Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    На овој празник му благодарам на Господ што ми даде сила да го пребродам тешкиот период низ кој поминував.
    Денес заврши едно многу поучно поглавие, сфатив и дознав многу работи, но сето тоа не ме сруши само ме зајакна повеќе.
    Ти благодарам Господе што не ме напушти, што се беше во ред и сама го пребродев периодот.
    Ти благодарам за силата, за надежта и вербата дека ќе успеам да се издигнам повторно.
    Амин.
     
    На cresa-jagoda, crazylady, winter flower и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.050
    Пол:
    Женски
    СДК се мислам пола час дали да отворам прозор да излезе застојан воздух или да ми влезат PM честички. Аааа и да! Скопје ќе добие чист воздух за 10 год, не е сега, веднаш. Џабе се радував ;(
     
    На zuto, t-sweet, ♡BuBaLe♡ и 3 други им се допаѓа ова.
  3. GrevMk

    GrevMk Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.726
    Јана Бурче како да знаеше дека следнава година нема да се иде на евровизија, па си го искористи правото на јавно бламирање:lol:пардон, запросување. Чао евровизија:party::party:
     
    На cresa-jagoda, winter flower, Minnie 1 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.779
    Пол:
    Женски
    Животот е суров !
    Седам палам цигара , мислите ми бегаат во далечината што вчера беше блиску до мене .... Се мислам , се прашувам .. Што згрешив бе?? Каде згрешив ?
    Јас бе , најсилната , најаката , неколебливата , таа што газеше све пред себе , каде згрешив ??
    Згрешив или ова е игра на проклетата судбина ?!
    Ги стегам забите за да не заплачам , да не виде никој дека плачам , бидејки мразам да објаснувам а и никогаш нема да признам дека носам саклма на душата ....
    Многу прашања ...Но нема одговори ....
     
    На cresa-jagoda, Crna Dama, winter flower и 4 други им се допаѓа ова.
  5. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.470
    Допаѓања:
    25.222
    Фала на мислењето, ми значи! [​IMG] [​IMG]
     
    На Petar80 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.844
    Допаѓања:
    80.823
    Пол:
    Женски
    За праведен човек не постојат граници. :angel:
     
    На cresa-jagoda, Crna Dama, winter flower и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.537
    Допаѓања:
    55.314
    Пол:
    Женски
    Еднаш решив да "фаќам врски" и тоа во здравство,да поминам малку побрзо на едно снимање,за кое термин немаше никако до крајот на декември оваа година.
    И,се одеше како подмачкано,се среди се за неколку дена се убрза работата,за на крај да испадне дека апаратурата се расипала.
    Ок.Нејсе,ќе си почекам сепак до почеток на 2018,малер си е малер.
    А толку се радував дека и јас еднаш ќе завршам една работа со врски :D
     
    На sweet-cherry, crazylady, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.953
    Допаѓања:
    164.211
    Чудно е како некои луѓе се појавуваат за да ја збогатат твојата фантазија и да ја растегнат сликата во која постоиш која пак влезена во животна центрифуга природно - се стеснува.
    Некако по правило... секое убаво ми почнува на зајдисонце, но и под превезот на мојот број кој и на местото каде што изгрева сонцето ме поздрави, па знаев веќе дека е судбина и особено важен синхроницитет.
    Одамна...можеби и не е така одамна ако одиме по линија на релативноста. За кого како.
    Е тука некаде во врвот на желбата дека светот е така лесен да го згазиш и освоиш за свое и сечие добро, се појави лик кој го знаев, но 30 кг полесен, како изваден од Холивуд во 70ти години и шеги а ла Оливер Млакар, да не знаеш дали да го сакаш или да му влепиш една за лошиот хумор за кој се чудиш од кај на кај го извади, дали со губењето тежина изгубил и на шарм. Му помина за брзо за среќа, од трема му било... и тргнавме да се споиме.
    И еве го... мирно дише... во ритам... неколку години подоцна.
    Ришкеш... спомени... љубов... ние... пот измиена со розина водичка, со пари прибрани од 4 плати и донација од дома, идеја - ќе го менуваш светот, менувајќи се себе си. Глупости кои вредеа за сите пари. Сфаќаш дека ако треба да се случи нема да умреш од жолта треска на почетокот на светот, туку од туѓи грешки, а твоја дозвола, во сопствениот дом. И дека светот е бесконечна љубов, храброст и отсуство на страв. Еден звук на саранги ќе ти ечи во глава додека не се реинкарнираш три пати во еден свој живот. Филмот вртоглаво ти се враќа назад по лекцијата која си ја пропуштил таму и ќе ти текне. Ќе ти текне... Утрата, правот, мирисот, звукот прават да чувствуваш дека му се случило на некој друг, проба на која те става разумот дали си се уште при себе.
    Животот не креира сам по себе среќни краеви, сем ако не се избориш сам.
    Ако има мелодија онда е индијски џез. Сте чуле некогаш индијски џез? Ако не, да чуете. Тамам кога ќе западнете во длабочината на немоќта ќе те исфрли како од тропска бура на прекрасна долга песочна плажа. Песокот мек и набиен, слушаш мали меурчиња вода како шуштат како газирана вода и исчезнуваат во утробата на земјата, а тебе едно убаво...
    Порано ми беше срам да кажам дека ми се допаѓа индијски џез. Ми се допаѓа да ги свијам рацете во мудра и да му удрам по бедрата и да го влечам за раце кои му ги местам за половината, да го занесам низ течението низ животот.


