Кога ќе се сетам на баба ми се сеќавам на нејзината сила, но и на нејзината скромност. Најмногу се сеќавам на нејзината добрина. Истата таа добрина знам дека ја поседувам и јас. Не затоа што сите кои ја познавале го кажуваат тоа, туку затоа што секој пат кога се обидувам да ја сокријам добрината од луѓе кои ми наштетуваат, не успевам. Не успевам ниту за миг да бидам лоша. Научив како поинаку да се заштитам од таквите луѓе но да враќам со иста мера, не научив, ниту ќе научам. Генетиката направи физички да изгледам како мојата друга баба (која подеднакво ја сакам) но во мојата душа има дел од нејзината душа. Бабата со која го минав цело мое детство, која ме чуваше и заштитуваше кога тоа ми беше најпотребно, бабата која јас ја чував во последните месеци, денови од нејзиниот живот. Кога ќе почувствувам колку многу ми недостасува, едноставно ѕирнувам во мојата душа каде што е ѝ нејзината.
Да Ве поздравам феминки мои Сите вие како мене што стаж направивме кариера од плачање по погрешните Бидете среќни!!!
Дечки,сдк,факултетов е ѓаволска работа. Не знам дали сум потпросечно интелегентна и немам капацитет да сфатам и научам одредени работи или сум екстремно мрзлива и се ми е поинтересно од Анатомија во јули,ама има нешто што константно ме влече во неуспех. Секој ден ми прелетува мислата да се откажам.Да одам на друг смер,да сменам факултет... Ама знам дека што друго и да изберам,ќе го учам со сила,колку да се рече,без желба и ќе се каам до крајот на животот. Како што би рекла мајка ми,сме се фатиле на орото сега ќе го играме. Оваа година,прва година на факултетов беше голем пресврт. Нова средина,нови луѓе,други предмети и професори бла бла ајде на тоа брзо ќе се навикнеш. Ама посакувам барем некој претходно да ме подготвеше на сите овие неправди,на сите врскаџии што живеат живот,немаат мака и се подобри од мене и сите други во оценки и просек. Јас во средно си живеев во свет со розеви облачиња,друштвото се грижеше за тебе,ако еден сака да одложиме тест-сите се сложуваат,еден чува стража друг краде тестови математика,професорите гледаат да ти помогнат и да те научат и така... Сега се соочувам со луѓе кои што не само што нема да ти помогнат туку и ќе ти одмогнат. Дали ти треба помош да научиш или не? Дали ти требаат матријали или совет или нешто? Нив не им е гајле.Секој за себе си гледа,секој сам си се снаоѓа. Секоја чест за професорите што сакаат да ти помогнат да го оствариш својот сон.Ама тие се неверојатно многу ретки. Другите се толку неправедни,тешко достапни,а доста од нив и за жал исфрустрирани,што не ти дозволуваат толку лесно да бидеш една скала погоре туку гледаат ако може да ти отежнат или да ти направат некој стрес,да те зафркнат,да те понижат понекогаш... Годинава ги запознав и се соочив со сите можни форми на стрес. Од човек кој последен пат се разболел во 7 одд,јак имунитет,спортист цел живот,дојдов до 4 пати болна во една година,до плачење и паѓање во очај,до депресија црни мисли... Вака така едно напред,три назад годинава е при крај. Да не бидам се црна и песимистична,истуркавме до пола сесијава,сега ќе мислам на одмор физички и психички,зошто одморот не е заслуга туку потреба,или можеби јас така си се тешам. А после во август со нови сили и наполнети батерии да ја дотуркаме до крај годинава како што треба
Не можам да сфатам како некои луѓе не можат или не сакаат да уживаат малку во слобода или се толку зависни или да се покажат пред сите. Толку таккви настани околу мене ме чудат. ОД една долга врска од неколку години, да рипниш одма во друга, па и на фб и на инста мора се да се објави. Добро не сакаат малку приватност луѓево или живеат за другите, толку зависност од социјални мрежи. Толку уживам во слобода, радо би била сама и среќна отколу да се прцкам на социјалните мрежи, не ми треба некој за тоа.
...All she needs is shelter Shelter for the night And this one could be heaven But she's looking down the line...
