Se poveke stanuva naporen i mesecov, ne samo nedelava. Cela godina se plasam od ovoj 09.2017 da se nadevame na ubav kraj...
Недела е ден да го поминеш со семејството, со саканите... Недела е за да си ја разбистриш главата. Да си ги средиш мислите. Да се релаксираш. Недела е за да седнеш на маса со блиските, да зборуваш, да се смееш. Затоа ги мразам неделите. Зашто немам со кого да ги поминам. Зашто во недела ми минуваат низ глава сите глупави работи кои ги имам направено. Или ме боли главата од саботата вечер. Зашто во недела се ми се враќа. Зашто недела е за некои подобри луѓе.
Сдк некoгaш ќе ми се случи дa се рaсчитaм вo некoјa темa, дa рaзмислaм oд кoјa стрaнa нa дискусијaтa сум, дa пoчнaм дa пишyвaм свoе мислење и некaде при крaјoт сфaќaм декa не ми е гaјле зa темaтa и не гo oбјaвувaм. Пoдoлгo време гo читaм фoрумoв и честo имaм рaзмислувaнo.. кaкo вooпштo нaстaнaл. Знaм декa требa некo дa гo нaпрaви, aмa зa дa функциoнирa фoрум требa членoви, a пoвеќетo се зaчленувaaт нa фoрум кoј веќе имa пoвеќе членoви и дискусии. Знaчи би требaлo некaде вo 2008 или кoјa и дa е гoдинaтa кoгa е нaпрaвен фoрумoв дa се сoбрaле некoлку девoјки штo пoчнaле дa пишувaaт и пoсле се приклучиле и други. Мoжеби. Mankind will never have an awnser. Кoјзнaе дaли некoи oд првите членки се сеуште aктивни. Спојлер Дефинитивнo требa дa спиjaм.
Што да ти кажам, Билката и Михајло се Адам и Ева на форумовСе си има почеток, тогаш многу време губевме дур се снајдеме оти ретко кој знаеше како функционира форум, битна беше дружбата. И дур видиш се збрало друштвото. Ама почетоците беа со друго друштвоИ то
Местово од ден на ден го сакам се повеќе.. Особено кога и сред лето ја гледав истава температура Мислам дека треба да си се спакувам и да се преселам
Тамн ќе се вратиш од одмор и ќе ти звони телефонот. Ајде на кафе. Една иста книга читам 20пати и не ми доаѓа памет. Ќе го прифатам кафето и ќе продолжам по својот пат како и до сега. "Книга ќе врви уште за тебе ти само игнорирај ја". Убав ден.
Го планирам животов. Или барем така мислам. Тој ми е светост. Го чувам во една малечка соба на таванот од срцево. На вратата има сина панделка со жолти точки и звоно големо колку камбана. Да чука секогаш кога тој се смее, па да слушам и да се смирувам. Чиниш мала соба на почеток, но со големини и височини колку цели сонца за издигање во мрачно утро. Без почеток и крај. Круг за трчање се додека убавини цутат во душава. Ме смее до стомакболење, па ме гали да ми смири секаква тага и жолчен трепет кој некогаш тивко ме мачи додека зори зазоруваат и ноќи заноќуваат. Ме лечи како магија. Се ми поминува кога ќе ме гушне. Па се потсетувам дека некогаш тоа беше мајка. Таа ќе ми ставеше рака на лице и забоболката магично ќе исчезнеше додека јас мирно потонував во сон. Се прашувам дали таа му предаде дел од таа нејзина сила нему... Да ме чува кога сите ќе заминат, а таа нема да е тука? Да ме чува од други погледи, раце, болки, зла? Се прашувам дали таа, златна моја, спие мирно кога тој ме зема во своја закрила? Би сакала да е мирна, зошто тој е се што сум сакала од животов.