    Некои настани тука и таму, за жал... ќе те натераат да го скокнеш своето време. Умеење е да продолжиш каде си застанал. Чувствувам како да пропуштив премногу.

    Ќе се најдеш пред бара, а во неа трупови од удавени соништа. И си велиш... и што сега? Морам од почеток? И ти светнува во глава еден цитат од татка си. Имав една голема среќа, мајка е мека на срце, но ме одгледа татко Феникс... го пеплосуваа кутриот, а често и самиот се самозапалуваше... но честитка со пресувана четирилисна детелинка и зборовите - да се кренеш сине високо и кога јас физички нема да сум тука, ти стојам синко до срцето, а ти си борец. Сине... за него ден денес сум сине. Секогаш ќе сум сине.
    Внимателно да згазиш здраво за да не отидеш кон другата страна на времето каде што ништо не може да се промени...
    И на временската линија на себелекувањето го прибираш и ова, си викаш ок, ќе ми треба за во темните ноќи дека некогаш дури и во мислите, да го замислам мојот татко зад мене, ќе ме придржи макар и не бил тука. Каков благослов... каков благослов... да можеш навистина да се потпреш на своите родители и кога ќе бидеш сам...сосем сам.

    Не зборувам често за своите доживувања со нормален свет, па останувам неискажана околу нив.
    Пред две години бев на ритрит со ќутење.
    Во тоа искуство од 10 дена...
    Се изнаќутев.
    Што научив?
    Па ете...се изнаќутев.
    Минуваш низ фази - што прават по дома? Па не можам јас веќе ова. Па ок, смири се, ајде мисли што мислиш и испразни го тоа од себе, справи се сама со себе... и се справуваш сам со себе и поминуваш 3 дена во мирно ќутење. Конечно си заќутел и веќе треба да се вратиш дома.
    Замислете што значи 10 дена да се слушаш само себе си? Не сме ни свесни колкава бука во главата си создаваме.
    Јадеш во тишина, седиш во тишина, пиеш чај во тишина. И пушташ туш...и просто те боли звукот на секоја капка.
    Стануваш ранлив...и тоа сам од себе и сфаќа колку си груб. И од еднаш ти се случува танц со самиот себе од внатре и простодушно безпричинско задоволство. Не ти е после сеедно со каков тон ќе се обратиш прво на себе, а потоа на другите...

    Се подзаборава човек кој е и што е... задоволувајќи ги туѓите очекувања. Сум паднала и на тие искушенија.

    Тука и таму ќе се јави по некој лудак чудак да ти прераскаже кој си подобро од што се познаваш самиот, а не поминал ни ден во пеколот без своја нарачка, а се лошо кое го снашло му било награда за бидување адвокат на ѓаволот и предизвик на адот од кој и самиот излегол. Ти си му спротивноста од себе си која сака да ја има, а ја нема. Ти си му предизвик да види нешто во себе кое не сака да го види... и ќе те плука... Ќе те плука со својата провинцијалска (и при тоа не мислам на географска позиција) култура и ментално ѓубре.
    Човек кој...не поминал ни ден на работа на себе си...

    Ароганцијата кај друг ќе ја видиш по храброста да ти рече - ау, некако сменет(а) си и констатација дали на поарно или полошо (по нивно мерило де). Кој си па ти некому да редиш оценки каков станал и дали е по твој вкус? Си му одел ли во чевлите? Кога ќе ви речат така, бидете убедени во едно, како и да звучи кажано од туѓа уста, едно е сигурно - сте завршиле и те како добра работа, особено па ако констатацијата е негативна. Веројатно сте престанале да им храните тоа што нив ги задоволува.
    Се сеќавам на еден таков ранлив период после патот, после ретритот, после паралелни три програми за професионална надградба и неколку за личен развој се појавија неколку ликови со констатација - леле сменета си, НА ПОДОБРО, помека си. Освен што бев во страшен процес кој ме однесе каде што ме однесе, само јас знаев низ што поминувам и што учам за себе си (и при тоа во центарот не си ти самиот само, туку и сите други, каде си научил каде си грешел, се што било тешко и трауматично било во слоеви извадено и дел по дел надминувано, од ново си ги поставувал и прегледувал своите вредности) и ти се појавува некој таков...Ми се уклучи и алармот - овие луѓе ни се добри за себе, ни за мене, ни за некој друг. И почнав да набљудувам дали сум во право. Сфаќаш дека тоа на подобро е подобро само за нив, од еднаш им одговараш и уживаат во твојата кршливост, зошто тогаш се чувствуваат или дека те владеат или дека ете...не сте такви какви што мислеле дека сте, силни, а силни нив им пречат, зошто претежно се лигава творевина без никаква конкретна форма. И оп...се штимаш на правата големина која си ја имал зошто чувствуваш дека некој почнува да се чувствува поголем од реално што е.
    Управо таквите кои се хранат од слабостите на сите други бидејќи немаат внатрешен механизам за развој, па ни храброст да го побараат од надвор. А за нивното височество тоа е ... мех... недозволиво, неприфатливо, непотребно.
    Не е прекрасен е бесот кога ќе ги упатите каде им е местото... ама тоа е. Детектираат токму кога си најслаб... токму по нивна мера... за да се закачат. И знаете како, сакаат да се наметнат како личен ваш детектор дали сте како што треба или не?
    Или таков кој ќе се онесвести ако го кажеш својот став, махерски да излезе вон контекст зошто го чепка неговата слабост и ќе рече некому - ау не го/ја можам тој/таа, кој впрочем не го ни познава... а се што не може е е тоа што не се може себе си. Еден добар тажен дел од себе си...