Вчера заглавив на клиника,леле Мајко тотален хаос,не се знае кој јаде кој пие во таа скапана Државна Клиника,претопло не се дише,луѓе од секаде се дерат,коли еден тон,неможат од колите пациенти да носат во колички/кревети ГОСПОД ДА НЕДАДЕ ДА ОДИТЕ ТАМУ.
СДК, перфекционист сум, особено кога станува збор за мојата работа. Ловам точки, запирки, букви, ма ловам се' низ еден текст. И НИШТО, ама ништо не може да ме извади од такт како кога НЕКОЈ друг се дрзнува да преправа ТОЧНИ работи низ моето сработено нешто, нормално.... поправајќи ги ГРЕШНО и на крај го остава да стои МОЕТО име. Затоа што ТИ, аматер, си ја знаеш работата ПОДОБРО од некој што е професионалец. ЛЕЛЕ. И така стои бе сега, со грешкички низ него.......... леле бе. Случајно видов, а со каков мерак си го сработив тоа.
СДК... Фасцинантно е колку луѓето се различни. Колку различни бои на очи, кожа, коса. Колку различни физиономии. Секој со своја уникатност го надополнува изгубениов свет. Фасцинантно е колку испреплетени гени создале цело едно човештво кое иронично негирајќи некој друг, негира дел од себе. Фасцинантно е колку измешана крв тече во секој од нас, и патем колку истото тоа не прави посебни. Налетав на еден многу интересен проект на National Geographic каде за 160$ можете да дознаете за вашето потекло, а со тоа да придонесете кон глобалниот проект "Од каде потекнува човештвото?". https://genographic.nationalgeographic.com/ Би пристапиле ли кон овој проект и подготвени ли сте на одговор кој можеби нема да ви се допадне? Јас да. Кога би можела да одвојам буџет за истото.
Баба и внука (мах 3 години) се шетаат. Девојченцето возеше точаче и кога се разминувавме несакајќи се удри во мене. Леле бабава кога ја зашлапа, и врза 2-3 шамари и почна да и се дере, што се не и изнакажа. Малава плаче, мене жал ме фати, непријатно... Почнав да ја преколнувам жената да не го тепа девојченцето, дека ништо страшно не се случи. Брзо бабата го фати точачето и почна забрзано да го бутка, а јас останав со отворена уста... Од ум не ми излезе девојченцето
Помина една година без тебе мила бабо. Сите велат си доживеа ти длабока старост, ама тоа не ја намалува болката кога некој ти е драг. Ти беше толку сталожена личност и покрај тоа што си дожиела многу несреќи. Се прашувам како успеа да гледаш толку позитивно? Тогаш немаше интернет да прочиташ едноставно како треба да гледаш на животот. И да прочиташ, не е лесно да го примениш тоа. Четири години си немала деца, а потоа се одврзало кесето знаеше да кажеш. Ги роди дури пет и тоа не баш во цутот на младоста, затоа што ти веруваше, Господ Златен секогаш го спомнуваше. Ако те прашав која е тајната, го претпоставував одговорот, твојата верба. За тоа време не си имала милост ни од дедо, па бил нетрпелив кон тебе. Ама ти си она кое ме воодушевува. Никогаш не си се пожалила, ниту скарала со него пред децата. Си знаела како да го сочуваш семејството, неуморно си работела за сите пет усти да ги школуваш и направиш луѓе. Не го оправдувам ни дедо... Сепак ве гледав и среќни, ми оставивте впечаток како да се слагате, не си префрлавте. Ако нека остане тој спомен. Затоа имаш посебно место, сите стари луѓе ќе се жалат ама ти не. Можеби немаше високо образование, но имаше голема љубов кон книгата. Не знам само колку приказни научив од тебе и ден денес ги паметам, како мала те терав само да ми раскажуваш, еднаш не рече не можам. Хигиената ти беше на прво место, и тогаш кога беше на смрттна постела не пропушташе ден, а да не им кажеш да те избањаат, можеби на некој последно тоа би му паднало на памет, ама тоа е храброст. Затоа и ти си за мене жена борец. Да сме живи и здрави ние младите, а ти од горе чувај не!
