Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Кога бев мала, додека ме чуваше баба ми, ми раскажуваше приказни од нејзиното детство.
    Ми кажуваше колку биле сиромашни и дека немале никакви играчки.

    Јас не можев тоа да го сфатам.

    Земав мечиња и ја прашував: -А вакво играче имавте?
    Таа ми викаше -Не.
    Земав коли и кукли, пак ја прашував дали можеби такви играчки имале, а таа пак ми викаше -Не.

    Не ми беше јасно со што си играле? Што правеле децата тогаш?
    Па таа ми објаснуваше дека ако најдат некое камче со интересен облик, со него си играле.
    Или ако најдат некoја шарено мало книвче хартија (од бомбонче), со него по цел ден се радувале.

    Ми беше чудно и жал во исто време.

    Ги зедов сите игрчки и ги оставив пред неа, и реков да им се јави на нејзините браќа и сестри, да ги викне да дојдат, и заедно да си играат.
    :f:

    Таа се насмевна и рече дека сите се стари, а некои се заминати на друг свет.
    Ми рече да си играм со играчките и да не се секирам, дека тие си биле среќни како деца...Си биле среќни со тие камчиња и книвчиња за играчки.

    Не сфатив што значи да си стар...Зар ако си стар нема да сакаш да играш со играчки??



    Оваа случка ме потсети колку е наивен детскиот мозок.... сакаш на сите да им помогнеш.... мислиш дека сите те сакаат..... се грижиш за останатите безусловно....Но, во иднина ако останеш со таков наивен мозок, сите ќе те сметаат за прост и заостанат, а не за добар.
     
    На Mari*, kankus, macka91 и 35 други им се допаѓа ова.
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.524
    Допаѓања:
    55.236
    Пол:
    Женски
    Кога си одев од парк накај дома,забрзана со количката во која беше внука ми,брзам ли брзам и некој вика,госпоѓо ова ви падна,јас не се вртам,си велам во себе јас не сум госпоѓа :D не е можно мене да ми се обраќаат,и пак упорно вика госпоѓо ова ви падна и се вртам зад мене еден постар ром,ми го даде во раце мечето на внука ми кое и паднало.
    Ете,денес по којзнае колку време видов дека иако се ретки,сепак добри и чесни луѓе сеуште постојат.
     
    На Mari*, macka91, fallenangel и 24 други им се допаѓа ова.
  3. samovila.red.

    samovila.red. Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Женски
    Сдк... Ме боли душата... Како во пекол да сум.....
     
    На Juccy и Rama им се допаѓа ова.
  4. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Во нашево Скопје има такви педе..
    што те провоцираат да стенеш убиец.
    Се силат па после и врати и прозори од кола затвараат и вртат на телефони кај тетеее.
    Јаки фраерчиња педе.. шетаат по градов.
    На прагу лудила сум од ноќни шерифи по Скопје што се фалат со татеее.
    Е помина времето со татее :rofl::rofl::rofl: Викни го и Бате :nod:
    Убаво времево за возење бајк одиме још мало :rock::muscle:
     
    На MG3, Feminka192 и Mrs.Brain им се допаѓа ова.
  5. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.172
    Пол:
    Женски
    Сдк кога треба на нива да одиш а те будат во 6сабајле пцуеш се живо и диво. А кога треба да одиш некаде на шетање и во 5:30 ќе станеш па уште и ќе пееш!

    Имајте убав продолжен викенд! :)
     
    На fallenangel, ceca-1, Juccy и 8 други им се допаѓа ова.
  6. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.771
    Пол:
    Женски
    Едвај чекам да ми заврши смената. Да одам дома и да си ја чекам сестра ми да дојде. Цел месец ја немам видено. Ми фали многу. Убаво ни викаше мајка ми, не се расправајте, еден ден ќе се барате. И така е. Таа се омажи во друг град, обврски, работа и не можеме да се гледаме толку често. Се слушаме секој ден, но не е исто. Сакам да си ја гушнам, па и да ја удрам ако ме изнервира.
    Среќна сум што ја имам, бидејќи знам дека колку и да сме далеку ние сме блиску. Крвта не е вода, не за џабе рекле.
     
