Сакам да кажам со промената на власта дојде и Живот кај нас со атентати и еве времево потоп истура. Можеби ова е бериќет кој знае???!!!!
Се што ќе излажам ми се случува после. Колку и да е наивно и беззначајно ќе ми се деси. А не е убаво да лажеш, знам. Но некои вистини мораш да ги измениш. Не можеш да играш фер со нечесни играчи. Мораш да си ко нив или ќе те згазат ..
СДК дека не верувам на луѓе кои веднаш се прават фини и се зближуваат. После одреден период се оддалечуваат откако ќе те искористат. Дволични особи.
Љубезно ги замолувам сите осамени несреќни и исфрустрирани личности што го промашиле својот живот да го ПРОМАШАТ и МОЈОТ.
Како се занесувам со ова интернет страниве за онлајн шопинг, ко божем без пари даваат. Абе оди во продавница види фати пробај и носи. А не...... после мало било вакво било такво. Пс ветувам ги бришам сите акаунти.
Кaкo дa бидaм пoзитивнa? Кaкo дa ми oдaт муaбетите? Oд кoгa немaм дечкo се упрoпaстив,нo тoa е неoчекувaн удaр. Кaде дa нaучaм некoјa пoзитивнa мислa, некoе пoзитивнo oднесувaње вo смислa нa шaлa,смеa, дружбa? Зoштo вaкa зaпaднaв? Дaли симпaтијaтa ме меркa хххх Ах живoте, кaкo кaкo ли? Секoј сoвет е дoбредoјден. Кaкo дa бидaм пoзитивнa личнoст? Кaкo дa зрaчaм сo енергијa? Ахх. Викенд и мене сo прст не ми се мрдa. Другaрки слaбa рaбoтa...
Често се наоѓам себеси како си планирам што ќе правам за неколку месеци и никогаш не ми испаѓа по планот. Секогаш нешто не ми дозволувава да го остварам тоа што го замислив. Обврски еден тон ! Преку глава ми е од се веќе. Сакам да одам некаде, ама подалеку од кујната не можам да мрднам !
Не можам да опишам колку ми паѓа жал и ми е криво кога гледам како возрасни луѓе толку ги омаловажуваат помладите, учениците и нивните желби и ставови во врска со образованието Зошто како иден студент ако барам да ми се олесни, мора да значи дека не ми се учи? Не барам да ми биде полесно само мене, туку и на илјадници други ученици и студенти. А и кога велам полесно, не мислам да поминам така, без учење. Мислам на тоа да се пробијам и истакнам со моето реално знаење во областа што ме интересира, без притоа да бидам предмет на исмејување на луѓето кои без срам, со испрани мозоци во лице ми кажуваат колку било небитно образованието на учениците и колку на нас ни се улизувале оние што барем една дупка ќе пополнат во истото... Сакам да продолжам со образованието и без да морам да ги делам луѓето според партиската определеност. Ама кога некој е толку заслепен, и мене ми го потценува знаењето дури и без да ме познава, тврдејќи дека подобро од мене ја знае состојабата овде,...не можам поинаку.... Ама сето ова зошто зборуваат само гледајќи од страна Да...тие што оправдуваат екстерно и слични глупави реформи учеле цела година, биле активни на час, се труделе да испаднат што е можно подобри по предметот што со љубов и труд го учат. Потоа истите тие, токму кога мислеле дека сè завршило, доаѓаат оние пресудни три дена, поточно 1 час и 30 прашња кои целиот успех им го фрла во вода. Оние 30 прашања и намалена оценка поради кои ќе се почувствуваат како ѓубриња, зошто мислат дека ништо не знаат, а притоа се плашат да помислат дека самите не се криви и да се побунат. А самите не се свесни каков интелект кријат во себе, и каква корист би имале за ова општество, но не можат да се пробијат зошто некој што се потчинува на луѓе за пусти 200евра им ја одзема амбицијата. И истите тие потоа сакаат да студираат нешто кое во овдешнава држава го нема како посебен смер, па одат нешто што е најблиску, притоа несигурни дали утре истото ќе го работат, ама одат, ајде што биде нека биде нели? Затоа ли толку оправдуваат? Зошто се ставиле во кожа на еден потценуван ученик? Од страна некој ќе ми се смешка, ќе ми рече барам премногу...ако...не вреди за оние кои иднината за државата ја гледаат пониско од самите себеси.
