Не клевети некој кој не го познаваш,лошиот збор брзо се шири наоколу од еден на друг,некој може флека да добие ни крив ни должен. Имам осетено на своја кожа затоа и ви порачувам и на вас да не кажувате неточни муабети,па и да е така секој си живее за себе.
Изрази од типот ма и мори ме асоцираат на немање основна култура. Не се сите како мене што одат некаде со алал на поводи на честитање, зошто како и од кои причини ова го велам, јас си знам. Се каам, за некои работи се каам многу, не знам како да си ги простам некои постапки и некои личности! На никого немам намера да давам отчет и да полагам сметка што и како правам во животот мој. Нема потреба да одговарам на некои прашања од некои личности кои ги сметам за непотребни! Се изморив, се исцрпив максимално ко за славеник кој требал да ужива во денот! Од утре враќање на стари навики за здрава исхрана, обнување на мозочни ќелии со книги и музика, малку шопинг и одмор од луѓе и бучава, за посладко да ми биде кафето и да ја одморам главава. Ми недостига енергија, не знам зошто и на кој начин но луѓево ме исцрпуваат!
Не знам која е потребата да се пренесуваат информации за одредена личност за која некому претходно сум се изјаснила во доверба. Тоа покажува колку е лицемерен светов.. Уште поинтересен е фактот што мислат дека тоа нема да се дознае. Дечки, денес ништо не е тајно, а јас не сум вчерашна, во ред? Мразам кога ми се потценува степенот на интелигенција. Не ја носам круната, ама ваквите ниски удари ги читам како селски буквар. Многу ниско и безобразно, ама нека ми биде лекција за друг пат. Џабе ви е образованието, кога умствено сте лековерни и плитки. Знајте дека знам се`, поздрав.
Со оваа реченица ми даде идеја поточно ме инспирира за нешто кое одамна го мислев за да сега сето тоа го напишам во СДК . Се извинувам,не се надоврзувам со предходните постови само со првата реченица ти го потврдувам тоа што го кажа во твојот пост... Да точно, не се суди по изглед, облека... СДК дека!... Многу зависи од тоа карактерно каква е личноста поточно во душата. Јас ги обожавам тие уредно средени девојки кои знаат да си се средат и се со убав карактер. Ем паметна ем секогаш средена тип топ, во нив има нешто креативно... Тоа е чуство на уникатност, а не резервна копија.. Поточно уметничка душа. А најмногу ми одат на нерви тие кои немаат друга занимација во животот и да си се погледнат себеси а зборат наоколу за други, а таа која збори да ја погледнеш целата затестена во главата во маслосани тренерки,несредени веѓи... или мини, шорц... било што на неделирани нозе и тера(тоа ти се вика самодоверба на ниво маче! Ајмо да бркнеме нешто ) или, стаила нокти на козметичар ноо со еден тон кал под нив кои не си ги очистила една година (а запази, ти вели дека имала сет за нокти и правела нокти и после еден час ти вели "даајј ми линк од таа што прави нокти да и пишам" - се извинувам од лично искуство тоа ) и само гледаат да превземат некој од некоја, ааа не од што го сака таа пак друг ќе си најде само кеиф и е да ги скара Дотолку се уверени во својата "убавина" дека со сила се се може а немаат грам мозок, башка нејзе под тренерки кој и ја видел каква и е? што има врска облеката? Финтата е што таа се крие зад тренерките? Баш од таквии да се пази човек! Глумци! А кога сме во делот на другиот тип девојки... Баш преминуваме кон главнотот... Ги има многу паметни девојчиња кои си следат стил на облекување и тоа им е приоритет во животот. Значи си има занимација во животот ја бива за нешто.. Во зависност што ќе биде тоа.. шминкање или било какво хоби... Битно се занимава нешто, ја бива за нешто, прави нешто... и секогаш кога ќе ја видиш е со перфектна шминка.И средена од глава до пети.. Всушност таквиите личности ми се посебни тие се насочени само кон едно нешто во животот и само на тоа мислат (а не да се упикуваат каде не им е место!) Тие се уметници, тие се креативни од ништо прават нешто. На пример да ја земеме таа која шминка. Таа само мисли што да купи ново, па да напише рецензија за истото, гледа туторијали за сенки или било за што и да станува збор од парче козметика и ќе го истражува со денови (и да, не гледаат само мажи, доволен и е еден! ) така исто и со останатиот дел хобија кои ги поседуваат уметниците. Едноставно ги обожавам и секогаш зрачат со позитивна енергија ради тоа што се свои и не се љубоморни и при тоа да копираат други. Уникатни се, можат само остатите нив да ги копираат. Најмногу ми се допаѓа тоа што знаат што им е добро за себе знаат што сакаат, никого не тормозат(од типот да се прават разгалени да се лигават незнаејќи што сакаат),тие самите се свесни што треба да прават во одредена ситуација и секогаш се силни и упорни во намерата бидејќи за сето тоа ја користат својата креативност и вештина која ја поседуваат и со која успеале да создадат уметничко дело.Знаат што поточно сакаат и им треба и им е корисно истото, потоа со мерак го бираат нештото и е вредно за нив и си го чуваат, ја ценат вредноста на нештото и не посегаат по туѓото за било што и да е.. Исто и во делот за љубовта е така кај нив. Штом ја откриле љубовта во уметноста и тоа за нив е скапоцено нешто, тие веќе знаат што е љубов и дека тоа е вредно нешто кое не се купува со пари, баш исто како и нивната вештина која ја поседуваат и уметничкиот дух во нив. Ради трудот кои го вложиле во неа-уметноста, научиле да ги ценат нештата... Задоволни се со малку и со тоа колку имаат и што имаат...Немора да значи дека за сите уметници се такви но вооглавно често тие кои си имаат занимација и свој живот не се замараат со туѓи животи. Ете таквии личности ми се допаѓаат... Кротки, мирни, ќутат, ќутат и само одеднаш ќе изненадат со некое дело и вештина!