    На Rama, Lilianna, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Викенд малку надвор од државава:dance::party:

    IMG_20170623_214049.jpg
     
    На fallenangel, ceca-1, Antolinaa и 11 други им се допаѓа ова.
  8. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Поминати се точно 44 часа откако наполнав 22 години. Исто се чувствувам...сеуште. Небитно. Направив суперменска журка за другарчињата. Ко да полнев 2 години. Ама и тоа небитно. Битно топ си поминавме. И мислев дека некој ќе ми фали. Но, кога пред себе гледаш еден куп насмеани ликови кои ги сакаш, кога гледаш дека се среќни за тебе, ништо не ти фали. Суперхеројот во тебе е среќен и мирен. Сите прашуваат зошто баш суперен? Никому не кажав. Супермен го изгледав на 19 години во период кога буквално ми требаше херој да ме спаси за да останам здрава жива и присебна. Супермен, а потоа и СуперДевојка ми помогнаа да станам од кај што лежев и да продолжам. За овој роденден знаев дека ќе имам отсутни личности кои би сакала да се присутни. Затоа го избрав супермен како тема. За да ми даде сила да го игнорирам нивното отсуство. Но, ја потценив моќта на пријателството. Не ни почувствував кој не дојде. Дојдоа сите кои ги поканив. Дури и повеќе од предвиденото. И ми покажаа колку вредам и кому му значам. И среќна сум што ги имам. Ниеден дечко на светов не може да ги замени другарите. Нивната љубов е мојата супермоќ за преживување. Тие го хранат супермен во мене за да е жив. И да помага кога ми треба. Тие се моето се.
     
    На ceca-1, Wahnsinn, marama и 7 други им се допаѓа ова.
  9. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.313
    Пол:
    Женски
    На времето кога излезе ДЕТСКА ПОШТА икога почнаа да се мењаат во школо...сите со тефтерчиња и по еднокупче кое поголемо кое помало....јас се чудев. Немав ниту едно, а не дека не сакав.Сакав. Само никогаш не знаев да речам-Мамо ај купи ми ова или она. Чудно дете. И потоа собрав неколку од другарките. Па го добив првото тефтерче од пензијата на баба ми, а не побарав. Туку секогаш од пензија ни даваше паричка и си го купив. Се сеќавам и какво беше. Со барби а лила боја во розе рамка. Од тогаш уште едно само купив...
    Пробувам некогаш да се сфатам зошто сум била такво дете..потоа пробувам да најдам зошто се променив..прашања куп,одговори нула.
     
    На kravce, Chica.Loca, Rama и 9 други им се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.129
    Пол:
    Женски
    Една тема пред некој ден ме потсети на моја блиска личност и проклетството да се биде убава. Неповрзано скроз со конкретниот случај, ама ете почнав да размислувам за неа и дури ја сонував синоќа. :D

    Ова ви е една од тие девојки - на газ да паднеш. Со самата нејзина појава во соба полна со луѓе прави цело внимание да оди кај неа. Не затоа што го бара. Напротив, многу е природна, насмеана, и секогаш совршено и непретенциозна облечена. Како да ви кажам - класа. Сите би сакале да изгледаме ко неа, ама нешто нешто мора да најдеме да не ни се допаѓа за да речеме - па и не е толку убава. Да беше позната ѕвезда од Холивуд, а така изгледа, ќе беше по аватари на форумов.

    Погодувате - мажите ја обожаваат, жените ја мразат. :D
    Кога бевме тинејџерки, ќе фатеше нов дечко и веднаш излегуваа со коментари дека е курва. Зошто? Зашто им се допаѓал баш тој дечко, ама и' се допаѓал и неа, па без напор го привлекува. Излегува со тој што им се допаѓа, па мора некако да ја деморализираат зашто нема шанси таа да е добра девојка. Тинејџерски комплекси, кој не ги имал? Да се разбереме - никогаш не им 'земаше' дечковци и симпатии на другарки. Напротив, секогаш била предобра и пожртвувана другарка. Истите тие другарки често се собираат без да ја викнат, па таа минува викенди сама дома.