Ова ми се врти подолго време во главата: Што е полошо: Да се случи и да заврши или да не се случи воопшто, па никој да не биде повреден? Ама Don't cry because it's over, smile because it happened да? Уште еден месец и дена...
Чувствувам толку многу вина, ме гуши. Гледав, ама само тоа што е на површината. И не му помогнав. И му се случи истото што и мене. Ми се откажува од се.
Сакам да кажам дека различности нема,ние возрасните ги создаваме! Ви цитирам разговор помеѓу мојата 2 г и 3м ќерка и мене. Јадеше смоки и почна да ги вади од тањирчето и да ги растура по маса. Јас : Илијана,не ги растурај смоките,собери ги во тањирчето ,ќе ги јадеш после,ако не ти се јаде повеќе. Таа пак си игра со смоките. Јас: дојди мама да ти кажам нешто: некои дечиња немаат вода , немаат храна живеат лошо,сакаат да јадат ама немаат. Ти зошто ги растураш смоките,греота е така да правиш. Најдов на нет слики како живеат децата во Етиопија и и покажав. Таа: овој бато нема вода,нема моки,гевота мамо! По неколку минути,нашла неотворено пакетче со смоки и шише и ми ги носи. Јас: што е ова сине,зошто ми ги носиш? Таа: аполниме вода за црниот батко. Дадам моето моки! Нано е баткото,видам мамо пак,бацам баткото! Колку е чиста детската душа,колку се тие полни со љубов кон сите, без предрасуди! Ние возрасните влијаеме на нив,ние зборим пред нив и им создаваме слика како некоја нација е полоша од нас,како бојата на кожа е важна или религијата! Душава ми се разнежни
Сопствениот камен по сопствената глава.. Кога доаѓате до овој степен не е толку страшно доколку тоа ве пробуди и спушти таму каде што навистина припаѓате. Лошо е ако неможете сеуште да прифатите кој сте уствари.
Родителската љубов и заштита спрема детето, можат и планина да поместат. Гледам една мачка сега како почна да се удира со цела сила во канти за ѓубре, за да паднат тие, пошто позади нив било заглавено нејзиното мало маче. Ја гледам мачката и ми текна на неколку случки од порано, што тогаш не сум им дала на значење толку, ама сега сфаќам колкава сила може да му дојде на родителот кога детето е во опасност. Брат ми кога имаше 2-3 години се заглави во вц. Се заклучил и не можеше да излезе, па почна да плаче. Бевме сами со мајка ми....Таа му кажуваше како да се отклучи ама никако не можеше. Зајдуваше од плачење. Му рече да оди до шолја, па кога се осигура дека е подалеку од врата, почна да ја удира вратата, се засили и ја урна цела врата....жена од 50 кг ја собори цела врата...Од каде ли и дошла таа сила? За среќа немаше повредени. Исто се потсетив и на едно дете од комшии како се заглави под кола, додека ја вадеше топака. Главата му се заглавила и не можеше да мрдне, па ние деца исплашени одма појдовме кај татко му за да му кажеме. Човекот се исплаши, почна да трча заедно со нас и така додека адреналионт му беше на високо ниво ја фати колата и крена од задниот дел Па други деца го фатија заглавенотот дете, и без повреда го извадија. И уште една приказна од баба ми, како одела 5-6 км низ шума сама, за да го пронајде омиленото изгубено џемперче на тетка ми. Пред тоа поминувале од тоа место, па си претпоставувала дека тука го изгубила. Ги оставила тетка ми и татко ми дома, а таа се вратила за го најде....Успеала...Го нашла... Дефинитивно нема поголема и поискрена љубов.
@JollyGirl целосно се согласувам со тебе. Нема посилна и поискрена љубов од љубовта на родителот. Грижата во очите на родителите и љубовта во нивните срца можат да поместат и планини.
Решив да ги претресам сите ташни што ги имам и да ги пребришам. Што се не најдов во нив, заборавени лабела, моливчиња за уста, билети од разни настани, ситни ѓубренца... Меѓу другото и пари по малите џепчиња. На крај се пребројав и излезе дека сум нашла 1257 ( илјада двесте педесет и седум) денари!!! Не знам дали да се радувам или да си ја треснам главата што понекогаш сум толку неодговорна околу парите...