Вработена во државна институција,образована,со факултет,за маж вика маШ,како бе маш?и викам што е тоа маш?вика абе човек маш бе маш,викам колешке мислиш МАЖ,да де вика на тоа мислев.Човек да се чуди,што све нема да чуе и види во денот.Али тоа е Господ некаде повеќе дава,некаде помалце мозок.
Не знам дали е нормално АМА.. Имам мачорче кое буквално комуницира со мене. Четири години го чувам, и буквално се` разбира до степен да ми одговара на прашањата. Мачорче кое точно знае да покаже радост, тага и лутина...До душа ова последното најмногу. Многу го сакам. Најмногу на свет. Срцето ми се пара ако не му е добро. Пред три години ми го однесоа на кастрација, и додека беше надвор од станот чувствував огромна тага и празнина. Цело време го мислев, и кога го донесоа под дејство на анестезија душата ми се тресеше. Кога заздраве, постепено почнав да го дресирам. Да го дресирам да ми враќа топчиња и предмети кои ги фрлам на далечина. Да го дресирам да ме лови дур му се кријам, за потоа оно да бега и јас да го ,,ловам''. Заедно научивме како да дојдеме до големото пластично цевче закачено на вратничката од плакарот со скокање. Научивме како да се шетаме надвор и без каивче. Со еден збор, на чување земав маче а добив кутре. Кутре кое на моменти е многу тврдоглаво и кога е луто знае да поткине некоја маичка, и да испушта чудни крици додека го карам. Да ми покажува со шепенцето накај играчката кога сака да игра, да отвара кваки од врати итн. Често му кажувам, ама еве и овде. Душичка си ти, сиво гуденце. Моја мала опафка, принцес крофничка, пеперутка. Oбожавам да те галкам и спијам до тебе, мекано мое зајкиче.
Сдк Денес понеделнички ми дојде надежта , си викам што идеш кај мене , немам верба во тебе !!!! Она упорно ми влегува во мозокот , во душава , во срцето .... Ми дава надеж за работи кои не се возможни , кои немаат допир со реалноста .... Немам верба во надежта , нема и никогаш да имам .... Убав ден на сите
Она кога фејсбук меморис ќе те врати назад во едно убаво време, и ќе те потсети на личноста која секогаш ќе има место во твоето срце
Има ли тука такви кои што само се молат за некои одредени желби, и лежат на тоа уше дека дедо Боже еден ден ќе им го даде тоа замисленото? Чекаат ли и други ко јас да чукне часот за да нешто се случи? Има ли некој што така чекајки му се исполнила желба, на пример дека еден ден се ќе се среди, дека ако денес немаш утре ќе имаш.. М?
знаете како на романтичнине комедии и серии несмасната срамежлива девојка ќе се удри несекајќи со дечкото што го свиѓа и одма тука ќе се развијат чувства и емоции и на типот нејзината несмаснот му е мн слатка па ја вика на кафе или на некое уникатно место.Епа ин рил лајф згодниот дечко шо оваа несмаснава (читај ја) го свиѓа ја гледа збунето и нервозно оваа несманава шо само дрдори и црвенее пред него.
Луѓево..страшно нешто. Ок значи да си барам строго дечко што нема другарки, никако дечко што има другарки и да бидам со него 24/7 никако да не го оставам да дише сам. Боже аман, фала ви на сите ама не сакам врската да ми биде затвор како вашите и нема да го дозволам тоа. Да дечко ми има другарки, да иде на кафиња со нив, да ме запознал со сите нив, знам кога е излезен со нив и да не знам боже аман не бидете напорни сигурно нема да ви докажувам на вас колку ме сака, колку прекрасен човек е и сигурна сум 100% дека нема потреба од вашата доверба има потреба од мојата доверба. Па, фала ви на секое известување кога ќе го видите ама нема потреба од тие сомнителни погледи ако вие сте навикнати на затвор и не си ги познавате доволно вашите партнери тогаш извинете ама самите себе треба да си се погледнете со тој сомителен поглед зошто тоа е далеку од вистинска и здрава врска извинете мнооогу ама јас стварно немам потреба од тоа. Убав ден.