Влегувам денес во една продавница да разгледам нешто и си разгледувам јас и продавачката стана од работната маса и замина во веце и притоа ја затвори вратата. Што се случи знаете, јас отидов до друг дел од продавницата и таа излезе од вецето со измиено лице и повторно влезе и повторно ја затвори вратата. Знаете колкава неодговорност и несвесност му донесе на дуќанот? Така се краде, лесно и брзо. Среќа што јас ја сфатив поентата и ја напуштив продавницата, а таа сеуште си беше во тоалетот. Така се работи браво! Срамно е пред се да пречекаш купувач со намокрено лице и трескање врати, повеќе нема да влезам. Инаку, среќа имаше што сум воспитана да не крадам, сигурно некој друг ќе си искористи прилика. Некогаш си велам ако им е на газдите што вработуваат такви примитивки што мислат дека се многу учени, оваа постапка е низок пад на внимание.
Каков е светот во очите на возрасните, а каков е кај децата. Возрасните може да се криминалци, светци, расисти, дискриминатори, богати, сиромашни, злобни, добри...а на 99% од децата, мозочето им е исто. Разговор помеѓу баба и мал внук, откака поминаа покрај гладно мало Ромче што проси. (дејство, клупа во парк) Детето: -Бабо, детето рече дека е гладно...Зошто мајка му не му дава да јаде? Бабата: -Немаат јадење дома и нема што да му даде... Детето: -А зошто нас ни кажа дека е гладно? Ја со непознати не смеам да зборувам. Бабата: -На сите им кажува за да му даде некој да јаде, така му кажале од дома да вика. Детето: -Па зошто ние не му ја дадовме кифлата што ни остана? Мама кога не ми праи тост дома, мене мешето ме боли...Сигурно и него го боли сега. Бабата: ....(неколку секнуди без комнетар).... И падна незгодни и ја извади кифлата од нејзината чанта, па му ја однесоа на детето што просеше. Да не беше внучето, баба немаше да го погледне детето што проси. Жално е кога ќе ти текне дека порано сите сме размислувале на тој детски начин, без да ги осудуваме луѓето и да ги гледаме според боја, нација, религија, сексуална определба или финансии, а после одеднаш почнуваш да правиш разлики помеѓу луѓето и можеш само да сочувствуваш по малку со некои од нив, ама не толку длабоко и невино како порано.
Не скам есен. Не го сакам времево. Ми недостига лето,сонце топло. Еден ден преку 25 степени. Да си облечам фустанче и право на базен. Деца,луѓе,насмевки,разговори,смеа... Сакам летоооооо
Што памет имаат бе жениве кои оформиле семејство а уште се занимаваат кај со бивши па и со бивши на бивши. Толку ли не можат да се посветат на децата кои ги створиле
Трик за совршена руска салата? Сè да биде рендано, не сецкано. Башка одзема помалку време за правење, а е превкусна. Thank me later
Од сите фотографии што ги исполнуваат албумите оние што се во црно-бело издание сакам да ги гледам сама. Посебно ми се драги затоа што се создадени во времето кога не знаев за обоеност и поделеност, себичност и огорленост, алчност и лицемерност. П.С. Спомените не се раскажуваат.Тие се доживуваат и се запишуваат во себе. Јас, тишината и моментите создадени низ годините.
Му велам на внук ми:ти си анелче мое. Ми одговара е и ти си ангелче мое. Му велам ти си најубав на цел свет,ми враќа и тета е најубава. Се насмевнав,му одговорив убава сум,да,ама не сум ангелче. Ангелче можеш да бидеш само ти,и тоа невино,душа на тета
СДК како што почнува да се осеќа мирисот на зимата се поочигледно ми станува дека новогодишните светилки се романтични, секси и моќни. Особено во темница.
Што мислат овие што ги синхронизираат цртаниве за најмалите на македонски? Како можат да користат дефектен изговор на одредени гласови? Немаат доволно различни гласови, сакаат да се направат интересни или..? (За дијалектот не ни коментирам) Деца кои уште развиваат говор го слушаат тоа!
Моментот кога се будиш со насмевка, сеќавајќи се на вчерашниот ден. И не знаеш дали било сон или јаве. Добро утро!