Кога на прагот на 30тката се фатите себе дека се повеќе ги цитирате мудростите на баба ви, и се повеќе ви се полни душата кога слушате„леле иста баба и е“, зошто знаете дека таа баба во 1953та година кога зависноста на жена од маж била нормална се развела, не сакајќи да трпи ничии каприци и комплекси, зошто знаете дека таа истата била една од првите три жени кои во твојот град започнале да работат, зошто знаете дека три деца сама подигнала до ниво на директори и бизнсмени од дноното, од глад и јадење црковни поскури. Е токму денес кога е годишнина од нејизната смрт, кога точно половина мој живот ја нема, а сепак секој ден е во истиот, во секоја моја постапка во секој мој поглед и збор, морам да и се извинам. Ете морам. зошто го прекршив она нејизното основно со кое ме раснеше секој ден „Ти си моја крв, мое око, а ние не се покоруваме никому, најмалку на маж“. Го прекршив кога се покорив на нељубовта на еден маж, кој ги изгази сите идеали со кои ме раснеше оваа јака жена, оваа жена која беше поголем маж од него. Ги прегазив кога дозволив тој да ме убедува дека животот е само калкулација, дувло без емоции, дека нема љубов која е посилна од законите и ограичувањата, дека сум комплицирана жена, ете прекомплицирана и тешко може да се носи некој со мене, дека не постојат мажи кои се предаваат целосно, обожаваат една жена и даваат се за неа. Ете морам да и се извинам, но мораше нејизното бубе така да порасне и да создрее во жена која е се поблиска верзија на неа. Нека ти е вечен споменот бабо горда, ете горда ќе бидам ако и понатаму секој ден се повеќе личам на тебе, сепак јаките и непокори жени го владеат светот , нели?
Ако покажеш емоции, ќе те згазат без милост. Ако ги криеш, тврд си како орев, немаш душа. Со некои луѓе не знаеш како...
Имам поголема мистерија од тоа зошто ѕвездите уште сјаат, нели го истрошиле своето гориво и завршиле својот живот,како бели снегулки или обезглавени ангели кои паѓаат, црна дупка или неутронски ѕвезди....И од тоа дали универзумот е бесконечен и дали експандира и се проширува... И од се' друго, најмногу ме занима случајот со тебе. Дали јас и ти сме бесконечни и дали нашата бесконечност е поголема или помала од другите бесконечности севкупно....дури и кога не сме постоеле јас и ти
Коментар на другарка ми:"Па ти сакаш сите бои на 10 прсти." Јас " да бе невозможното" Таа " епа ајде и на нозете ако не и тоа шпиц нека ти се". Јас " Ти ма канџи сакаш да ми направиш да гребам по асфалт,ко орел некој." И така си се влечеме со саати тука вклучено кафе,цигарче, одмор,тоалет,колач и отишол денот. Се за убавина без нокти на нозе се разбира
Ако некое дете шета без купаќи по плажите веднаш знаете дека родителите му се од Македонија. Никогаш не сфатив зошто деца кои и не се толку мали ги пуштаат така по плажите. Непријатно за очи во секој случај.
За дете на негова возраст одлично ја знае азбуката на англиски,исто сите бои ги кажува на англиски и броевите до 10. За внук ми ви кажувам инаку Има три години,и се научи сам од секојдневното гледање цртани и песнички на лаптоп на англиски. Денес гледавме заедно,и ме прашува која е оваа тетка со децата(за сите жени и девојки вели тетки) и му велам јас ова е ант(аunt) значи тета,како што јас сум ти тебе тетка и почна да вика,не ант,не ант,ти си тета моја Сонце мое со ситница ми го развесели денот.
Среќен роденден на мојата мајка!!! Една си, секогаш да си ми насмеана, и да не ми грмиш многу за генералки по дома. Те сакаме!
Она кога пишуваш на телефон и од брзање правиш грешки...и тоа не било какви, или ди аутокорект си работи по свое. И мора некои дрти да испаднат ...не биди сеа толку разголен.. (Разгален) ...чекај да се најадам па ќе ти го пушам (Пишам де) ...знам за таа продавница, порно беше таму.. (Порано кхм) ...и други што не се за кажување. Затоа преферирам лаптоп отколку телефон.
СДК: Го гледам внук ми и си мислам... знаете она кога им забрануваме на мали деца одредени работи , за нивно добро, за да ги заштитиме, нели? Така, сфатете дека и животот не ви дозволува вам одредени нешта кои ги посакувате, за ваше добро. Зошто не почнеме да гледаме така на работите? Многу повеќе смисла би имало, според мене. СДК 2: Денеска се почувствував исполнето, среќно, гледав поинаку на работите и расположението веднаш ми се подобри. Навистина ме радува кога зборувам со странци, луѓе кои ги гледаш еднаш и толку. Милион лица поминуваат, заминуваат, моменти. СДК 3: Би се откажале од целта која што сте ја замислиле, ама еве веќе втора година никако да се оствари? Јас не! Нека не се оствари ако сака уште 2 години, но еден ден ќе успеам! Јас знам точно како ќе успеам. И после секој пад, желбата мене ми е се поголема, затоа знам, дека тоа е она што го сакам во животот.
Оноа кога лајкнуваш некоја слика што ти испаднала на почетна од некоја страна на фб, а при тоа ја немаш лајкнато страната и одма директ ти праќат покана "да ти се допадне нивната страна", а ти не им ја лајкнуваш. Ни па им ја отвараш за повеќе views. Лошотија до шија.
Не ми се убедува повеќе никој дека , нема потреба да се "цмиздри" за дечко/девојка. Нешто цела недела ми кукаат за љубов