Ми текна на симпатијата од средно, па го побарав на фб и оп роденден му било денес. Мора да ми е суден. Jk
Она кога ќе изедеш пола тенџере макарони со сирење и после цел ден ќе го поминеш во пиење вода. #хелтилајф #фитгуру #веган #њујирњуми #худис
Навистина така ти кажала? Ова веројатно е едно од најсексистичките типови феминизам. Прво: Дали ако на една девојка и'е тешко да најде партнер, тоа значи дека бара маШ со големо Ш со сите manly карактеристики? Второ: Отсекогаш ми биле благо речено несимпатични споредбите на силни жени со мажи. Од некоја причина (причината е сексизам и лоши полови стереотипи, hint hint), силните жени претставуваат исклучок од морето жени кои по дифолт се слабаци, па затоа логично тие се како мажи. Не, една жена може да биде силна, независна и сите други стереотипно машки особини, и сè уште да биде жена. Бидејќи вака испаѓа силна жена=просечен маж. А тоа не е еднаквост, no no. Јас би и' кажала дека причина за ненаоѓање партнер е тоа што луѓето како неа ги учат своите синови дека бидувањето маШ е комплимент само по себе. No hard feelings, патем, ова е нешто за што одамна се токмам да напишам пост, а твоето мислење ме потсети.
Реторичко прашање е ова или да ти одговорам ако си толку веќе радознал. Нема нормални.Сите нормални се иселија од државава. Останавме само ние најупорни дежурни будалчиња (ние сме сите со тешка дијагноза ненормални патриоти изгледа) кои се надеваат дека нешто ќе се смени на подобро.
Колку било убаво кога две мали рачиња ќе те гушнат изненадно, а ти затрескан во телевизорот потскокнуваш и си велиш да не и го помешав млекото Да збореше ќе ми кажеше те сакам, но затоа јас и кажав
Кога ќе видам на социјалниве мрежи коментар на слика од типот: „Ејј срце најјака си„ или „Душо убиваш “ или пак кога некој/а ја опишува некоја друга со изразот „Бомба“ а таа притоа си го зема тоа за комплимент иако на сликата се гледа дека веќе утредента нема да може да се движи нормално затоа што за сликата позира во нејнеприродната можна положба на телото само за да и се видат сите “атрибути“, е тогаш знам дека и нема спас на нацијава наша...
Треба да се отвори ваква тема за дискутирање. I love it. За болдираново- смислата на оваа реченица е дека таа самата е посилна и од најсилниот маж. А не дека силната жена е еднаква на просечен маж. Од секогаш зборот маж бил симбол за сила и карактер и тоа не се променува толку лесно. Жените од секогаш се сметани за понежниот пол и да во денешно време сеуште има доста жени што не се способни сами ништо да направат и животна цел им е да се омажат за богаташ и да не мрднат со прст! Да за мене тие жени се слабаци. Додека има такви жени ќе има и вакви предрасуди дека жените се послабиот пол. А и на времето било скоро невозможно да најдеш маж кој е слабак, ама пак затоа денес повеќето мажи ја немаат таа сила што жената ја има. Бегаат од обврски, не се емотивно зрели, обични кукавици кои не сакаат да се соочат со последиците од нивните постапки. Ама како гледам за неколку децении мажите ќе не обвинуваат нас за сексизам и ние ќе бидеме тие кои го дискриминираат другиот пол.
Не можеш да пишуваш за тотална еднаквост ко да е тоа нешто што се подразбира а не процес, оти си прочитал некаде дека во 21 век во многу развиени земји разлики помеѓу маж и жена скоро непостоечки се. Во земја во која уште се ракоплеска на маж кој сменил пелена на бебе или на жена што знае трактор да вози или кола да поправа затоа што уште како исклучоци се гледаат а не правило, џабе ти се вакви постови @Lella . Дела кога ќе видиме, кога ќе е очигледно, а за така треба ментален склоп кај сите да се смени, тогаш нема ни да има потреба од зборење, се' ќе е јасно. Вака, само на зборење и силење по форуми останува.
Порано спиев со саканата личност,сега спијам со продолжен кабел, 2 полначи, слушалки и далјински управувач. Добра ноќ.
Ме потсети на еден статус на времето "Дека им коментирате срцка си,гром си, БОМБА затоа се пријавуваат за мис."
