Сдк Никогаш не ги делев лугето на вакви или онакви , ниту осудував некои нивни постапки. .. Имаше едно девојче моја генерација , и пред 10тина години ја биеше лош глас , дека одела со кој ке стигне.... Денес случајно пиев кафе со неа , до неа седеа нејзините две мали прекрасни дечиња..... Зборувавме општо за животот и за лугето.... Почна да ми кажува како пред 10тина години се заљубила во еден... Тој си играл со неа ... Долго време ... Таа многу го сакала , но тој ја оставил и се оженил за друга ... Толку многу се разочарала , ниту и бил мил животот... Пробала да се самоубие... Но не успеала во тоа.... Потоа ништо не и било важно .... Излегувала со кој ке стигне.... Воопшто не размислувала.... Ми рече : Не ми се живееше , немав емоции , немав причина зошто да живеам ..." После некоја година се омажила за еден ( сегашниот сопруг) кој е 17 години постар од неа , и си има две прекрасни деца .... И ми вели преживеав пекол , но најдов добар човек и си имам деца за кои живеам ... Сега ми е добро . Јас сето ова го знаев но не се замарам за туги животи... Единствено не можам да ги сватам ( не) лугето што ја оговараа, ја осудуваа , а не знаат низ што поминала... Зошто нелугето се додека не осетат на своја кожа осудуваат ? Зошто ? Знаат ли што му се случувало на некого па затоа се промениле ??? Животот е непревидлив , еден ден судбината ке/ни забие нож во грб што дури сме живи не ке можеме да се опоравиме и ке го паметиме тоа , како игра на судбината....
Конечно ергенчето од понеделник пак ми почнува, едвај чекам да си го гледам пак филмот, ми фалеше многу А и патем да кажам новата серија љубовта на мојот живот исто ми се допага многу, преубава серија е, можам да кажам дека од прва епизода и таа ми стана омилена серија. Мислам дека од вљубениот ерген, и од љубовта на мојот живот нема, и немало поубави серии, нема ни да има. Што вика мајка ајде сега и овој ли ке го гледаш, од твоите турски серии не можам филм да си гледам  Шу да прам мајче кога ги сакам сериите
Некогаш се навраќам на дамнешни пријателства кои што се оладиле поради ред причини и ме фаќа носталгија по тие денови со тие луѓе, бидејќи во тоа време биле прекрасни, а јас се трудам да се сеќавам на луѓето само по добро. И така во духот на носталигјата по минатото време ѝ пишав на една личност, чисто онака и одговорот кој што го добив беше толку егоистичен, за да од тие два реда муабет да разберам дека постои добра причина зошто некои пријателства завршиле. Не ме заболе, не ме направи несреќна ни за секунда, напротив. Затоа што и од себичните луѓе се учи, а јас нема да бидам таа која што ќе собира негативна енергија во себе. Ова ме потсети на стар албум со слики, моменти засекогаш зачувани на кои што се навраќам повремено и се сеќавам само на убавото од тоа време. Па така и со завршените пријателства, се навраќам бидејќи ми било добро тогаш и иако сега сме речиси странци, го славам сеќавањето на нив.
Врие мигранти во Скопје,не ме чуди и веќе да си земале станови од владата и можеби и работат,само се скриено се работи,но ако баба лаже трап не лаже,каде ли живеам се прашувам?
Убаво е кога си независна личност во животот и заработуваш за себе, ама уште поубаво е кога нема да им бараш од дома пари за кафе и цигари иако заработуваш. Среќен празник! И две години сум овде со Вас. Првата супер си поминав, вторава климава. Не е до времето, луѓето се менуваат.
Луѓето сами си ја бараат бељата па наоѓаат две. Па плакаат мислејќи дека никому не сториле ништо лошо и се чудат од каде ги снашло бељата.
Како може сра*е како ОВА да има 264,775,904 прегледи за ДВЕ недели, а РЕМЕК ДЕЛО како ОВА да има САМО 56,611,868 прегледи за ЧЕТРИ месеци?!
Жената знае да чека. Да сака. Знае да разбира, да простува. Но, знае и кога треба да воздивне и да напушти се.
Имам приметено дека работиве секогаш функционираат кога камшикуваш по нешто, а не кога чекаш на тоа некој да се сети дека ти треба помош. Требаше да се раздерам и да кренам некого во воздух за да ми се помогне. И тоа е за жалење, не е за смеење.
Мојата мајка ме правеше срекна, ми ги бришеше солзите, ме гушкаше силно, го гледаше мојот успех, го виде и мојот неуспех, секогаш ме храбреше да продолжам напред ❤ Те сакам единствена моја мајчице ❤
Дечко кој го имам на фб копирал дел од мој пост и го објавил. Хахах кој не читал а можеби и е член а можеби и тој пишува Ејј другарче не е лошо и јас некој пост да си ставам на статус
Сдк... Ми се ожени бившот го сакав , премногу.... Бевме заедно неколку месеци, прекрасно поминато време, јас 14,тој 18....вистинска првата љубов.. Се скаравме.....си фати новата женска, по 10 години, се скараа, наводно тој ми кажа дека до 7:30 излегувала со другарите сабајле го изневерувала, нз и таа се ожени за друг, трудна беше..... Се гледаме, се покајав, го молев да се смириме, не сакаше, напредно почнал да се гледа и со една моја другарка, знаете која болка? Потоа си фаќа женска, разбрав дела одела со повеќе дечковци, а се познаваше и по облеката... Се скара со неа, мене ме бараше само за потреба, не одев, си фати друга женска, се скара и со неа. Имам уште милион работи да кажувам... Не ми веруваше дека бев во период на анксиозност и ми се смееше дека се преправам. Денеска се ожени, за таа со облеката, инаку со неа сме куќните пријатели.... И? И плачам, да... Згрешив ли при не се обидов повторно да го придобијам? Јас ниту еднаш никој немам изневерено... Зошо ова ми се случува???
@GirlLove не си згрешила. Заслужуваш многу подобро. Не те ценел вистински и очигледно тој губи во оваа ситуација. Никогаш не треба да дозволиме да ни бидат приоритет луѓе за кои сме само опција. Сега е женет човек и нема веќе потреба да се замараш со него.
A што има врска тоа дека носи екстра кусо и јака шминка, а за маживе како би се познавало дали одат со повеќе жени.