    Луѓе се, ќе си прозборат, е добрата стара. И нека ги... се што ви останува е да ги сакате колку што можете, макар не ги ни знаеле, макар било тоа на некој чуден начин. Ама сериозно... одете по својот пат на среќа, тага, болка, покор, гордост, смеа, љубов, болест, здравје...што и да е...во мир. Грубјани кои го перцепираат животот низ математички формули, форми и чудни структури, суровинки со коцкаст поглед, секогаш ќе има. Ладни и исполирани.

    И после се, малку потешко ти е да се имресионираш од титули, улоги, работни позиции, власт, моќ, пари... кога зад се тоа ја гледаш содржината која е далеку од импресивна кога ќе отчука 16 часот.

    Вака нафрлано, веројатно се ова има значење само за мене... но сакам да кажам... спремно дочекувам почеток од една скора одлука. Не се надевам на совршена среќа и живот ослободен од болка, и не сметам дека се претплатив доживотно да сум ослободена од тоа, но... едно поглавје заврши и промената ја дочекувам со раширени раце и радост.
     
    Последна измена: 9 ноември 2017
    На sweet-cherry, cresa-jagoda, winter flower и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    22.611
    Пол:
    Женски
    Сдк ај држете ми среќа денеска, па ако ми се исполни желбата ќе ве информирам благовремено :music::sun:
     
    На cresa-jagoda, ceca-1, Crna Dama и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Vitomir2

    Vitomir2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2017
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    755
    Пол:
    Машки
    Стискам палци.....
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.594
    Пол:
    Женски
    images.jpg
     
    На cresa-jagoda, Petar80, "Zoki" и 3 други им се допаѓа ова.
  12. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    2.161
    Пол:
    Женски
    Кога жена сменува фризура, биди сигурен дека те избришала веќе. :D
    Today is the perfect day for that.. some fierce changes coming along, some other faces reflecting on mine! ;)
     
    На sweet-cherry, cresa-jagoda, ceca-1 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.344
    Пол:
    Женски
    Сдк ноемвриската награда за везење гоблени треба да ја земеме јас и @stetoskop :nod:
    Наоѓај штиклата, спремај хеланките и идеме:!:
     
    На cresa-jagoda, kuc, Petar80 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.090
    Допаѓања:
    5.168
    Ќе дојде некој ден среќа за мене?
    Или судено ми е цел живот да го поминам во нервози и самотилак?
     
    На cresa-jagoda, ceca-1, faye и 4 други им се допаѓа ова.
  15. N.2106

    N.2106 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2017
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    19.135
    Пол:
    Женски
    Немаме среќа сами да си ги одбираме пријателите и непријателите.Непријателот сам те пронаоѓа и прв те напаѓа,а пријателите секогаш доаѓаат случајно.
     
    На Crna Dama, Rama и "Zoki" им се допаѓа ова.
  16. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Понекогаш пријателите испаѓаат непријатели....
    Од нив човек да се пази.
     
    На cresa-jagoda, ceca-1, Crna Dama и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Vitomir2

    Vitomir2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2017
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    755
    Пол:
    Машки
    Секој пријател е потенцијален непријател,чувајте се.....
     
    На cresa-jagoda, crazylady, Crna Dama и 6 други им се допаѓа ова.
  18. MdKeDu

    MdKeDu Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2017
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Машки
    СДК секавам се пред 15 год улава татко ми у собата и вика кај сте децо што правите ?
    моја сестра вика- ништо тато играме си не лути се човече.
    а тато вика - ма јок бре не се лутам, само прашувам.
     
    На Lella, cresa-jagoda, christinnn и 11 други им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Ми остана малку вино од минатиот пат, па среда среќен ден било сакам вечер да си го згреам и да гледам викинзи.
    Премногу сум радосна за себе и за моите родители што излеговме од еден лавиринт.
    Денес се почастив со шопинг за себе и вечер ќе се напијам за здравје на сите.
    Да ви кажам убав ден беше денес.
     
    На cresa-jagoda, mal.ecka, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  20. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.577
    Допаѓања:
    175.066
    Aj za mashkite...razbiram do nekade,ama zensko da mi se pushta :x (facepalm)
     
    На Petar80, cresa-jagoda, N.2106 и 4 други им се допаѓа ова.