Најмногу ме радуваат вакви животни приказни.Напатени деца но,воспитани и со работни навики.Е,ваквото дете пушти го во животот и ке се снајде.Секоја чест за ваквите млади луге.Можеби како што кажа и ти,работи од јутра до сутра и живее на можеби висоја нога но со соосвен труд и со сопствени спечалени пари.Секоја чес бравоо!
Кога одам да го земам од градинка внук ми,понекогаш во ходникот ми истрчува да ме гушка едно детенце од поголемата возрасна група. Толку силно ме гушка,ме стега и не кажува ништо освен дека се вика Бојан,воспитувачките го тргаат и велат дека вака му истрчувал на сите. Денес буквално не се одделуваше никако од мене,силно ме стегаше и ми поддаваше раце да го земам,додека внук ми љубоморно посматраше од страна и тажно ми велеше земи ме мене тета. Нормално дека си го зедов внук ми,но секогаш кога ќе ми истрча тоа дете ме замислува,несакам да звучам лошо но секогаш изгледа како многу повлечено,слабо,бледо. Еве и денес ми се мислите кај него,се прашувам дали има некој покрај себе што му дава љубов,ако нема може затоа бара утеха вака во некој од надвор.
Еј судбино бре, си поигруваш со животов мој. Денеска реков ај ќе навадам јаготките, и зедов кофата и е наполнив вода и несакајќи се испрскав, и татко ми одма несмасна, (носев бели шорцеви до колена) и ми вика кога работиш бело не се носит не си доктор. А пред некој ден облеков црно блузиче зошто било црно , жешко ќе ми било. Све им сметат све... Едвај се воздржав да не заплачам, оти којзнае друго што ќе ми речеше Зарем само јас имам вакви родители? Зарем само ја сум олку несреќна, што за една грешка, ќе плаќам цел мој живот? Зарем е можно родителите да си го мразат своето сопствено дете? Па какви родители се овиеее... КАКККВИИИ Ми се здосади повеќе од отечени очи, водени перници, и сози, лицево лице ли е или река од солзи? ШТО Е? Се борам, се борам, ќутам, си збирам се на срце, се трудам да не навредам никого, ама мене сите ме навредуваат. Кај да одам, кај да умирам.
Немаш само ти. Имаат и други, и многу полоши. Знам дека ти смета ова и те повредува. Ме повредуваше и мене. Секој ден се жалев за нивните постапки кон мене, додека не сфатив дека така само си го нарушувам здравјето. Сега пак си викаат, ама од едно уво влегува од друго излегува. Не дека не ме повредува тоа, ама не му се потресувам толку. Најбитен човек во твојот живот си ти.
Велат "Исплачи се и се ке помине"... Колку време треба јас да плачам за да помине оваа тага која веќе цела година ја собирам во моето срце, колку време треба да плачам за да ја исфрлам нервозата која ми извираше од под кожа... Дали една вечер е доволна, или пак две.. Не.. Нема да биде доволно да плачам ни цела година, ни цел живот.. Оваа тага ке остане засекогаш со мене, ке ја носам на секое мое патување, каде и да одам таа ке биде присутна во мене. Бидејки нема кој да ме сослуша, нема личност која ке собере сила и ке ми помогне да живеам повторно. Сите се зафатени со своите проблеми, никој не прашува како си, гледаат на нив да им биде добро а потоа се лутат демек ништо несакаш да им кажеш, дека криеш се од нив. Ма преку к*р од таквите личности, во секоја ситуација се прават жртви. Во мојот живот повеке нема место за такви, нема место за луѓе кои што уценуваат и се лутат за се без врска. Одете играјте игри со некој друг, мене повеке ме нема. Тоа што ве сакам незначи дека ке дозволам да ме повредувате, јас ке продолжам да ве сакам и понатаму но ке го чекам денот кога ке сватите колку многу ме имате побредено и ке дојдете да се извините..
Utre sloboden den zosto vo petoci ne rabotam, Ponedelnik drzaven praznik, a Vtornik neodam zosto taka mi e keiv. Aj kade jas pa uste mu se javiv na mm i toj da zeme slobodni denovi. Sto e ubav ovoj svet. Si peam : "U planine,..... "