Сакам да кажам дека сабајлево уште нерасонета мозокот ме мачеше со Дај текила, дупла текила, дај текила...
2 Август, 8 Септември, 11 Октомври... денови кои ме потсетуваат колку почисто и повистинско значење имаа патриотските чувства како што ги учевме на училиште, и кога како деца не бевме запознаени со сите различни и на многу нивоа погрешни толкувања на истите од разни луѓе. Навистина мислам дека нема позлоупотребена вредност (која се користи и како корен за други искривени вредности) од патриотизмот. Патриотизам не подразбира сметање само на сопствената нација како единствена вредна, со хиперболизирања, измислени факти и теории за нејзината супериорност кои предизвикуваат потсмев кај секој разумен човек. Не подразбира ксенофобија и други таканаречени „фобии“, а толеранцијата за различности и противењето на закоравеноста не ги исклучува патриотските чувства и почитта на предците кај еден човек. А најмалку од сè е поврзана со која било политичка партија, и најмалку подразбира бранење по секоја цена на истата со карање и вреѓање на други луѓе на најниско културно ниво - дали со caps lock на интернет со непознати, или пак, уште полошо - дури и со блиски личности во реалноста. Патриотизмот како вистинска вредност значи познавање на својата историја, почит и благодарност кон луѓето што придонеле за земјата во која сега живееме да се развие во литература, култура, уметност, и слобода. Значи почитување на својот јазик и писмо - пишување секаде на кирилица и правилно. И значи пред сè желба токму во таа иста земја да има нормални и пристојни услови за исполнување сништа и идеали, и еднаквост за сите. Епа среќен празник луѓе, и отварајте ги широко очите и умот...
Ќе си легнам да спијам порано оваа вечер, секоја ноќ само 6 часови сон, веќе 3 недели. Колку и да мислам дека ќе издржам, сфаќам дека сум се излажала. И тоа многу.
Ќе го запамтам овој 11ти октомври по тоа што една ситуација доби друг епилог, ми удри шамар, ме седна на земја и ми порача да не гледам само за себе и дека не сум сама на светов. Дека со моето понашање можам некого многу да повредам. И на овој 11ти октомври се осетив вредна и сакана. Уште да знаев да го ценам тоа...
Во кој филм се влезени луѓево еј, дали стварно сте среќни? Има ли некој тип дупло стакло што држи добра звучна изолација, ама пак воздух влегува меѓу стаклата и е постојано замаглено? Во такви коцки се живее. Сакам сонцево да го гушнам, од љубов. Вели и црната боја за некого е среќна, ама мене сивило ужасно ме гуши. А да, среќна сум кога носам црно, ептен ми е за посебни пригоди. Што сакав да кажам? Модрици и гребаници, тотали нат секси. Уште со глава во ѕид да се удрам, барем и на чело да се обележам. Ми се зборува нешто, ама немам никој во канцеларија па дојдов тука да досаѓам Ме мрзи да се замарам со било што, освен тоа да најдам повеќе платена работа. И ужасно многу ми се патува. Денес го почнав денов со чај, ама не иде. Сакам да кажаааааааааааааааааааааааааааааааам.... убаво ми е
СДК колку ми е мизерно кога ќе слушнам дека некоја жена треба да е почитувана бидејќи МУ РОДИЛА ТРИ ДЕЦА на маж и Тоа се вели ,,си родиле три деца,, А вака звучи како да е стока за приплод, ете исполнила услов (МУ родила деца) за да биде тимарена
Кога сум на работа-сакам дома. Кога сум дома-сакам на работа. И јас незнам што сакам,а не пак некој друг....
,, Ако те оговараат значи дека нешо праиш ко шо треба! Ако се опседнати со тебе сакаат да се ти! ,, ,, Позади добриот коњ, прашина се крева. ,, и тако то... Сигурно и Хитлер така се тешел.
Доста позитивен и убав ден, не викам за џабе дека сонцето е тоа што ме грее, и топли секогаш Потрај уште малце
Јас ваква есен сакам. Сончева, топла и жолта. Кога ќе се разбудиш сабајле и ќе си помислиш: е ова е ден бре!
Cel zivot cekam nesto i nekoj...a ne zavisi od mene nisto u vrska so toa cekanje....aman be veke,aman....
Имам кажано и ќе кажам повторно. Ако некогаш се случи да наидеш на препреки по патот кој одиш, не застанувај тука, заобиколи го тој пат. Патувањето ќе биде подолго, но на крајот ќе стигнеш повторно на целта.
Овие брза кујна се ептен безвеза.Мајко моја зар некој ги готви тие рецепти. Почна се повеќе да губам контрола а и да неам трпение со било кого.Од шофери,контролори на јсп па се до луге кои се праат будали за да не чекаат на ред. Бев до бит пазар и видов една тезга со боксирачи,класични полициски пендреци,има сега и едни помодерни...ми вика да не сакаш нож иам ваков,таков...не не е до таму работата,за самоодбрана ми треба. "Ех бе Мартине тијнеџер коа беше не се бафташе со вакви работи" да си реков ама тогаш не беа сите под ваков пресинг,сега да ти е страв дете до продавница да пратиш леб да ти купи.
Ако јас можам да те прифатам тоа што си ти,кој ти е крив што ти неможеш да ме прифатиш тоа што сум јас.