како и до сега бидејќи тие не се како нејзе . Си го знаат местото и јас моето . И тие имаат рабирање за некои работи а не се ако неа само да се дерат . Па така остана уште малку од моето завршување на осмо одд. Па од догодина сум прва средно . Уште малку со овие наставници па после нов лист кон професорите . Па и јас ќе ги издржам и тие мене .
СДК им се чудам на луѓево, мислат дека парите на дрво растат, паѓаат од небо или сите дома имат една банка па си собираат колку сакаат или им извираат од чешма, евентуално Немет веќе разбирање, почитување...Некогаш треба да се разбере дека не секој човек може се да има и се да си дозволи.
Нема иднина или минато, времето е сега! http://www.youtube.com/watch?v=kl8mpAvTm_Y Спојлер Lovin' this song!
Аххх, многу работи, малку зборови..... Среќна сум, ПРЕСРЕЌНА, толку сум среќна шо моментално ги сакам сите и ми иди да ги изгушкам сите по патот. Дојдов само тоа да ви кажам девојки. Се чувствувам сакана, заљубена до уши, задоволна, но пред се расположена и среќна. За некои работи се исплаќа да бидиш оптимист и да, докажано е, надешта последна умира! Имајте одличен ден девојки, не дозволувајте времево да влијае на вас! Поздрав
Благодарност е кога небото ќе се стиша, дури и сонце ќе ѕирне за да можеш да претрчаш да завршиш некоја работа. Мирис на бор после дожд ме потсетува на рацете на мајка ми како ме притискаат до неа за да ме заштитат од морската бура, па во еден момент ме креваат рацете на татко ми, некако ништо не ми се гледа, само гледам дека ја држи неа за рака и трчаме по ридот со борови до хотелот. Пискање и смеење, звуци на нивната младост, полна блесавштина, сепак биле деца со дете в раце. И одмор кој задолжително покрај спакувани сите работи, за сите тројца по еден пар тренерки. Колку симпатична мајчинска внимателност. Па како некои енглези во дождливиот одморски ден во патики и тренерки како прави аеродромци се расшетаваме по туристичкото место. Бре! Тоа се тие некои навики кои ги учиме од нашите. Речиси убедена сум дека на ист начин ќе го пакувам своето семејство за на одмор. Од малку животов научив...за сериозно е она кој последен се смее најслатко се смее. Некому порано радоста, некому подоцна. Луѓе кои сакаат форми и глупости, за да се изгладат површински и да се улулкаат во удобството наречено живот, па се успијат до степен на грогираност. А толку брзаат да се спикаат каде што мирот ќе им биде повеќе од загарантиран до степен на безживотност. Страшно.
Ах луѓенца ве жалам...Во ред е некој кој што има некаква корист од политиката , или од партиите да се бори , да се расправа , дури и со други да се дебатира но некој што нема ништо нигде ни од таа , ни од онаа партиа да биде најголем коментатор ? Боже сачувај ! Само статуси де за оваа , де за онаа партија , а оваму пишува за леп дека трпи Господ нека им е на помош на таквите. Јас си излегов да си го искористам моето граѓанско право , гласав за кого мислев дека треба и готово тука се завршува тоа. Некој што не ни излегол предпоставувам на избори абе кои коментари ги дава мислиш дека е лидер на партијата.... Господинот Груевски и Господниот Пендаровски што гледам по тв не коментираат толку како одредени ништарии по интернет. Нема од никоја партија ама баш ништо , ни едно пенкало нема да добиено ама нај битно е тоа колку само споделува еден ден против таа партија друг ден против таа цццц... Што се буниш , што те интересира , ако не сакаш да гласаш не гласај , ама не провоцирај толку , не туку претерувај.Некој можеби цело време следи што правите по вашите страници и утре очекуваш работа ? Епа нема ни да ја добиеш. Баш оние кои што немаат никаква допирна точка со ниедна од партииите се најголемите обожаватели или критичари. Ццц ве жалам поедини МАКЕДОНЧКИЊА.....самите себе се оцрнувате !Зошто да упаѓате во очи на некого кога немате никаква корист?
Дедо ми ме прешува: -„Ти и Ива за ВМРО сте?“ (Ива е сестра ми) Јас цела збунета го гледам и му враќам: -„Дедо, деца сме, како може да не интересира политика?“ И тој ми враќа: -„Еех, поразени сте, нема тука што! Ние ВМРО-вците ве поразивме.“ Не ми се верува... мојот сопствен дедо ова да ми го прави?!?!?!? А, си го почитувам, си го сакам, ама ова!!!
Како наркоманка сум ОБОЖАВАМ мирис на акохолни маркери, фарба, бензин, алкохол, гума.... Ммммм На часот си ги мирискам маркерите, сите вака ме гледаат
Толкава грутка од тага ми стои на градиве, што предмалце речиси отсеков пола прст(ебате несмасната ) и ни капка крв нема Е до толку си ја стегнав душава!
