Едвај го разубедив внук ми дека иако тој сака, не можам да се запишам во неговата градинка. Му објаснив дека сум стара за таму. Ми се насмевна и ми рече: Ти не си стара, само дедо е стар
Како тоа мене да не ми се дешава хаос во животов? Мислам, тоа не е замисливо! Просто немогуче. Мора едно да се среди, 10 да се расипат. Едно да чини, 10 работи да не чинат. Мора драма да има. Кога нема драма, досадно ми е. Навикнав на хаосот веќе...
Зашо зевате со отворена уста? Мислам никој не сака да ви ги гледа пломбите и недораснатата осмица. Научете се на манири, ве молам, покријте устата и скријте double chin-ot. Поздрав.
Здраво. Здраво октомври и тебе. Добар си? Некако почнав да се осеќам како на промаја кога пишувам овде. Може затоа и не пишував. Уште имам уплав од незатворените врати кои им се закануваа на бубрезиве уште од турското, ама досадно ми е и ми текна дека имаше едно прибежиште тука. Kако сте вие? Октомври не бил добар, вие? Во 6 месеци, трет пат се селам. Ме префрлија ваму у вукојебина кај што сонце искача само за празници. Ја сакам самотијата ама никогаш повеќе не ми фалело Скопје. Може ни таму не се гледа сонцето од смогот ама барем знаеш дека е тука некаде. Ваму не се грее душата. Нека ме црта до недоглед, само да не ми пречи во средувањето на куферот. Кај и да е ќе ми заврши проектов па ќе се вратам пак назад дома, веќе се усовршив во пакување, не е проблем. Имам друга дома кај што морам да одам. Ваша М,
Кога обврските и недостигот на време налагаат чантата да ја претворам во торба не ме изненади тоа што наместо да ја дофатам футролата за очила, јас го уловив лимонот кој наспроти употребата за природна напивка му овозможив непланирана прошетка под октомвриското сонце. Ако немам време за себе, за него одвоив цели два дена во повратна релација. Следно на витаминското мени??? Малите чанти не се за секој.
Обично така си викаме после дождот сонце доаѓа,но некогаш после дождот доаѓа бура,но ајде да бидеме оптимисти дека некогаш работите ке се средат.
Малце се убавите работи во животот, ама па да бидеме песимисти дупло полошо, вака барем да се надеваме
Се возам низ Скопје и низ нос ми се плетка еден мирис. Застанувам на семафори и замижувам на секунда и пак тој мирис. Ммм каков мирис, ми се плетка јазикот, сакам да го вкусам тоа што ми го краде сетилото за мирис. Ау, кога ќе ми се расплетка јазикот со другата страна како страствен француски бакнеж, долг и полн со грицкања. Ќе си речам долго да ме мами овој мирис па да подголтнам. И конечно стигнав, на посакуваното место како вкусен шлаг кој се лиже.. Конечно мојот јазик ќе го вкуси тој мирис на парче пицаааа во Jacomo. После точно 4 месеци да си дозволам ваков луксуз со млечен кашкавал. Еее животе мисли ми распара денеска.
Годините поминуваат и некогаш ќе дојде можеби тој момент еј се најдов себеси! Се најдов себеси полека како дефинирана појава не од нештата што ги направив туку од нештата што не ги направив....
Ова е до модераторите. Да расчистиме некои работи и да сме на чисто. Прво, не ни сметам дека треба да се правдам но гледам дека некои луѓе се обидуваат да ми наметнат тука некои работи и се обидуваат да ме прикажат во поинакво светло, па затоа се решив да реагирам. Второ, станува збор за моето корисничко име. Јас досега никогаш не сум бил член на Фемина претходно, ниту пак имам двојни профили и сл. и немам воопшто страв да ги дадам сите податоци што ви се потребни за да го проверите ова. Спремен сум на соработка. Ако вие утврдите дека јас претходно сум поседувал некој кориснички профил кој бил баниран, бујрум, забранете ми пристап. Трето, тоа што јас немам некое си „фенси“ именце како „кокиче“, „тротинетче“, „цветче“ и некое си такво по „дифолт“ име (а имам плусови а за некои и крстови, кој како милува) не мора да значи дека јас одма сум некојси лик кој нема попаметна работа во животот освен да отвара профили на Фемина. Толку имам да кажам. Благодарам.
Годините никогаш не ми биле пречка за да гледам цртани филмови, баш напротив, мотив плус И гледајќи го Могли, гледам дека сите ние секој ден живееме во џунгла. Во услови кои животот вака или така ни ги ннаметнал, и имаме мечки кои се весели и ќе не расположат штом ги видиме, и тигри кои ќе не штитат по секоја цена и змии кои ќе не заведат и хипнотизираат со поглед, за да ни ја отрујат душата по некое време... Џугла, дефинитивно, ама да преживееме мораме нели??? Храбро, весело и со гордо крената глава!!!
Си играм со оган што значи дека голема е веројатноста да се изгорам по своја вина Ама нели што би бил животот ако не си поиграме со оган понекогаш
Иако не сум верник, некои ситуации прават да мислам дека имам ангел чувар. Денес чекав саат за еден преглед и почувствував како почнувам да имам паничен напад. Со тешко дишење, блага тахикардија, мисли кои не можам да ги контролирам. Се плашев долго време за денов, ама не мислев дека ќе имам чувства со тој интензитет. Мислам дека на моменти и се исклучував, само со телото бев во прљавата чекална. А до мене девојка во количка, со огромни болки. Си мислам, не ме боли ништо, добро ќе помине. Ама знам дека нема. Знам дека тоа што не ме боли ништо не ми дава сигурност, па сфаќам дека веќе и плунката едвај си ја голтам. И седејќи така, во стари развлечени хеланки и без грам шминка, со косата насекаде, си го слушам името. Девојката од количката ме праша дали сум јас, ми го следела блогот. Ме фати таква смеа, не знам дали заради бизарноста на ситуацијата, или затоа што и на мајка ми и беше смешно, или зашто кутриот блог седи напуштен две години. А јас фешн гуру облечен како бездомник. И се смирив. Фалеше мало внимание на моето постоење од некој непознат, за да се вратам во реалноста. Најлесно се смирувам кога станувам свесна за околината, кога слушам, гледам, допирам наоколу. И петнаесет минути во одвратниот апарат за магнетна резонанца веќе не мислев на себе, туку пробував да и ја испратам целата среќа на светот на девојката.