Има ли нешто полошо од слабиот карактер и неспособноста да устатата го зборува она што срцето го мисли ....
Кога читам некои постови на интернет коса ми се крева. Како е можно во еден параграф интерпункциски знак да немаш ни за лек, голема буква па ич, латиница се подразбира нели... Да бидам искрена, никогаш не можам таквите да ги сфатам сериозно бидејќи што и да кажуваат им се поништува од тотално несредениот начин на пишување. Само ги знаете буквите и ги типкате на тастатура, тоа не е писменост. Ако дете од второ одделение знае да се пишува подобро од вас, извинете, ама неписмени сте. #sorrynotsorry
Ако има бог и ако е правичен, нема да му биде гајле колку сме биле побожни туку ќе не прими врз основа на добрите дела. Ако нема бог ние ќе исчезнеме но засекогаш ќе живееме во срцата на оние кои не сакаат.
Ништо веке не е битно.... Времето поминува , лугето си заминуваат... Ти останува само да легнеш , да ја гушнеш перницата и да тонеш во длабоките мисли... Од кои не можеш да побегнеш ...
Огромна дилема. Кое работно место би го избрале ако: -првото е платено солидно, е стална работа за која нема да се плашиш да не те отпуштат за кратко време, не е физички тешка работа, е блиску до дома; - второто работно место е платено скоро 4 пати повеке од првото, не е сигурно колку време ке те задржат, далеку е од дома и физички тешко.
Сакам да сум како тебе силна,насмеана,издржлива мила...сакам да сум како тебе затоа што ти си за мене се,мојот херој жена која стои цврсто на земја и сее само добрина. Мајка ти посакувам само да си ми здрава и жива,за се друго ќе се најде начин. Иако сме далеку секогаш сме заедно со мислите,тоа знам Барем денес одмори и прослави го денот како што е ред Најсреќен роденден
Пред малку дознав дека рандом девојка го лажела дечкото што се гледа дека ќе се вери за да биде љубоморен. Како бе мене не ми текнуваат вакви работи
Не знам зошто но вчера сонував клик-клак. Еден дел од мене сè уште жали по детството, без да мислиш на пари, слобода неограничена. Па се сеќавам како самите правевме клик-клак со гумени топчиња. Животот е срање кога си возрасен.
Денес имам многу работи да спомнам на темава. Ако по утрото се познава денот и има вистина во тоа суеверието ако те покака птица среќа значи (пошто мене тоа ми се случи рано наутро на излегување од црква) тогаш денов треба да е еден од најубавите и најсреќни денови или барем тоа што го помислив во моментот да биде јаве и да се случи. Запознав прекрасни бебиња, близначиња, души мали кои иако првпат ме гледаат ми се фрлија во прегратка, ме гушкааа. Душава мислам сонце ми ја огреа, убава топлина и енергија од тие две мали бебиња добив. Ми се допаѓа мирисот на бебес е надевам еден ден ќе имам и јас такви мали срцкасти ангелчиња. Околу новиот фриз би рекла сите ми рекоа дека ми е многу скратена косатаи така сега пишман сум што сум ја скратилаи сакам побрзо да ми порасне. Да беше дечко ми до мене ќе ме спречеше тој ми ја сака косатасака да ме гали по неа и да си игра со неа, а сега ако ме види вака којзнае како ќе реагира и дали ќе му се свиѓам.$ Треба да си воведам ред во исхраната и да почнам со физичка активност што ради чисто лице, што ради послабичко тело. Ми пречат овие 3 кг вишок на мене, а од исхраната имам и некоја бубулица овде онде. Околу мене чуда се случуваат со луѓево, час ме сакаат, час не конкретно мислам на роднини и пријателкитезаминааа на продолжен викенд без мене, ај тоа ај ама па што ме игнорираат и лажат. Засега тоа сакав да го споделам со вас, ако имам уште нешто ќе се навратам пак на темава.
Не се сеќавам овака да сум исчекувала нешто, со нетрпение и одредена доза на среќа. Знам дека порано ми беше сеедно, зпочнува- започнува океј, тргнуваме и тоа е тоа без никаква фама. Ниту сум била воодушевена што повторно се враќам в клупа, ниту пак сум се тресакала од земја за да не одиме. Се знае што започнува од 1ви, што ме очекува и поради која причина, и се прифаќа. Толку едноставно. Сега е поразлично. А се сеќавам пред неколку години кога размислував за времето сега, како едвај чекав да почнам со студии и да го освојам светот, за уште поголема слобода. Верувам дека имам сила и можност да го направам тоа. Не би имала никаков проблем со одвикнување и недостигање од работа која претставува само формалност, ама знам дека ќе ми фалат ходниците и фамозниот 1ви наредната година. Тогаш веќе нема да има важност за мене. Сакам повеќе обврски, сакам пополнет распоред и време, ми фали да работам под притисок. И би што побрже да започнам. Да се фрлам на работа.
Добредојдов на форум. Дека повеќе уживам во женско друштво, мамино синче ама не толку зависно од мајка му. Да ме трпите и разбирате...
СДК 1 Сите некогаш сме помислиле лошо. Сите сме опцуле. Сите сме навредиле и повредиле. Сите сме потцениле. Сите сме осудиле. Сите сме грешеле и уште многу ќе грешиме. Дај да не глумиме светци. Оној што греши, греши еднаш. Оној што му лови грешки, греши милион пати. Приказната секогаш има многу агли од сите нејзини страни. Да не се фокусираме само на она што нас ни одговара, оке? СДК 2 Многу работи ми недостасуваат. Има личности што ми фалат до бескрај. Старата јас, во ваква ситуација ќе останеше во кревет и ќе плачеше со денови. Оваа јас од денес, научила да функционира со она што го има, во моментот што и се пружа. Ќе бидам себична друг пат. Сега само ми се ужива... чисто, без никаков повод и причина.
Обожавам да си седам додека надвор е свежо и дождливо а јас облечена по блузон нагоре и пижами надолу. Па и уште чорапчиња... ајде ќе дојде и есен!
На некои луѓе не им бев тоа што мислеа и очекуваа од мене...ама за жал им бев повеќе отколку што заслужуваа!
Човекот е најпростото животно на планетава за наједноставните работи. Тој обожава некој невидлив Бог а ја уништува видливата природа несвесен дека природата која ја уништува е Богот на кој треба да му се поклонува.
Секогаш кога ќе ми се спојат жиците ќе замижам и си замислувам како мојата сестра ми вика батеее стој. Инаку највеќе ме нервираат бандитине со коли на Водно,возам точак ме поминава и се дерат како ненормални. Што вие бе луѓе болни ли сте? Аууууу муууу ццц