И јас сакав да кажам дека облеката нема никаква врска само тоа го кажав малце на поинаков начин, но како и да е се што кажа го кажа на место, јас немаше вака да го составам. Бравоссссссс
Се ближи месец Октомври. За празникот на 11ти, планираме да ја посетиме Романија, Трансилванија. Ќе видиме многу знаменитости во оваа стара држава, меѓу кои и замокот на Дракула (ја сакам книгата!) и неговиот вечен дом. Едвај чекам да се мавнам малце оттука, да вдишам нов живот и поинаков свет. Деновите бргу проаѓаат, јес!
Кога ке се сетам на некој момент од мојата мајка,почнувам да плачам,затоа што душата ме пржи,ме боли,ми се распаѓа од болка.А другарите ме гледаат и се чудат,си викаат еј овој отишол со паметот,готов е се швркнал со паметот,а не се свесни колкава е огромна таа болка,болка која го руши светот. Господ да ви ги чува родителите од болести и зло.
Врнежливо време и немирни сонови. Но ова е јаве и мораме да тежнееме да го бараме Сонцето некаде позади облаците. ♥
Сакам јавно да и се извинам на @Nigredo Odor за мојот арогантан однос,најмалку моите фрустрации.заслужи да го исфрлам врз тебе. Прости ама имам тежок ден
Сите лажеме. Сите. Почнувајќи од лажната среќа, лажните насмевки како да ништо не не боли. Се смееме прикривајќи лузни, прикривајќи солзи, прикривајќи го крварењето. Се бориме да преживееме. Се бориме со надеж за подобро утре. Мора да бидеме добри, мора да бидеме насмеани. Колку и да е тешко, ако потклекнеме, готови сме. Кого лажеме ние...
Сакам да кажам дека успеав. Успеав да ја видам и добрата страна на животот, успеав да ја прифатам смртта, успеав да не се расплачам кога ќе се сетев на мемориите поминати со тебе....успеав.Сфатив дека животот е прекраток за такви работи, сфатив дека овие месеци поминати во плачење ми поминале без никаква цел, без смисла на живот, без љубов и без смеење.Овие месеци ми поминаа гледајќи на направените грешки во минатото.Сфатив дека треба да ги согледам грешките и следниот пат да постапам поинаку, да ја планирам иднината и да почнам со нејзино остварување.Секое лошо искуство е подготовка за друго добро искуство.Секоја затворена врата или поглавје ме води кон нова.Ништо што ни се случува не се случува за да не повреди, тука да не направи уште помудри,подобри,почовечни,посвесни...Сфатив дека годините ми се нижат а јас имајќи можност можам да изберам како ќе делувам во сегашноста и што ќе оставам како минато и како спомени.Дали нешто со што ќе бидам горда и задоволна или тажна затоа што не сум направила а сум можела.Затоа што животот е карта во еден правец, без можност за повратен билет.
Другарките секогаш се свети за мене и грб што го чувам по секоја цена. Ама кога ќе појде човек со најдобрата другарка на викенд, кога се залажал себе додека се пакувал дека ете така ќе избега од се за миг и кога од неа ќе слушне се она што ни сам не си го признал среќен е верувајте... Среќен што има некој кој толку го сака, го познава, го поддржува и на мигови го штити од самиот себе! Да живеат ваквите другарки.... ја сакам, знае таа, ама нека си трепка овде!
Сдк дека немам волја денес за ништо . Немам сила ниту пак сакам да средувам по дома , да излезам некаде , да ме фати воздух .. не знам зошто . Овој ден сакам само да лежам во кревет и да пијам топло кафе . Толку
Гледам технички уред, еден господин го донира на кој сака. Пишале луѓе во потреба, навидум со нормални примања. И пишува жена член на здружение за категорија загрозени граѓани и ги соборува претходните. Се инспирирав да го пишам ова, но зошто? Од првите кои пишаа за донацијата навидум добро стоечките, едната приказна ја знам. И е тажна и навистина има потреба... Ама ете... под плаштот на сожалувањето и срамот да се одбие некаква организација од тие што взаемно немаат се зима... И така отприлика функционира секаде во светот. На грбот на најзагрозениот се печали... Чудна сабота. Неубаво чудна. Сонував војна. Моите непланирано ќе одат да "одмараат". Ќе ги мислам. Само да е се добро и да се они добри...