СДК Пукат сонце ...на вакви деној сфаќам само колку ми фалит езероно... Ај не е лошо ни овде ќе си шетнам покрај кеј ..
Си слушам Тонио Сан,Легија и песниве си идат една по друга на ју туб не ги ни мењам и се избацува Слаткар и кажува као којзнае каква изјава и од којзнае колку респектиран и стиховите идат некако вака Џеј Џеј ми рече као братче батали што зборат вози си го филмот ама вози го во БМВ и Џеј Џеј на спотов у скупа кола нешто му дава клучеви. Добро бе Слаткар и ти Џеј Џеј (подебилно уметничко име не можеше ни да ти текне) зашто моравте да ја упропастувате мојата убава лист на песни со вакво грдо музичко издание. Марш.
И тогаш кога ќе задоцниш на сите возови.... Не тагувај! Сети се! Здравиот човек може и пешки да стигне до целта!
Ми се јави баба ми за да појдам до кај неа, зашто имала изненадување за мене...Познавајќи ја дека често си се зеза, мислев дека ќе ми даде некоја тегла зимница или нашла нешто мое старо кај неа, па си тера мајтапи. Ама кога појдов навистина се изненадив. Чистела во специјалната соба на дедо ми. Таа соба си беше лично негова...Ние децата ја викавме специјална зашто внатре имаше складирано и организирано толку многу работи, што кога и да влезевме бевме како Алиса во земјата на чудата. На братучедите не им беше многу интересно, ама јас многу почесто ја посетував собата и сакав секаде да ѕирнам и да допирам по работите, а тој се смешкаше и тивко ми објаснуваше која книга каде ја нашол, која марка од кое време е, која разгледница како ја добил, која монета од која држава е... Иако приказните ги имав слушнато по 1000 пати, сепак секогаш кога ми раскажуваше знаеше умешно да вметне по некој нов детаљ и секогаш ми изгледаше како нова приказна да кажува. Сабајле правела генералка баба ми во собата, и видела дека некои работи почнале апла да се уништуваат...Па за да не пропаѓа цела колекција и цел труд на дедо ми, и текнало да ги собере сите чисти и здрави работи и да ми ги даде мене. Сите негови книги, монети, стари картички од јавни говорници, марки, разгледници...Сега се кај мене...Немаат никаква парична врдност, ама за мене имаат вредност колку цел свет. Зошто баш мене ми ги даде, не знам...Може зашто уште дур беше жив дедо ми викаше дека најмногу мене ме интересирале тие работи, дека најмногу сум сакала да поминувам време во таа соба, дека со најголемо внимание сум го слушала и беше среќен што барем една од неговите деца/внуци има иста пасија како него. Моментално околу себе имам богатство што за ништо не би го менувала (посебно илјадниците книги што со тешки маки ги задржувал и наоѓал)...Ќе ги негувам, ќе ги чувам и ќе се обидам да ја продолжам колекцијата, а се надевам дека ако беше жив ќе беше среќен дека сите тие работи дошле кај неговот мало јагне, како што знаеше да ме нарече.
Кога денот ти е исполнет со слики од тебе сама од миговите кои си ги поминал од чувствата кои си ги премолчил од успесите за кои си се борел од борбите кои треба да ги добиш ова е најважно нели:
Јас мислам брат, треба да се воведе титула „жениште“. Дека за некои жени, називот „жена“ е едноставно недоволен. Нешто ко шеска на испит. Се положува и со шеска, нели, ама некако килавко...... Да не го пишувам целото, исто срање е. Сакав да кажам нешто повеќе, ама се изнервирав па избришав, нека стои само..
Бев у еден маркет од овие ланциве и глеам термос за 69 ден. Ај си викам да прашам а на изглед ептен убав и прашав од продавачките "ова превара ли е или...? Не гледам да има изолација од страна...како функционира?" А бе дечко го зема една колешка се фали и мајки се фалат... Го земав со скепса ама си земав и фискална.Го испробав дома...абер нема. Никад не сум бил циган ама ми падна криво и ке им го вратам со фискална ке си зеам две млека за тие пари. Коментар можеби некој?
Го сакам проклето, бескрајно, искрено и со цело срце. Причина за среќа ми е. За секоја насмевка. И секоја минута му кажувам и ми кажува веќе речиси година и никогаш нема да ми здосади зошто е целиот за сакање. Им посакувам на сите, на цел свет дури и на најголемиот душман што ме мрази и колне да има, да осети љубов ко мојата! Добраааа ноќ