Без разлика на годините,"детето" во мене никогаш нема да умре. Нема толку лесно да се откажам од лудостите и непромислените постапки,по кои добро сум позната
Порано најмногу сакав дожд да седам надвор да читам книга и пијам кафе.Оваа недела е врнежливо ме невира калта,дождот,извалканите чизми и косата која ја пеглам за да ме измокри дождот.Проблемот го гледам во себе а не во врнежливото време кое предизвикува осаменост.Таа осаменост ме боди во срцето и едвај зимам воздух.Реалната вистина излезе.Многу малку вистински пријатали останаа и знам кои зборуваат кога јас не сум тука.Фамилијата ми се распаѓа ама сите живееме заедно.Со мајками сум во средни односи,со таткоми во мн лоши.Со машко немам излезено којзнае од кога.Се ме нервирам лесно избувнувам главата мемболе ми се врте,лесно ср заморувам вежбам одам пешки па учам одма.Полека тонам и излез нема.Се наоѓам во многу тешка ситуација доколку ништо не се смени незнам тогаш што ќе биде со мене.....До сега нр сум имала потежок период
Кога си добар со сите не им чиниш. Почнуваш да се однесуваш како што тие се однесуваат со тебе пак нечиниш. Навистина не знам. Договорете се. Не можеш да очекуваш постојано да навредуваш а јас да не ти вратам со иста мера. Сега те боли кога вака се однесувам ама потсети се дека и ти вака си се однесувал кон мене. Сепак имам обзир и внимавам што ќе кажам, нема да те повредувам до тој степен како што ти го направи тоа. Ама не очекувај и да ќутам. Заврши тоа. Пред некој ден другарка ми се жали. Не сме збореле на соц. мрежи како порано. Девојче враќај ти на секој 2 саата и нормално е што очекуваш. Не сум јас само кога ќе ти биде досадно. Разбирам се случува да имаш работа или да не можеш да вратиш во моментот. Ама за секој одговор од 2 реда тебе да ти требаат 2 саата. Што е многу е многу. Повеќе зборела на соц. мрежи со други отколку со мене. А тие истите во живо едвај муабет ти прават. Ќе дојдеш ти пак кај мене кога ќе ти биде тешко, ама до кога ќе бидам тука за тебе тоа не го знам.
Сакам да кажам дека ништо не се кажува за инает. Нели е подобро да размислиме и тоа што ќе го кажеме да прави смисла, да е логично. Човечки е дури и да се греши, да се биди лут, но со лутина се штети само себеси. Некогаш се прашувам, која е смислата да нападнеш некој, со цел да повредиш? А, која е пак смислата да нападнеш некој, и да го повредиш не сакајќи, каејќи се долго после тоа? Што е она што не тера да се чувствуваме лошо пред повреден човек и не тера да помогнеме, и што е она што не остава апатични на глетката? Кажуваме работи од инает, и не признаваме кога грешиме. Повредуваме луѓе и не помагаме кога се во неволја, има чувство кое не дозволува. И покрај се, пак сме луѓе, зошто луѓе не се само тие кои се просветлени, морални, добри, кои немаат грешки. Дури и најчовечни луѓе се тие кои прават и грешки, кои учат од нив, па прават нови грешки. Тие луѓе постојано го живеат животот горе и долу, најдобро и најлошо, а не само во една права линија. Го гледаат светот шарен, а не еднобоен. Има добри и лоши луѓе. Едното е само илузија.
Не треба да се бара премногу од животот. Биди среќен и задоволен со она што го имаш. Чувај го семејството, вистинските пријатели...кои се малку, ама доволно и не се нервирај поради небитни луѓе.
Две години од оној грозен период кога се зачленив? Многу грозен, фала му на Бога помина-НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ. Не знам ни како ми текна да кликнам (сега гарант некој вика кај се зачлени, ич да те немаше), ама ете, тогаш имаше забава. Форумов го сакам затоа што ми помогна да го поминам тој период без да се се истоштувам и паѓам психички но и да помине побрзо, ми донесе нови личности во животот, тука убивам досада, откривам какви фасади на лице имаат луѓево, дури мислев не е реално! Но ете, и тука учи човек. Исто така има и неколку прекрасни личности,поради кои се уклучувам. Си знаат кои се. Честам , !