Опуштено попладне под ќебенце, со кафенце и релаксирачка музика во позадина придружена со звуците на капките дожд на прозорците. Без размислување на ништо, паметот на некое друго место, го пуштив конечно на одмор малце, што би се рекло, уживкам и пливкам. Кога ќе си направам ваква атмосфера, прикладна на времето, ништо не може да ми го расипе расположението. Уште книгата ме чека на биро, секако ниедно слободно дождливо попладне не би било потполно без некоја занесна приказна... Туку, сакав да кажам... криво ми е кога гледам насоберен стрес кај луѓето. Сите некаде брзаат, од една обврска во друга, без да си дадат време за оние мали моменти на среќа, задоволство... Секогаш уште нешто ни фали за некој успех и среќа и постојано брзаме да го оствариме. Одвојте време само за себе, моменти во кои ќе кажете дека уживате без да си спомнете за тоа што ви недостига и без напнато да мислите на она што ви претстои. Моменти во кои нема да ви треба посебна причина, за на прашањето како си, да одговорите со полна уста дека сте среќни. Она чувство од кое сте обземени без посебна причина нека биде среќата, а не нервозата. Уживајте во нечија прегратка, поделете чадор на дождов, занесете се во некоја книга покрај прозорец. Украдете си мали моменти. И така, мене уште ме фати и едно гушкачко расположение на времево, па и вас ви праќам една гушка и песничка за опуштање. http://www.youtube.com/watch?v=Uf7NLY0rspo
Еден ден ...ќе си го остварам сонот.Но,дотогаш ќе вежбам многу,ќе верувам во себе и ќе си ја искористам целата енергија...Би сакала на сите танчери и нетанчери да ви го честитам денот на танцот... Имајте убав ден и поиграјте малку
Кои се најдобрите години од животот? Веројатно тие кога човекот е среќен. За некого тоа се 20-тите,за некого 30-тите, а за некого 50-тите. Среќата не познава граница и секој има право да ја почувствува.Секој период од животот може да биде убав доколку умееме да го осмислиме или ако дозволиме некој друг да допре до нас.
Замрзнавме и ние со времето. Како времето да застана, како се' да е сон, ама од оние неубавите сонови, оние од кои сакаш да се разбудиш. Небото е мрачно, ги крие насмевките на лицата. Ми фали сонцето во април. Денес малку имаше сонце, цели две минути, цели. После тоа се помрачи, почна да светка и да врне. Па ајде биди ти среќен. Па не бива. Мај, те молам да не бидеш како април. Извинете, знам дека ви е преку глава од постови за времето, ама ова не се издржува. Па еве една песна, баш ме опишува. Релаксирајте се. http://www.youtube.com/watch?v=MDM0yAJjlBo
Што е тоа живот бре?Зашто сме создадени-за да се мучиме?за да страдаме ?за да бидеме проклети цел живот?Што денес ме има утре ме нема?Па дај барем сите да знаеме кога ќе умреме па да се опростиме ко луѓе!Јас сум јака,издржлива дада се додека не се случи мала несреќа или поубаво несреќата доаѓа три пати повеќе!!!Зашто бре неможевме да бирам дали сакам или нејќам да живеам искрено би избрала Никад да не стапнам на земјава.Нејќам да живеам бе,што да ме напуштат и отидат најблискит па и јас ќе умрам со нив.Сакам јас прва да умрам ех лесно е така послем они нека плачат.Зашто бре не беше составен животот само од убави нешта бе за што се мучиме бе?Зашто?Сакам исклучиво само мене да ми се случуваат несреќи нејкам да гледам како другите се мучат нејкам!Срце меболи,срце ми се распаѓа.Ајде и тоа ќе помине,али друго ќе дојде бе!Колку повеќе се трудиш да испадне нешто добро,друго те удира како гром од ведро небо!Сакам да знам бе!Сакам да знам што ќе ми се случи во животот и кога ќе умрам ,уствари не сакам да знам друќите кога ќе умрат!Па и што е тоа рамноправност бре?Еден да има све и среќа у гз и све што сака,друг ништо?Ма не ме ебавај бре!Нејкам да живеам и оп решение ќе се самоубијам!Па да ме има во весници и луќе да викаат не е решение самоубиството!Епа што е бре?Што е решение?Што ако се самоубијам значи сум слабак?И јас никад не подржавам самоубиства али кога ке те лупне живото од исте страни жиме све тоа е решение!Али не бре ,тука се потпишувам НИКАД НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ДА ДОЈДАМ ДО ТАА ТОЧКА НА РАБ НА МОСТ!НИКАД!Абе ќе сe борам бе!Па макар колку и да било тешко!Не за друго чисто ме интересира што све ќе треба да пројдам у животот за дојдам до финалето!Многу ме интересира каква ми е судбината!!!Само едно нешто барам!Да не ми е гајле за никој и ништо и ладно срце!Само тоа!што сака нека биде бе!Ако уште од сега ми е толку лошо можам да замислам понатака али ако само терај животе полека убивај ме!!!мнаогу ме интересира како ќе заврши ебениов живот и што ми била судбината!Абе дали вредело !!!!!
Не сум знаела дека е волку лошо да се заљубиш. И порано сум била ама ова е ептен,апла затресканост. Се мачам да заспијам цела недела некако слабо иде,одвај да изедам нешто преку ден,колку за мерак на мајка ми,без воља... ме мачи тој,цело време ми е во главата. На часови само отсутно си седам со главата низ прозор или во плафон,не слушам, не гледам,леб во фрижидер ставам,одам накај школо и сфаќам дека ранецот дома сум го заборавила... Незнам до кај ќе се тера работава,ама опасна станува Дај да бараме некое чаре,мислам дека човек од Марс паднат подобро би се снашол од мене во животов
Викаат дека чуда се случуваат, ако знаеш да чекаш... викаат желби се остваруваат ако навистина силно сакаш да ти се остварат... Ете чекам и навистина сакам, ама некако слабо од моево чудо, мојава желба или подобро да кажам моево чудо од желба И така си се тешам... што е мое ќе си дојде трпение-спасение