    Проблемот е што овие стереотипи ја следат цел живот. Никој не го забележува остриот хумор и добриот гест. Зашто е убава. Со самото тоа ја перципираат како арогантна и желна за внимание. А е само човек, со проблеми и надежи ко секој друг. Никогаш не може да се зближи со другарки затоа што жените имаат некоја природна потреба да ја мразат. Не од она што ми кажувала, туку од тоа што сум го гледала - антипатична им е без никаква причина. И со текот на времето гради ѕид, почнува да изгледа баш така како што сите очекуваат да изгледа. Ладна и далечна.

    Се вработи веднаш откако заврши факултет - ааахааам мора да има нешто зад тоа. Гарант спие со шефот. Напредува во работата - аха, потврда. Спие со шефот. Се омажи - нашла богат, за парите е. Цел живот само гледала да искористи. Ама нема шанси да е среќна така, ја жалат. :D А таа едноставно си се љуби со тој што тие го бркале. И се прекрасни заедно. Рандом луѓе се дрзнуваат да ми зборуваат за неа а воопшто не ја познаваат. Никогаш во живот еден муабет не свртеле со неа. Ама нели, мора да знаат се' и нивното е секогаш точно.

    И така, не им е лесно на прекрасните жени да живеат со вакви стереотипи. Можеби е време да почнеме да се бориме за правата на убавите, зашто стварно се дискриминирани и омаловажувани уште од тинејџерки. Да не и' посакаш ваква ќерка на една мајка. Полесно ќе мине ако е убава, ама некако поприфатливо. Да не боде во очи.
     
    На Mari*, Annath, macka91 и 41 други им се допаѓа ова.
  11. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.020
    Допаѓања:
    14.416
    Пол:
    Женски
    Ги сакам оние интровертни мажи, затворени, доминантни, софитицирани
    на кои секој им се плаше од знаењето, способноста, од појавата.
    Ги сакам во мигот кога стануваат други покрај жената која им значи,
    Ги сакам во тие мигови на трансформации на бескрјано трпение, на блесок во очите,
    на восхит , на трпение...
    Ете тие мали трасформации кои ги гледам пред себе ме уверуваат дека сепак љубовта постои!
     
    На Tajnaotrovna, душленце, Juccy и 7 други им се допаѓа ова.
  12. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Minnie 1 абе зашто не викнееееееш :( сакам и ја у Швицарска бе
    Оххх ми фали Берн :l:
    Имај најубав провод :l::l:
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    13.333
    Пол:
    Женски
    Како е возможно да постојат толку луѓе со огромна нечовечност во душата во проклетиов свет?! Излегувам од Тинекс и гледам еден сиромав ром препотен, жеден на раб на дехидрирање си седи под сенка и се лади со картон. Од друга страна доаѓа (не)човек кој на диво продава филмови на CD-ња, при тоа си поставува масички за на плажа и почнува да му вика на ромов да си одел. Сиромашкиот само му викаше жешко ми е, не правам ништо само сакам малце лад... Виде не виде си отиде малце подалеку, пак под сенка. Отидов и му дадов пари да си купи вода и јадење, да се освежи малце. Склопи раце, ми се заблагодари 1000 пати и посака да имам здравје и долг живот. Се мислев дали да му викам полиција на дотичниот, ама си реков нека му враќа Господ, на чест нека му служи.
     
