Пред некој ден прифатив да и купам тест за бременост на другарка ми, зашто мајка и работи во аптека па и беше страв да не ја познеле некои колеги таа ако купувала. Нема логика малку, пошто нема една аптека во градов, ама ајде беше исплашена, па јас како добар другар- прифатив. Влегувам и чекам ред. Пред мене имаше еден човек, а зад мене никој. Плати човекот, се излегуваше и таман јас да кажам што ми треба ете ја вујна ми, во раце ја држи братучетка ми, а позади нив актерката Магдалена Ризова- Черних (не се познаваат ама заедно влегоа онака рандом, и морав да ја спомнам пошто смешно ми падна ) Ви застанала ли некогаш грутка во грло? А сте останале без глас? Вработената ми вика повели....братучетка ми се дере по мене дека ме видела....вујна ми доаѓа кон мене да застане на ред и да се поздрави...а мене 30000 мисли низ глава ми се вртат. Наместо тест за бременост си викам да побарам кондом и да се спасам?? После си викам што збориш бе тоа е пострашно....а апче за ден потоа??? А да се правам дека не ја познавам вујна ми?? (ова низ глава во стотинки ми се вртеше) Со последен здив и сили, мојот феноменален мозок се сети, па купив бедоксин Вујна ми си била на гости кај мајка и, па успат тука нашла да влезе...Марфи... Доживеав толку препотувања и стрсови, не за мене, туку за друг И на крај уште се налути зошто бедоксин сум зела, а не тест Сега сфаќам зошто луѓево се помалку прават услуги на други. Прво никој не е благодарен, второ ќе ја заборави услугата и трето може да си нае*еш за туѓо гајле. *Сепак и купив од друга аптека
Некогаш мислев дека црно не ми прилега затоа што сум мала. Потоа „пораснав“ и црна облека ме правеше премногу слаба, па премногу бледа, па не знам уште каква ли не... Во текот на животот се соочив со толку многу „црнила“ од настани до токсични луѓе, па очигледно ми требало време да го „соџвакам“ фактот дека тоа е само боја како и сите други, а и јас рака на срце, сум само девојка како и сите други околу мене, со свои „осила“ во мисли. И кога ќе дојде моментот во кој ќе се соочиш со сопствените предрасуди и ќе облечеш нешто што не си замислувала дека некогаш би го ставила на себe и еј, ко за чудо, ќе ти тропне реалноста на тиквата слатка (да провери дали е уште зелена и полна со помпезни ограничувања) и ќе ти светне дека црно не ти стоело воопшто онака страшно како што си замислуваше. Дури ќе се почувствуваш и секси во сопственото обѕидие. И нормално, на крај ќе сфатиш дека можело да се пројде и без овие глупави ограничувања. Всушност, тие не биле ниту потребни, оти чуму ти се?! Предрасуди; узди со чија „помош“ се опираш пред себе и своите мечти. Ме нервира кога морам да употребам збор како „мразам“, но навистина ги мразам предрасудите. Предрасуди кон таргет-групи, верски предрасуди, предрасуди кон сенешто...отфлете ги. И онака не носат ништо добро, само беспотребни ограничувања...
Добро утро .Немојте многу сериозно да го сваќате животот . Се е во божји раце ... Мирно пијте си го вашето утринско кафе !!!
Нема ништо поубаво од чувството кога ќе си ги наредиш коцките во глава и спремна си за било какви предизвици. Станав зависна од работата, потребно ми е да сум активна и продуктивна. Имам купишта планирани проекти, сите запишани до детал во Ексел документи за поголема прегледност. Денес официјално почнувам со привиот, се надевам дека ќе помине сѐ во најдобар ред и ќе научам многу. Ептен тешко ми беше да дојдам до местото каде што сум сега, психички и физички напорно, но денес тука сум. Сѐ е добро и бескрајно сум благодарна за тоа.
Абе женски форум нема да е тоа што е ако не се фатат за гуша две три да се расправаат ко тетки на чешма, што се чудам па ја ко да е ова струшки вечери на поезијата.
