Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.948
    Допаѓања:
    164.134
    Можеше да бидеш своја, можеше да бидеш успешна, но ти одлучи да позираш чудно на 30 години, а у позадина завеса со бордура од 87 и папучите на баба ти...
    Животиште...

    Како бе вака???
     
    На buba4e89, fallenangel и Sar-Ste им се допаѓа ова.
  2. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    627
    Пол:
    Машки
    Како резултат на повеќе слободно време одлучив да се реактивирам на форумов. :)
     
    На Srcka $ и Sar-Ste им се допаѓа ова.
  3. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.541
    Пол:
    Женски
    А јас пак решив да се зачленам на форумов.
     
    Последна измена: 17 ноември 2017
    На buba4e89, prominent, Sar-Ste и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.619
    Пол:
    Женски
    На турска серија: Пијан човек се враќа од провод и пее: „Султана, Султана, да сум ти постела, ти не би спиела, мори Султанааааа“ :drunk:

    Ама зошто?! :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На Srcka $, fallenangel, Sar-Ste и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.537
    Допаѓања:
    55.311
    Пол:
    Женски
    Ако некој ми внесува радости во животот и ме тера да го гледам светот со розеви наочари барем неколку саати на ден,тоа се моите внуци..
    Покрај секојдневните детски игри и глупости што ги правам со нив,заборавам на се и се смеам како луда,како да не ми натежнале воопшто црни облаци над глава.
    Со нив по втор пат сум дете,лаеме на земја како кучиња,ги храниме мечињата,гледаме цртани,си играме полицајци со пиштоли,играме криенка,кога ги носам во парк ме тераат и јас да се крлам со нив...ете ваквите моменти богатство ми значат:l::inlove:
    А само кога ќе ми речат дека ме сакаат до небото,ми се полни и срце и душа:sun:
     
    На sweet-cherry, cresa-jagoda, Srcka $ и 19 други им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.948
    Допаѓања:
    164.134
    Она кога девојка му на бившиот ти пишува порака на инстаграм со содржина - Значи те обожавам, ме инсприраш <3
    Прво, ај што не знам што направив, туку и не бев свесна дека сем што се имаме на фејсбук, туку ме следела и на инста.
    А денес ништо ни направив, ни па сум ставила нешто...
    Окврд левл 1000...
    Дм спие, а јас го будам возбудено да му кажам за својот фан, а он мрмори - те обожавам, спиј... А истиов овој бивши кога му викав ништо не збориш што ти се дешава, он на тоа ми викаше - па тебе ти се случуваат ствари, мене досадно ми е, на факултет, дома, другари, дота и тоа, ти имаш драма, другарки, дешавки... Епа на ова бе дечко шо ќе кажеш сега,А?!
    И интересно ми е и страв ми е... ти ру ри ру ти ру ри ру...спукиии...
    Или нешто се заебаваме взаемно, оти срце и возвратив... богдачува.
     
    На sweet-cherry, cresa-jagoda, fallenangel и 4 други им се допаѓа ова.
  7. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    36.148
    Пол:
    Женски
    Исфрлањето на гневот кон другите не значи пронаоѓање на решение за среќа, туку начин да се покажат личната слабост и незадоволство од неспособноста да се пронајде местото меѓу останатите.
     
    На Srcka $, CoCoGiiiRL, Crna Dama и 6 други им се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.944
    Пол:
    Женски
    До кога ќе ви е важно каде пиете кафе наместо со кого го пиете..
     
    На sweet-cherry, cresa-jagoda, Srcka $ и 16 други им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.116
    Седејќи на бирото ја листав една од омилените книги и фаќав белешки.
    Додека со полн здив шмркав од шолот топло чоколадо а нозете подигнати на столчето, јас стуткана со носот во огромната полуролка која сум ја навлекла преку колена.
    Не ми студеше.
    Едноставно така чуствував некоја удобност и сигурност.

    Од далечината се слушаше доаѓањето на автобусот кој мине точно под мојот прозорец. Од оние двокатните, кои толку многу ги чекав, а никако да најдам момент и лично да ги доживеам и да се повозам.
    На радио одеше реклама за вечерашниот концерт. Задоволно погледнав кон ќошот од бирото каде стоеше еден билет и за мене. Се насмевнав.
    Одеше Владо Јаневски во етер. Нетрпелива повторно да оживеам парче од мојата младост преку некои стари евергрини, да почуствувам емоции закопани и заборавени длабоко во себе заедно со првата љубов и првиот одмор во Охрид.