    Последна измена: 24 јуни 2017
    На Mari*, Chica.Loca, theowndemon и 19 други им се допаѓа ова.
  14. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.529
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Чистејќи го плакарот со учебници и школски прибор вчера, ми излегоа сите тестови од петто одделение. Биле во папка со Вини Пу која мислев дека е празна и ќе ја фрлев дирекно, да не беше толку тешка кога ја извадив доле. Тестот по историја со сите можни бодови за кој учев до 10ч. вечерта на спална, затоа што наставникот беше близок со тато, па не сакав да го посрамотам. А и темата беше Македонија, па ни беше дадено до знаење дека темата е важна и тестот ќе влегува во целокупната оцена. Диктатити и финални тестови по англиски од 3 листа и 180 бода, го правевме два часа и претставуваше траума за сите во класот. Контролни и тестови математика и македонски со по 1 изгубен бод, скрипти и матријали за натпревари. Тестот по физика со единствена петка во најјакиот клас, заедно со двојката од стартот на истата учебна година. Не бев јас крива. Тогаш се смени наставникот и јас не знаев дека ќе треба да ги бубам дефинициите од книга. Со решени задачи, имав 40 од 100. Изненадување за сите. Иако јас се сеќавам дека уште кога ни ги поделија тестовите, се побунив и кажав дека ќе ги решавам задачите. Ама затоа пак никогаш повторно не имавме ист таков тест. А тука беа и тестовите од првите две години од кога се запознавме со германскиот, првите и единствени петки во нашиот клас. Сѐ додека не се потсетив на часовите биологија. Наставничката беше убедена дека јас не ја владеам материјата добро сите 4 години. За да во средно да стигнам на државно.

    Сеќавања кои упатуваат на поразлична личност. Сега сметам дека ја немам таа борбеност во себе. Не сум толку амбициозна. А ако ги погледнеме последните 2 години, не сум амбициозна воопшто.
    Али би го препишала тоа на серијата која ме фати, и конечно можам да кажам дека помина и е минато.

    Останува само летово да поработам на односот со блиските дома. Треба да се надминат некои далечини кои можам да ги надминам.

    Тоа што кога се вратив сабајле од работа и се мушнав во креветот на баба да отспијам, е стартот.
     
    На Lunaria, Chica.Loca, SV1911 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.266
    Допаѓања:
    85.060
    Пол:
    Женски
    Љубовта почнува во домот .
    И не е важно колку правиме туку колку
    љубов вложуваме во тоа !!!
     
    На Сама Дома, fallenangel, kravce и 10 други им се допаѓа ова.
  16. MG3

    MG3 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.737
    Пол:
    Женски
    Утре ми е роденден. Уште еден роденден до кој не успеав да си ја остварам најголемата желба што ја имам уште пред многу родендени. Уште еден роденден на кој ќе си ветам дека можеби, само можеби.. до наредниот таа ќе ми биде остварена.
     
    На Crna Dama, Chica.Loca, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.367
    Пол:
    Женски
    Да можам да не заборавам, да не заборавам што имам....во тие моментите кога универзумот се спојува за да ми покаже што можеби ми недостасува.Ех...
     
    На *Amethyst*, zhap4e, poenta и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    62.031
    Денес ни е годишница... На денешен ден пред мнооооогу години бев невеста :f:
    Приказната сеуште трае :inlove: ... Се стремиме кон...
    najromanticnija-prica-nije.jpg
     
    Последна измена: 25 јуни 2017
    На Сама Дома, Annath, Tajnaotrovna и 33 други им се допаѓа ова.
  19. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.524
    Допаѓања:
    55.236
    Пол:
    Женски
    Што ми е убаво на душичката моментално испив пола кило кокта и изедов едно милка чоколадо.
    Ве лажам,не ми е убаво,туку како и по обичај лечам комплекси и барам утеха во јадење вака доцна:x
    Ама,ова ќе биде последна вечер,мора да биде,си ветив:(
     
    На Mari*, Anabelle.Amorette, fallenangel и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.946
    ♡Среќен Рамазан Бајрам♡
    Другари, повелете на баклава :inlove:
    Уште овој бајрам сум кај мајка...повелете посебно да ве нагостам ! ^_^:f::^::pizza:

    И да, за два три дена ми е свадбата, не заборавајтееееее:party::inlove::l:
    :music::dance::d:
     
    На Mari*, macka91, ♡BuBaLe♡ и 32 други им се допаѓа ова.