Убав ден за да се направи чекор напред кон она што го посакувам за себе во иднина. Инспирирана од оваа мисла, знам дека вреди да се обидам затоа што животот се состои од уникатни можности кои само треба да бидат забележани и искористени во вистинскиот миг Quote of the day: "I've already seen the bottom, so there's nothing to fear"
Најголема почит заслужуваат оние постари кои ги препознаваат, издвојуваат и особено почитуваат квалитетите и напредокот што го носи младината, па дури знаат да речат дека има нешто и да се научи од истата.
Животот дефинитивно има чудесна смисла за хумор. на истото место каде мислев се изгубив себе пред години, каде се распаднав и од каде почна да ме снемува добив пондуа за мотивациски говорник за жени... Хм...трпките по телото 24 часа не ми прекинуваат, нема сум, несвојствено за мене, а сликите кои ми ги посочија дека допринеле за оваа понуда како филм пред очиве не прекинуваат... Реков „Не,не сум јас за тоа“, избегав од истото место, како пред три години а тие со „не си ја знаеш силата, никој подобро од тебе не ги буди луѓето“ ме тресат и денес... Дефинитивно животот има чудесна смисла за хумор, за да ни црта работи кои сме слепи да ги видиме...
Денес повторно успеав да го поздравам денот и да си наполнам чаша енергија потполно сама. Звучи секојдневно, нели? Низ упорноста учам да го зграпчам успехот. Некои очекуваат тоа да биде најголемиот подарок што ќе им го подарат. Меѓу јас и тие, мојата насмевка е широка. Тоа сакам да ви раскажам.
Денес денов ми покажа две работи: 1. И илјада прегратки не можат да ја заменат прегратката од саканата личност, во тој момент срцето ти бие лудо, а душата ти е среќна и спокојна, се чувствуваш среќно и сигурно во таа прегратка. 2. За да бидеме среќни освен што ние треба да ги земеме конците во наши раце, треба и судбината да ги замеша своите прсти во наша корист, бидејќи без помош на судбината ние би биле немоќни. Но, тоа не значи дека ние треба да чекаме судбината да ни ја сервира во послужавник среќата, без ние да вложиме труд.
СДК Цел ден го поминав на форумов седејќи на тераса. Се изначитав секакви работи ама кога се навратив во далечната 2012 и си ја видов првата објава, па и некои после неа... Господее ахахахахаха... Оди ма порасни Ме сменал пубертетот поприлично многу
Распознавам скоревиќи по фризурата на стопанката. И по тоа колку на културно место се дерат што помеѓу себе така и по келнерот цитирам: "ЈоФе бадеМчиња да не заборавеш."
Секогаш кога возам гледам накај автобуските да не има некој познаник па да го префрлам до дома ако не носи патот заедно. Така и денеска. На сред Центар, на најпрометната улица. Автобуската е преполна со луѓе - стари, млади, деца, бебиња, Македонци, Роми, Албанци, Турци, странци.... се! Погледов ми залута накај две девојки. Млади спортистки тинејџерки, се залапале чиниш ќе се изедат. Половина од нив се ѕвереа, мајките им ги криеа очите на децата, некои се тргнале на страна свртени со грб, некои се палат па се причешуваат кај стигнат... А девојкиве гајле си немаат. Многу глупава слика, немам ништо против ако се среќни и исполнети цел живот нека си бидат, ама девојки дајте бе малце дискреција. Имајте малце осет секакви психопати постојат по улициве, деца гледаат и прашуваат. Не сме, а и никогаш нема да бидеме од тие земји каде што тоа ќе биде нормално без пропратни погледи и коментари.
Добро де можда не требале јавно ама општото мнение е дека ретко девојка нема пробано барем еднаш со друга девојка во својот живот,дури и да нема посакува ако би имала некад шанса зашто да не барем така сум читал се изјаснувале (ама да е дискретно) Експериментираат можеби,хормони се во прашање
Сдк.. Лапање и помеѓу различни полови во јавност за мене е крајно мизерно... Си има време и место за кратки бакнежи од 2 секуди и лигави бакнежи до снемување воздух
Ја па не чини ама секад потствесно ги колнам...секад или они погинуваат или со нив зимаат некој пешак како жртва
Деновиве се фрлив на јадење,како да барам утеха. Сега ми е криво,и си ветив нема веќе да јадам по 4 сладоледи на ден и по неколку крофни и други ситници. #ќеиздржам морам И после,ај не биди дебела да те видам
Магнет сум за луѓе со смешни рингтони Пред некое време имав пишано за еден дечко во автобус што му заѕвони на телефон песната од заљубениот ерген нанаанан ананана нанаана (мелодијата на реклами што ја даваат), а попладнево во продавница се случи нешто слично. Немаше многу гужви, на каса пред мене имаше една постара жена, а зад мене некој дечко. Изгледаше доста сериозен, со брада, во костум, со вино во рака и украсна кеса. Жената замина, па продавачката почна да куца моите производи...Се беше тивко и само одеднаш му заѕвони телефонот на типот... Едвај се сетив дека музиката ми е позната од Зоне...Па едвај ја најдов Сега во ум ми се заглави тантантан анат таната Не можев да издржам и пред него се насмеав, а продавачката рече: - Па и не било така досадно втора смена на работа во недела
Жалосно е кога не си ги познаваш роднините... Блиски роднини, први братучеди и нивните деца Денес се сретнав со повеќето од нив... Некои не сум ги видела повеќе од 25 години!!! Во меѓувреме им се родиле деца, пораснале, а јас денес ги видов за прв пат... На улица да ги сретнев ке се разминевме и ни едно „здраво“ немаше да си кажеме!!! Ехх, овој модерен век, сите отидовме по својот пат и назад не се завртевме!!!