Лута сум на себе лута сум на карактерот мој што ми е толку добар,лута сум зашто имам добра душа и преќутувам некој да не повредам.Гневна сум зашто јас зар заслужив со нешто за да ми се случуват вакви работи ,едностнавно неможам повеќе да го живеам овој живот суров. Лута сум зашто не сум била лоша,дрска и дирекна и без влакна на јазикот па секој да си го знае местото и да го цени тој што прави се за него аххх животе
Nekultura, prostotija. Steta za toj intelegenten mlad svet poln so idei koj zivee pred vremeto. Mnogu mi e zal sto tone vo toa more na nekultura, ogranicenost, luge so falslivi diplomi, ogovaranja, niskosti,..... Mnogu, mnogu mi e zal.
Кога црнила в душа ќе ти се населат,и ти потем насмевни се на тагата покажи и бисери.Кога долго нема да пишуваш,ќе заборавиш,ќе заборавиш за сите очи темни како ноќта и денови потемни од нив.Ти пишувам,се поретко ги слушам птиците наутро,се почесто се сеќавам,коските ми стареат.Ти мислеше оти три животи за тага се доволни,а секој ден има различна боја,сега некаде го вртиш прстенот на левата рака,мириса на божур.Имаш илјада лица коса како зајдисонце. Деновиве стареат секој подолг од другиот,ти велеше дека имам душа како ветрот,очи како непредвидлива бура.Денес ти пишувам,луѓето овде ме нарекуваат талкач,дете на месечината,често на станицата мислам дека те здогледувам,посегнувам,мириса на божур. Ве гушкам феминки,сите што се сеќавате на мене.
Ноќеска зашто беше топло спиев на тераса.И така во полусон,одвреме навреме, ми прелетуваше нешто како ѕвезда.Си помислив рано е за персеиди...а од друга страна свесна бев дека треба да замислам желба нели...по малку и ме фати нервоза зашто немав спремна желба ... Сабајлево видов дека комшијата,од терасата над мене, си џиткал отпушоци од цигари... Па и добро е што не замислив желба ,инаку ќе ми се претвореше во пепел и чад...
Некои работи колку да се трудиш не можеш да ги смениш не можеш да ги поправиш,треба само да ги прифатиш.Ама како кога се дел од твојата душа, дел од тебе.
Денес сосем случајно налетав на еден албум со слики.Не беа многу стари ама и јас се почуствував... Се нарекува трансформација. Пораснав.Можи слободно да се каже дека од градото пајче сега сум лебед. На сликите бевме јас и ти.Ти сега некаде си далеку и други усни бакнуваш А, јас... Ја сум приказна сама за себе.Често одам со мислите каде што ми беше удобно, каде конформаната зона тогаш најмногу ме опушташе. Ама сега и по сликите го забележувам тоа дека колку и да сум се лажела самата себе дека еднставно е не си одговарме ние. Понекогаш погледот повеќе говори од било што... А сакам, сакам да сум некаде далеку, Да бакнувам усни нежни и да размислувам како да те изненадам Сакам романтични вечери и месечината да ни биди единственото светло.
Не ги сфаќам муабетите од типот: Ајде бе, зарем за политика ќе се скарате... Мислам дека имаше една тема порано, некои во врска сфатиле дека имаат различна (поточно спротивна) политичка определба, и сите ги советуваа да не обрнуваат вимание на тоа. Или пак често се случува некои другари да престанат за комуницираат поради политичка определба. И од некоја причина, тоа е бизарно и неприфатливо за повеќето. Луѓе, да се разбереме, малку нешта даваат јасна слика за човек, политичката определба дефинитивно е едно од нив. Не се работи за омилена боја или омилен фудбалски тим. Кога ќе видам кој и што поддржува некој, тоа ми кажува многу за неговите гледишта во животот, а ако со некој немате исти гледишта во животот не разбирам како би го поминале понатамошниот живот со нив. Да не вклучувам овдешни партии, ќе земам друг пример. Дали навистина ако сте во врска со некој и еден ден ви каже дека го поддржува Трамп едноставно ќе кажете let's agree to disagree? Едно е да имате различни мислења за работи како цигари, храна, возење, филмови, професии, религија донекаде... Ама не можеш едоставно да бидеш пријател или во врска со некој со кој не делите исто мислење за абортус, сексизам, работнички права, лгбт и сл.
Не си во право ич Имам пример сдсмовка снаа влезена во вмровска фамилија и си живеат супер. Само паметен човек сфаќа дека се исто зло тие и си одговараат многу добро Затоа Заев не го стави Никола во затвор, Трамп не ја казни Клинтон, Клинтон е против педери ама ќе им даде секакви привилегии за да добие гласови