    Наеднаш ме разбуди алармот.
    Станав со насмевка. Збунета и изненадена за еден толку краток и едноставен сон.
    За една друга јас, од едно минатото или која сеуште е длабоко во мојата потсвест.

    Остана насмевката и неколку мисли и сеќавања...
    Што би кад би.
     
    Последна измена: 17 ноември 2017
    На Buttterfly, mal.ecka, mula и 23 други им се допаѓа ова.
  10. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Наместо домот да ми биде место кадешто ќе се осеќам среќно и опуштено мене ми е место полно со нервози од родителите,најчесто мајками,нели мајката треба да биде личноста од која секогаш треба да ја имаш најголемата поддршка,личност која ќе те теши и успокојува,мојата е обратно од се,главно од неа ми потекнуваат нервозите,отсекогаш сакала се околу себе да контролира,преку мене да си ги остварува своите желби,да живеам како што она сака и замислила,до тој степен што и маж сака да ми бира она,ако се задржам малку на работа одма звони кај сум,толку претерува што кога и да зборам на телефон во мојата соба она преслушкува,се лути како мало дете ако и преречам нешто,стигнавме и до толку што неможам да си ја поднесам сопствената мајка,толку ме притиска и гуши,несакам насамо да останам со неа бидејќи секогаш е истиот муабет за мажачка,и татко ми не е нешто поарен никогаш не им е погодено,има денови кога не одам никаде па зошто седам дома,а кога ќе зачестам,дури сега ли си дојде,до тој степен се неподносливи што и брат ми несака да седе со нив,јас само од нив сум нервозна и цел живот ме контролирале и биле строги сите и сега очекуваат да бидам опуштена со нив,да сум живеела сама ќе сум била милион пати посреќна.
     
    На Srcka $, Rama и Sar-Ste им се допаѓа ова.
  11. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.359
    Пол:
    Женски
    Нема да има потопол лик од Колозов на македонскиве телевизии.
     
    На kala21, sweet-cherry, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.541
    Пол:
    Женски
    Си врне убаво, пријатен ноемвриски дожд си пијам какао и се радувам уште малку и викендот може да започне.
     
    На Srcka $, Crna Dama, fallenangel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.569
    Допаѓања:
    44.054
    Еднаш, една госпоѓа која била во лош брак, и не можела да зачне оти маж и бил неплоден, и ја кривел неа, се развела и си нашла партнер со возрасни деца, и ги сакала како родени... Свои повеќе не можела да има.

    Понекогаш ми текнува на неа, иако одамна беше кога ја видов за последен пат, и најверојатно нема ни да ја видам повторно. Мудра жена, јака, од оние што не се забораваат.

    Една од последните работи што ми ги кажа беше ,, тебе нема да ти биде лесно да најдеш партнер во животот, оти тешко ќе најдеш поголем маж од тебе ,,...
     
    На Dust, kala21, mula и 32 други им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Разговаравме со татко ми за јакната на мајками е.
    Јас: "Прекрасна е јакната има вакцина напред и надвор,црна е."
    Мислејќи на крзно реков вакцина.
    Од каде ми надојде зборот не знам.:rofl:

    Татко ми: "Каква вакцина:^)?"
    Јас: "Овај крзно".
     
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    фхфдхгхгфх.PNG
    Кога ли поминаа 5? 8-|
    Измешани чувства и за виртуелново место како и за реалноста. Би сакала да бидам пак онаа прилично безгрижна и позитивна девојка опседната со италијански серии, која се радуваше на петки по биологија :D
    Научив и уште учам многу од сите квалитетни личности тука - за емпатија, цврсто бранење на својот став, хумор... но и за внимателност со довербата што ја пружам и за тоа со какви луѓе не треба да се опкружувам.
    Не знам која членка беше што милува да вели вака некако - форумов е државата, Балканот во мало, па и микрокосмос на реалниот живот... Е баш така, и според тоа и од читањето тука можам да заклучам дека и покрај сè има многу надеж и за младината, и за повозрасните да го туркаат општествово напред.
    Ај да не филозофирам многу, cheers! :d:
     
