СДК... Годините на факултет ги поминав во одржување на мојот блог. Еве, факултетот го завршив, а со блогот продолжувам исто како и претходно. Најверојатно блогот ми беше замена за посетување на форуми, но сепак има разлика! Слободно може да се каже ова. Би сакала да ме читате и таму (некои од овде ме следат и таму), за да се запознаете подобро со би рекла дел од моето секојдневие, да ме запознаете подобро преку моите мисли и нешта што ги објавувам. Присутна сум на социјалните мрежи постојано (всушност не ни бев отсутна никогаш, освен што не ве дружев овде), и сега дури гледам колку работи сум пропуштила конкретно овде. Како основношколец кога ќе натрупа лекции по сите предмети и после тоа не знае од каде да почне и што побрзо да надокнади. Блејм он ми! Повеќето ми го препознаваат ликот од времето на самите почетоци на порталов заедно со блогот, па потоа ме знаат и по модераторската улога (сега веќе екс модератор) Се менуваат работите, еве кај нас се промени и владата, се воведуват новини и промени, решив и јас да воведам новина - повторно да минувам одредено време овде. И така ви велам, како поранешен член „со функција“ мислам дека форумите никогаш нема да го изгубат своето значење и влијание кое го имаат. Нема со нив да биде исто како со весниците, зошто според мене ќе бидат пристуни сè додека постои интернет. И така, споделив минимален дел од мојата приватност тука, и добро е кога човек знае за мера, кои работи се за споделување, а кои не се од доста причини. Не ги набројуам причините. Почнав веќе да се осеќам како професор кој држи некои предавање. Понеделнички раздрдорена во темава, ќе речете ексик. Среќно на сите кои почнуваат со новата школска година (и патем, ѕирнете ја колумната поврзана со оваа тема на мојот форум). Не знам дали да ставам линк, да не испадне како реклама. Ај во спојлер ќе го ставам: Спојлер https://krajbrezjenadvasprotivnisveta.com/2017/09/04/учиш-додека-си-жив/ Хепи мондеј еврибади
Животот полека ме припрема за страшниот упис на факс каде што се пополнуваат по 10 уплатници во пошта внатре со 100 души кои нервозно чекаат да платат сметки. Денес станав порано по некоја случајност, а вчера почнав да се мешам со луѓе да го разбијам тоа анти-социјално расположение. Ги потрошив сите пари по чоколада и скапи сокови сега ќе јадам борови шишарки од денес!
Дали само кај мене се се случува обратно ? Сега , додека го пијам утринското кафе , се навраќам низ спомените , и сваќам дека цел живот се што ми се случувало , се било наопаку До мене е или до околината , тоа никогаш нема да дознаам , но што е многу , многу е
Го знаете онаа чуство кога животот ви се средува,пресреќни сте,уживате во секоја минута а всушност за некое време ке си одите од тука. За жал се што е убаво кратко трае.
Поминаа 35 дена од мојата диета,и еден од нај стресниот период во мојот живот, -15 кила,не памтам кога последен пат сум бил оваа килажа.
- Имам лоши неколку дена. - Ајде утре после работа ќе пиеме нешто. И така. Може да е едноставно. Затоа секогаш ќе ми биде дома. И да сме далечни, и да не сме ништо, и да ми стане само познаник, ќе биде мојата дефиниција за "дома".
Nozete se uste treperat ...ama go napraviv prviot cekor... Medju ludje sum...se vrakam nazad .. Ubav bil zivotot be...
Замисли читаш вест дека принцот и принцезата чекале трето дете и да коментираш на објавата: - Честитки до кралското семејство Лесна бременост убавице Нека се роди живо и здраво Замисли да ти тргнува синот за 3та година средно, да го сликаш пред врата, да ја оставиш сликата на фб и да пишеш: - Лесно да ти минат дните во школо, сонце на мама Само петки да редиш злато наше Па ти коментираат некои Петранки и Стојанки, а ти да враќаш на коментари: - Фала Стојанке, и ти да си иФчекаш Замисли на профилна слика, на некој да му пишеш: - Ана, како е мајка ти? Се врати од операција? Замисли да споделуваш објави од Иван Исцелител, од Исус како е распнат на крст, од Владо Павлов. Замисли ова да беше само една шега и се да беше измислено. За жал реални се случките и луѓето...Тие луѓе и во моментов се на социјалните мрежи, се крстат на икона на фб и му посакуваат пријатна вечера на Џорџ Клуни (на некоја рандом страница што им излегла веста дека Џорџ јадел).
Гледам денес дечиња првачиња. Некои насмеани, некои збунети и само молчат, некои плачат и не ја испуштаат раката на мајка им. Среќни родители цел ден објавуваат слики од своето прваче. Се сетив кога и јас далечната '98 тргнав во прво одд. Бев среќна, пресреќна. И еве денес кога ги гледам дечињата посакувам да бидам на нивно место. Нема ништо поубаво од тоа да се биде дете...
мамо сакам на кошарка да ме запишеш...мамо ми требаат тетратки...мамо утре за во школо ми треба... мамо може надвор....мамо...,а тато некогаш да речевте... ама не... тато не е мама..
Русата коса не била впечатлива, преферирала бринети, за ништо на светот не би ја променила својата природна боја... после неколку месеци ја гледаш ги распрашува жените за руса фарба... Што е ова одеднаш, да не примети дека дечко ти сака плавуши? Не е важно, важно после толку инает си дојде на моето и уште еднаш потврди дека сум во право Ај со среќа сега во обидите да ти фати бојата. Лабилни луѓе everywhere...
Денес по социјални мрежи повеќе прочитав саркастични статуси и твитови за мајки што поставуваат слики од своите деца првачиња отколку што actually видов поставени слики од првачиња... Мислам, океј - и јас сум против претерано лигавење и нападно споделување поинтимни животни настани со повеќе слики на интернет, ама навистина и со мрчењето се претерува. Исто и од оној аспект на носталгија... да, и јас сум 90's kid (и многу носталгична личност, за волја на вистината), и во моето безгрижно време беше многу поинаку, но сосема нормално е дека сега нема само вода да им фрлаат на децава, туку млади модерни мајки со пристап на социјални мрежи и ќе го овековечат тој момент со по некоја слика за сеќавање. Дете тргнало на училиште - ма голема работа, родителите извршиле само должност кон државата за да не плаќаат казна и почнало со обврски... Кога ќе стигне до полуматура, па и матура - пфффф, само се описменил/а и завршил/а задолжително образование... Кога ќе апсолвира и дипломира - ех, тек сега го чека вистинскиот живот и мака со барање работа... Исто и смеење на слики од запросување со she said yes сум видела. Па кој повод е доволен за човек да се израдува според вас генијалци? Пак ќе кажам - не е во ред да се претерува, ама нешто не штима ни во тоа гледање нешто што пречи и причина за сарказам во секое обично споделување на некое достигнување и настан.