Пред малку 2 црни мачки ми го пресекоа патот Јас ова за среќа си го сметам бидејќи нели една е несреќа па вторава ја поништува и доаѓаме до среќа
А ако и пресечам јас пат на црна мачка не е свесна што малер ќе ја снајде Многу ме нервираат членки кои пиуваат само кога сакаат нешто да прашат. А цело време следат и се онлине. И ако им отвори на профилот само прашања се, а да помогнот да одговорат кога некој бара некое мислење слично искуство нигде ги нема. Себичност е тоа!!! Конкретно зборувам за темата Подршка, Вештачко и Труднички!
Некогаш ми иде да си седнам самата во некоја кафана онака фино лепо да се начукам убаво, и да заборавам за момент на сите маки и проблеми, во мојот живот... Ама ми иде ете така моментално тоа да го направам, и послеее све ке ми биде рамно и прамно
Се разбудив со дупка во стомакот. И, мораше итно да се пополни, а сакав варено јајце. Ама,кој да го чека,побогу. Ете, за тој дел не се бунам...ако ми го поврзат мозокот со компјутер и пред да се разбудам.. да се пренесе таа команда: да се свари јајце или што год За се' друго..строго контролирано да е тоа,технологии и глупости.
Убав ден. Убав празник. Пред малку се вратив од црква. Се причестив. Никогаш не знаев да го опишам чувството после излегување од црква. Не знам ни сега. Но се чувствувам преубаво. Душата ми е исполнета со некој посебен мир. Нека ни е за многу години празникот. Богородица да не чува сите и само убавини да ни дарува.
Сдк, ова лето во најжешкото се разболувам 2 пати. Што малер ќе бев. Сдк, ми фали штек близу до креветот да можам да си фурам на таблет кога снемува батерија. Сдк, ми се гушка некој.
Страшно многу се изнервирав Добро бе луѓе од кога за во црква да запалиш свеќа за здравје треба да си со кило шминка на себе ? Ај тоа, ама со crop top маица на себе и шорцеви до под газ Во црква ли ќе се докажуваме ? Тажно и жалосно
Мене некој да ми пише за роденден на Фејсбук цитирам ,, СР,, или ,, HB ,,, нема да го избришам од френд листа, или да му акнам блок... ќе му го пријавам профилот за лажен во Фејсбук! Фмп.
Земав да си пишам за Богородица касно сфатив дека сум се избламирала. Уствари срамота треба да ми е. Сега не пишувам ништо, убила ме туџа срамота. И за 4 дена идам на одмор, гасам интернет и чао. Едвај чекам.
Погледни ме судбо право во очите и покажи ми каде да продолжам. Однеси ме таму каде што мислиш дека би требело да продолжам.
Сакам да викнам...Ваууууууууууууууууууууууууууууууууууу...колку некои луѓе знаат позитивно да ме расквасат.....Вауууууууууууу
Dali sum jas edinstvenata koja e na stranata na Tom od "Tom i Dzeri"? Poor kitty Mal dosetliv gjavol e Dzeri.
Ако ми се пружи можност да изберам некаква натприродна моќ, би избрала да можам да манипулирам со времето. Убавите моменти да траат подолго, лошите да завршуваат за миг. Чекањето да не е толку мачно. Зашто секогаш ни се чини дека е обратно... Секогаш!
Некогаш и најслабиот ветер е доволен да подигне песок во пустина... така е и во животот, некогаш и најмалиот знак на внимание може да те направи најсреќна на свет