    На kala21, sweet-cherry, Dream-Girl и 19 други им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.948
    Допаѓања:
    164.134
    https://m.kajgana.com/pms-vistinski-problem-ili-mediumska-laga
    Она кога ќе ти искочи ваков текст на фб и со задоволство ќе го отвориш зошто знаеш дека браќата газди на порталот се мизогини и шовинистишки ропаци.
    Го отвараш за да си ја потврдиш претпоставката за содржината. Само на кајгана редовно се одржаваат вакви содржини (поред текстовите со голи жени и на пример цицлест петок или четврток ко што имаат у моментов, ама тоа е и за поддршка на старото добро - сексот продава, јер тоа е тајната на успехот на маркетинг могулот Дарко) од двајца ќелавковци со комплекси на нижа и виша вредност во зависност од конотацијата, ама ако сакаш да ги сосечеш речи им само - абе дечко, факултет немаш завршено.
    Обожаваат да потценуваат жени.
     
    На sweet-cherry, DAngel, Bender Rodriguez и 7 други им се допаѓа ова.
  17. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Сите ние чуваме под клуч некоја тајна на таванот на душата.
     
    На kala21, cresa-jagoda, melnicanecot и 13 други им се допаѓа ова.
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Случајно, спонтано и кратко, имаш шанса за прв пат насамо да врзеш 2-3 реда муабет со мајка му на дечкото.
    Си викаш колку фина и пријатна жена, во иднина можам и сама да ја викнам на кафе па повеќе да си поседиме.

    Возбудена од средбата, со розевите наочари доаѓаш дома, седнуваш на форумов и ти излегува темата за снаа и свекрви....Па читаш:

    - На почеток од бракот свекрва ми беше многу фина и предобра жена, но сега секое сабајле ми влегува во соба додека спијам, и заедно со креветот ме вади надвор за да се луфтирам...Најдобар бил воздухот во 7:47 сабајле, па требало да вдишам од него за да забременам...Мм се согласува со неа, што да правам? Ми студи.

    или...

    - Свекрва ми беше многу културна и пријатна пред некое време, ама сега откако сме во брак, не смеам да јадам со нив. Ми поставуваат јадење под маса, додека тие ручаат на маса...На маса седеле чесните жени како неа, а под маса нечесни...Дека сум спиела со нејзиниот син сум била нечесна...И свекрот и мм се согласуваат со неа, што да правам?

    или...

    Кога прв пат ја видов свекрва ми мислев дека ангел гледам пред мене...Толку фина и добра жена...Ама откако сме во брак, си го пакажа лицето.
    Не е спремна да биде баба, па секоја вечер со стапче во рака ни стои пред спална, и слуша дали спиеме или водиме љубов....Пред да легнеме не слика во кревет, па сабајле доаѓа во соба и гледа на слика дали сме во истата положба како сме легнале или не....Мм се сложува со неа, што да правам?

    [​IMG]


    Сфаќаш дека насмевката и била лажна, дека те гледала со омраза и само пробај пушти чекор на нејзина територија.
    Секако ќе те мрази....Си седнуваш на под во ќошот од собата, си ги фаќаш свиткните колена и си плачеш...

    [​IMG]
     
    На mssuniquee, cresa-jagoda, Dream-Girl и 9 други им се допаѓа ова.
  19. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    14.425
    Пол:
    Женски
    Неодамна или одамна беше, чув тврдење дека некој е згрозен, оти човек заљубен во него
    правел„стратегија“ за да го има, за да го освои....
    и ден денес се запрашувам од кога тоа стана лоша работа???

    Од кога заборавивме да ни ласка дека некој сака да биде со нас,
    дека некој во ннас видел нешто посебно, дека некој се плаши дека тоа ќе го земе друг во мал миг???
    Од кога заборавивме да уживаме во искрената љубов и да и се предадеме???
    Од кога „правењето стратегија“ стана синоним за да го зафркнеш некој,
    да го земеш нечие богатство, нечии имот, углед и статус,
    а не само чекори за да земеш нечие срце, нечии мисли, нечија душа и така да си дадеш себе среќа???

    Некој да прави стратегија за да ја има оваа распадната, емотивно прекомплексна
    и интелегентно преаналитичка јас...јас би го честела :D а не да го нападнам , па уште и да бегам од него
    Ах бе колку се извитоперивме....
     
    На Nane2356, melnicanecot, Crna Dama и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Има и друга варијанта, подеднакво морбидна :devil:

    [​IMG]
    :@
     
    На sweet-cherry, Anabelle.Amorette, Bender Rodriguez и 5 други им се допаѓа ова.