Ако нешто е за тебе, никој не може да ти го одземе. Ако нешто не е за тебе, ни сам не можеш да го задржиш.
Човештвото денес... Во пицерија додека ги чекавме нарачките, дојде мало девојче да продава паломи и влажни марамчиња. Појде кај првите маси, ги молеше луѓето да купат и им кажуваше дека е гладна, ама никој не купуваше од паломите, ни пак и даде пари или нешто да јаде... Сите ја игнорираа или ја бркаа од масата. Собравме со другарка ми нешто ситни пари и ги дадовме....Одма за секунда дојде келнерот, го фати девојчето за партали и ја избрка, а после им се извини на гостите. (посебно на нас, зошто сме и дале ) После 15тина минути, исто кај првите маси дојде мачка. (на отворено, на тераса). Сите од луѓето почнаа да делат храна од својата порција и да и даваат на мачката И даваат месо, леб, парче пица, скара, и ја галеа. Келнерот ја виде, се насмевна и НЕ ја избрка. Девојчето (човек) би ја оставиле да умре од глад, а на мачката (животно) и дадоа да си проба од се по малку. Зошто истото тоа јадење не му го дадоа на девојчето? Зар не им беше жал така немилосрдно да се понашаат? Убаво е и на животните да им се пружи помош и нега, ама ако на суров начин се понашаш со луѓето што продаваат по улица или што просат- тогаш ич не глуми дека си хуман и добар човек, пошто НЕ СИ.
@JollyGirl, те сваќам што сакаш да кажеш ама реалноста е дека парите кои ќе ги дадеш нема да отидат на храна за малечката, туку некој возрасен со нив ќе си купува цигари и алкохол. Децата ни денар не добиваат од парите кои ќе ги испитачат. Во ситуации како твојата, храна давам ама пари не.
Истото ова што го кажуваш и јас го пишав, ама го избришав... Знам дека некој чичко надвор ја чека да и ги земе парите, ама за жал уште не ни беше дојдено јадењето за да и дадеме. Плус исти случки ми се имаат случено и со постар човек... Просеше, кажуваше дека е болен и гладен, ама сите го игнорираа... Дојдоа 2-3 мачиња па луѓето почнаа да се радуваат и да им фрлаат храна кон нив. (сите мислат дека човекот лаже и парите ќе го потроши на пиење, но зошто од храната не му дадоа што после ја фрлаа на под? ) Мислам ми ја сфативте поентата... Нема човештво во луѓето. Што ако парите ги однесе дома за семејството? Што ако навистина си купи јадење со тие пари? Што ако му требаат за лекови? Во повеќето случаи децата се користат како мамка за просење, ама јас од срце посакувам тие ситни пари да останат за девојчето.
Ех бе мажите биле посилен пол.... Хм.. каков силен пол кога огромен процент од нив заслепени од своето его, гордост, инает не застануваат пред жената што ја сакаат да ја зграпчат и да и кажат дека без ннеа не ги бидува.... каков силен пол кога тие истите се осудуваат цел живот таа иста жена да ја гледаат како е среќна со друг, баш поради недостаток на храброст... Ех.... ние жените сме и мали и нежни и кршливи ама барем сме ѕверки кога сакаме дури и со солзи и со трепет на телото знаеме гордо да речеме„ те сакам“ па што биде Сепак сме посилни, феминки мои
Луѓе со тазе стекната самодоверба, кои ја носат ко нови неразгазени чевли. Па мешаат дрскост, некултура и безобразие со неа. Неизбалансирани и преголеми од нивната реална големина. Усвари...сеуште несигурни и искомплексирани, ама сега со повеќе храброст.
Сдк се бара човек со храброст. тест на храброста-да пише кај Мелита на Инстаграм дека она и Иван исцелител би биле најјак пар ..
Понекогаш човек едноставно е изморен. Не е ниту налутен, ниту осамен, ниту заљубен едноставно само изморен.
Само пишувам и само бришам. Само сакам нешто да кажам, ама се предомислувам. Ми сметаат звуци, ми смета светлина. Сакам само да си лежам во кревет, и буквално да не правам ништо. Сакам да си лежуркам со мачките.
И како што некоја паметно заклучила дека изгледа за девојчиња е дури и препорачливо, да се навикнат со време де... Кај живееме бе, каде докторите се поголеми пациенти од пациентите.
Некои номенти се создадени за да останат само наши. Спакувани и премолчени ги затвораме во плакарот.Тие се дел од нас и ја сочинуваат нашата животна гардероба. Непрепознавањето на сопственото парче приватност значи разголување на самите себе. П.С. Амбалажата на предметите ги прави попривлечни за око.
СДК кој знае колку пати на улица сме сретале членови од форумот, со кои може и толку блиски тука сме а сепак само сме се разминале.
Итно е потребна А(-) крвна група во детска клиника - онкологија во Скопје. Телефон за контакт 071 328 046 - Силвана Не бидете мисири, јавете се ако сте оваа крвна група
Im pisa na tie sto si gi prepoznala ili se plasis za svojot identitet? Te molam ne pravi ,,nervoza'' kaj clenstvoto so vakvi izjavi.
Сум препознала неколку членки што поставуваат свои фотографии на форумов. Не гледам причина зошто да им пишам, а и не сфаќам како стварам нервоза. Тоа што го пишав беше во хумористичен тон, не сум мањак. Chill