^Не секогаш. По патот да се оствариш како успешна сопруга,мајка понекогаш губиш есенцијален дел од тоа што си пред се како жена.
Разбудив се одам у тоалет мијам си забите гледам се у огледалото и не можев да издржам а да не речам - кај си бе лепото!
Има случки кои ти го менуваат животот. Те менуваат тебе како личност. А навидум се глупави и безвезни. И не сфаќаш тогаш туку многу подоцна дека влијаеле на тебе. Мене една глупа дешавка ме натера да замразам цел еден град. Да не сакам да одам, да шетам таму, да не ги сакам локалите а претходно сум ги обожавала. Да барам изговори за да не одам, а порано барав и најситни причини за да одам. Една глупа дешавка ми внесе страв кој којзнае кога ќе го победам. А тогаш изгледаше толку безначајно...
Кај ме нема на форумов па и не ме барате, ви се лутам другарчиња мои. Не знам од кое катче попрво да почнам да читкам, срам да ми е и мене, многу работи имам пропуштено ама не ве заборавив. Ми се допаѓаат овие тмурни, сиви и врнежливи денови само кога сум дома, на топло и кога се излежувам покрај камин со маченце во скут, галејќи го неговото убаво крзно или читајќи книга и пиејќи топло какао.
Сите падови што сме ги доживеале во животот чудесно не градат и не доведуваат до точка токму со тие искуства и сили да им помогнеме на другите...
Одев по пат и едно куче скитник почна да доаѓа по мене. Со мили очиња и мил поглед. Подадов рака да го погалам, се исплаши, буквално му се стресоа нозете. Кутрото, којзнае како било третирано од некои луѓе. Често сакам да пружам макар малку љубов на напуштените животни, а тогаш слушам коментари ,,Остави, не гледаш колку се валкани". Па и не гледам. Гледам само како мило и тажно ме гледаат. А да, кога им давате храна на бездомните животни, не е само да ја фрлите од далеку, туку да им ја дадете со љубов.
Драги мак-ретардиуми, Мовемберот не е измислен за да замарате со глупости од типот "Нашата позната фаца Курле пушти мустаќи", туку за зголемување на свесноста за машките болести. Затоа барем обидете се да објавите нешто корисно, како на пример интервју со некој уролог.
Дали е подобро човек да планира на долг рок или да оди чекор по чекор, да ги остварува прво помалите цели што секако водат до главната? Јас отсекогаш сум планирала надолго и нашироко, месеци па дури да не речам и години напред, но сфаќам дека е подобро да се концентрирам на моментот, тука и сега. Сега за сега, се` е во ред. И утре ќе биде. Нема зошто да не биде (иако не знам дали и самата верувам во ова што го пишувам). Се терам да мислам на овој начин додека анксиозноста ме убива. Значи, полека и чекор по чекор до мојата вистинска цел. Рим не бил изграден за еден ден.
Дали има поружна реклама од онаа: пуц пуц лхикхклојхгхкллггхијаааа пуц пуц лјхјвнкигјккчудѕдмлхијааааа? Уши да ти прокрварат, мислам мозочен ќе ме мавне и глава ќе ми распука како зрела лубеница ако само уште еднаш ја слушнам. Колку е само хистерична рекламата, кој ненормален осмислил таков совршен концепт за ушобол и очобол?! Да верував малку повеќе во теории на заговор, ќе се убедев дека има позадина, и дека ништо не е случајно. Она белите линии на небото се млака вода за ваков информатички дизајн за умртвување мозочни клетки. Ма каков хаарп шмаарп. Пуц пуц е новата чума.
Рекламава сериозно треба да иде со предупредување за опасност од губење мозочни клетки за време на слушањето. Warning!!! High voltage of stupidity!! Пи.Ес. Отварате спојлер на своја одговорност! Спојлер: ... .
Се дивам на луѓето кои од ништо направиле нешто,и покрај толку порази во животот тие продолжиле да се борат се додека не успеат,пробале 100 работи и биле одбиени едноставно ништо не им одело,но 101 пат се обиделе и успеале. Никогаш не се откажувај!!!
Aaaaand here we go again... Бедна и погрешна на многу нивоа „поука“, плукање по денешницата и жалопојки по изгубеното совршено време, број: не знам кој. Затоа што, нели: – како прво: каква штета е што денеска не сме во (светска!) војна, па да сме принудени својата вредност и квалитети, и машки и женски - да ја покажуваме со пушки на бојно поле уште од тинејџерска, па и детска возраст, ризикувајќи си ги животите... Мислам, неверојатно tassno!!! – како второ: кој ги врти сите навистина вредни за почит влијателни жени, и уште милиони незнајни за јавноста низ светот - кои уште од тинејџерски години се посветени на својата интелигенција, образование, талент, склоност кон некоја наука/уметност, со што допринесуваат на мирни и современи начини во нормални услови на општество во денешно време... Ама не бе луѓе, цел женски род во глобала денес се сведува само на тинејџерки што се селфаат со кучешки лицеви органи. Енд оф стори! До кога бе ќе се понижуваме и омаловажуваме и самите себеси како дел од денешницата, покажувајќи ја само во најлошо можно светло, а ќе го глорифицираме минатото сосе сите најтешки периоди во кои треба да сме пресреќни што не сме се родиле и затоа што светот ги надминал? Патетични сте, луѓе!