Тешкотиите во животот не се воопшто пријатни, но се неопходни за да не' направат подобри. Човек ќе плаче, душата ќе го боли, ќе му тежи нешто како карпа на срце, ќе страда, ќе моли... тоа ќе го направи ранлив и кога после тоа ќе погледне околу себе, ќе види нешто што не гледал претходно, ќе почне да разбира нешто што не разбирал и ќе научи повеќе да ги цени даровите на животот. Се' во него умира за одново да се роди.
Абе да, и ние што не пушиме ќе умреме, али барем нема да ми смрди ко мензата у Тутунски додека јадам у ресторан. Ајт.
После долго патешетствие, после долго страдање , измачување и плачење ги доживеав своите најубави денови, се почувствував жива, сакана и почитувана. За првпат за мене љубовта не е само именка без значење, празен збор, погрешна личност, болка, страдање и илузија туку е прекрасен сон, прекрасна личност покрај која се чувствувам среќна, сакана и исполнета. Повеќе не сум паднато ангелчетуку сум силно, храбро, сакано, среќно вљубено ангелче.
Дека одамна не се замарам со проблеми и полемики тоа е факт. Ама значи како сум ладнокрвна и ништо не ме погодува тоа е чудо некое. Се навикнуваш на сите бодежи и безболно ги острануваш.
Колку убави години се 22 Не си ниту дете, ниту возрасна личност... а толку си убедена дека си тоа второто, а другите се убедени дека си првото... Си ветувам себе дека отсега натаму, дваесеттите ќе ги искористам максимално, нема повеќе ескивирање.
Кај мене нема предавање што се вика додека тече и последната капка крв јас ке се борам за себе и за моите права во државава и секаде каде што гледам неправди,а живееме во свет на неправди и лицемирија,но господ ме создал цврста со борбен дух,поради тоа јас сум му благодарна,Ти благодарам господе за све што си правел и правиш за мене Амин!!!
Дојде време да не знаеш на кого да понудиш помош. Има луѓе искомлексирани ќе скокне да те тепа што си го прашал да не му треба нешто помош. Мислат дека мускулите им се памет. Е за џабе се мускули ако незнаеш да си смениш резервно колце тркало де Вежбај бицепс,трицепс на штрафовите,а обратно да пробаше. И да беее фала А.
Среќна сум што моја добра другарка се враќа на месец дена од странство, која отиде таму да студира. Откако замина сфатив дека не треба да ги одложуваме средбите со нашите пријатели, со изговор еј денес имам работа, па утре ќе се видиме, па тоа утре никако да дојде, а времето си поминало. Дружете се колку можете почесто со вашите пријатели, не дозволувајте обврските да ве оддалечат и не дозволувајте ништо да го уништи вашиот контакт, вашето пријателство. Одвај чекам да ја видам и да ја изгушкам и секако да си направиме муабет како во старите добри времиња кога бевме деца.
Многу сум педантна..посебно кога јадам сладолед ..додека не ја исправам кривината на парчето сладолед во кутијата,неможам да го вратам во комора..срце не ми дава. ..замислете,линијата постојано крива,па ќе црпнам од другиот крај да ја исправам..па пак на првиот крај оти се подискривила..и се така додека ја изедам цела кутивка. Ви велам дека сум педантна..
Значи непрестано ме импресионираат сите оние кои за среќа не вкусиле мака во животот, па се дрзнуваат да им се јават на оние кои се борат со најтешките болести, кои демнат да зграпчат уште еден ден плус од животот и да ги посоветуваат ладно:„ајде не се нервирај, колку живее толку, тоа е...“ Ах бе..... се вели ли тоа, се трошат ли импулси за тоа??? Жално,ете мене за таквите луѓе ми е жал, многу повеќе од колку за овие болните и нивните блиски, зошто тие имаат срце, чувства и се, а овие првите се камен, ете камен безвреден.....
Коа јадевте бизони оти не викнавте....бар компирче одоколу да пробав. На сладолед не викам,моЖ фискална да ми побарате,па после да ме лафете тука по форуми Шала.. Повелете..тробоен од КАМ..Двете бои израмнети,уште чоколадото остана
Да кажеш ќути, трпи, има и полошо е исто како да му кажеш фала на некој кој те истепал, што наместо тоа не те убил!
Моментално нешто што ме исполнува и ме прави најсреќна на свет,или како што милувам да речам-најсветла точка во животот,покрај сите други темни,се моите внуци кои ги сакам,односно ги обожавам најмногу на свет. Со нив деновите ми поминуваат во игра,во смеа,во исполнување на нивните желби,често за да ги расположувам и јас глумам дете како нив,па се глупирам нешто имаме случки каде се правам дека пијам млеко од шишето на внука ми,со внук ми лазам по земја како куче,се тетовирам со тетоважите од мастики чунга лунга,се крламе на крлешка и слично
Силен/силна е единствената убава карактеристика и квалитет што никој не сака животот да му приреди таква ситуација во која ќе (мора да) покаже пред другите, а најмногу пред себе колку ја поседува... и единствен комплимент што кога некој гласно си го припишува себеси, тоа не значи фалење, туку нешто многу поинакво. Кога некој ќе рече за себеси „јас сум најсилната личност што ја познавам“ тоа не е нарцисоидност, туку знак колку му е потребно трпеливо сослушување, поддршка и силна прегратка...
До кога ќе се однесува девојка од 23 години како, дете од 3? Неможам да ги разберам луѓето што љубоморат без потреба, имаш дечко - па што дека имам, биди соодветна на годините што ги имаш и ти ќе си најдеш! Ова е најбанален пример ама доволен да ме изреволтира!