Откако години го занемарував фактот дека полека но сигурно стануваме огледало на нашата околина Откако години туѓите стравови се рефлектораа на мене Откако години впивав само малограѓански разговори,без трошка амбиција,без храброст,без сништа,без доверба Откако години се изгибив себе мислејќи дека јас сум грешката ќе го оставам ова да трепка тука Нека не потстува години дека ни требаат сојузници во успехот,во борбата,во соништата ,а не тупо губење време и лечење туѓи фрустрации
Како што дува ветерот да ја расчисти прашината низ земјава, така ја расчисти и душава. Сеуште не можам да се потпрам на едно дрво и да издишам, но и гранкава е удобна. Еден по еден бодеж вадам, некој боли помалку некој повеќе. Не ги фрлам ги собирам им пишувам име да не ми текне следен пат да се набодам сама на ист нож. Убаво ми е сега, преубаво. Сношти другарми ми отстапи соба во која седев 2ипол часа сама во темница, преубаво се чувствував. Го чувствував моето дишење, моите чекори, толку тивко и мирно, се исклучив за миг. Просто уживав во таа соба. И пак би, ги сакам тишините.
Никој од нас не е совршен. Сите имаме недостатоци. Сите имаме по некоја мака, по некоја тежина на душата. Само што некои вешто знаат да ја сокријат вистината. Да стават маска, да се насмевнат и ќе си мислиш се му е совршено. Ама не е. Некои пак својот гнев секогаш го истеруваат на други. Зошто? Полесно ќе ви биде ако викате и урлате некому? Грижите, проблемите оставете си ги дома. На работа бидете како што треба. Никој не е должен да ја трпи туѓата нервоза, бидејќи сите си имаме свои.
Некои несебично ја подаваат својата рака, а се неспособни да ја препознаат онаа лажно возвратената, а ти сеуште се прашуваш зошто добрите луѓе најмногу патат?
Со текот на времето сфаќаш всушност дека цел живот ќе си останеш сам, можеби ќе бидеш опкружен со луѓе, но душевно никогаш нема да бидеш исполнет. Само некои немаат храброст да го признаат тоа зошто се плашат од вистината...
Сите моменти кога заобиколуваме или премолчуваме за да не повредиме некој се' до оној момент кога сфаќаш дека никој не се секира што ќе помислиш ТИ.
Сите ние си имаме проблеми,само некои кукаат и очекуваат дека друг треба да им ги реши,додека некои не ги кажуваат затоа што сметаат дека тоа се нивни проблеми и нема потреба да ги делат со другите. Моите проблеми си ги решавам со мојот психијатар така некако се чуствувам релаксирано.
Ретко пишувам на темава, али ноќва ќе ја памтам. Какви се' не работи дознав вечерва no comment. Ми се отворија конечно очите, иако предоцна.
И во денешно време на некои личности уште не им е јасно дека сите луѓе гледаат на животот со поинакви очи. Многу е лесно да се делат совети и да се осудува нечиј живот, без притоа да се стави прст на чело и да се запраша како тие зборови влијаат на туѓите чувства. За жал не знаат колку патетични и смешни изгледаат тие што практикуваат да се мешаат кај што не им е место. - Ако за Ана уживање во слободно време претставува да чита книга со топол чај, тогаш за Јана уживање е да се пијанчи и да танцува до 5 сабајле. - Ако за дедо Мите уживање претставува да живее на село и да одгледува добиток, тогаш за дедо Вите уживање е да живее во град и да оди на собиранки со пензионери. - Ако за баба Маре уживање е да оди низ Европа во пензионерски денови, тогаш за баба Стојна уживање е да плете елечиња за внуците. - Ако за Марио уживање е да игра игри на компјутер со брат му, тогаш за Дарио уживање е да оди на стриптиз и да фрла пари по стриптизерки. Толку е комплицирано да се сфати дека секој си има свој поглед кон светот? Дека секој свесен и разумен човек свесно одбрал да прави некоја активност зашто тоа го прави среќен? Зошто некои луѓе не сфаќаат дека ако тие уживаат вршејќи некаква активност, не значи дека и другите би уживале? Колку смешно изгледа кога Дарио би го убедувал Марио да оди со него на стриптиз и ДА УЖИВА, кога всушност Марио УЖИВА да игра игри во друштво на брат му...Или обратно...Марио да го убедува Дарио да ужива... Навистина глупаво е да ги убедувате луѓето да прават нешто и да им викате да уживаат, а всушност тоа нешто вас ве прави среќни.
СДК дека на новопечените богаташчиња лесно можеш парите да му ги земеш: Во чинија (Номеро 30)стави му две коцки растително сирење, свинска салама едно парче, на ќошот стави еден варен морков (ради уметнички дојам), насоли му со магдонос и наплати му го 2000 денари. ..ем ќе лепи слики на ФБ и ќе те фали..
Кај што не ве знае никој нема потреба да се расправате, да навредувате и да глумите што не сте. Нема потреба од нервоза. Барем еднаш ослободете си го срцето. Премногу негативна енергија и премногу љубомора. Дишете слободно животов е премногу краток.
Почнав да правам нешто за себе. Сменив боја на коса, сменив луѓе,се сменив самата, се запишав на обуки за надоградување на знаењето. Листата е долга ама ќе биде.
Патот од Штип до Скопје. Јас заспан и одеднаш станувам преплашен и се прашувам во себе "WTF"? И кога почна да ми ечи во уши од радиото на возачот „Никадаааа...“ од Цеца. И имаше една песна која пееше за бамбус или така нешто беше. Ме врати на детството кога пиевме на клупи дечурлана бамбус со Кавадарка од педесет денари. П.С. Ја најдов дури и песната:
Луѓето се плашат од она што не го сфаќаат. И не се трудат да го сфатат туку бегаат од него. А ако ти го правиш тоа, те осудуваат. Е со такви сме опкружени. Ако и ние се откажеме ради нивните осуди не сме ништо подобри од нив.
Поздрав од мојот creepy комшија,со се искаспените раце и нозе низ двор,органи во кеси со крв и откинати глави...Happy Halloween