многу е мизерно некој со куп проблеми во животот да измислува глупости за туѓ. очај левел оди скриј се, не постои.
После 7-8 години случајно ми текнува и се најавувам на профилот на HI5.. Толку спомени ми се навратија во главата гледајќи ги сликите, и една голема насмевка на целото лице. Ми се разубави денот.
Денес се возев низ тешко проодлив и маглив пат, сосема сама, се возев и се молев за мое здравје, ме облеа чувство на неопислив страв, како да патот води директно кон рајот, а маглата се всушност облаците, чиниш кај и да е ќе се појави таа метална порта, а таму ме чека татко ми во бело...
Луѓево немаат попаметна работа во животот од тоа да ми водат евиденција за мојата редовност и моите коментари на Фемина. Јас жалам што е тоа така но искрено донекаде и благодарен сум што толку се опседнати со мојот лик, мојата профил-слика и моето дело. Тоа значи дека јас и AC/DC нешто вредиме.
СДК дека целиот живот е борба за рамнотежа. Борба меѓу добро и лошо. Баланс меѓу ноќ и ден Вагање на барања и услуги. Еднаквост меѓу заработено и потрошено. Компензација меѓу дом/фамилија и работа/кариера. .. Рамнотежа мора да постои. Таму каде натежнува една страна,не е на арно,па макар и по доброто да е.
Им се восхитувам на пчелите,во една кошница толку пчели и не се напаѓаат,повредуваат,предаваат собираат мед за матицата. Кога ќе дојдат други пчели,од друга кошница да им го соберат медот тие си го бранат својот дом(кошницата) За разлика кај нас луѓето е обратно....
За да научиш да ги прифаќаш мислењата од другите за тебе, треба најпрво да научиш да не се нервираш тогаш кога не се во право.
Нее и тие не се баш совршени. Има пчелки кои се мрзливи и се преправаат дека работат, но доколку ги забележат 'набљудувачите' веднаш ги казнуваат... А има и такви кои можат да се испијанат од некои нектари, па често и забораваат каде им е гнездото. А ако се вратат пијани дома, 'чуварите' или не ги пуштаат да влезат или им ги јадат нозете за казна. Али пак твојата поента е точна, пошто на нив им иде памет.
Го чекам денот кога барем една дискусија во било која македонска емисија ќе тече како што треба, без меѓусебно прекинување, недовршени реченици, надвикување и слично, како на пазар да се нашле. Сфаќам дека секој сака да си ги одбрани ставовите, целосно да се искаже, ама искрено, ова веќе станува напорно за гледање. Еден почнал, друг нешто друго дофрла и оди разбери кој што кажал. Па на крај ќе чуеш: ,,Имаме уште некоја минута до крајот на емисијата, тука да завршиме." Па, ќе завршевте и порано ако секој си го чека редот за да се искаже.
Она кога ќе ти текне дека деца родени во 2000 идат накај полнолетство, па и оние родени во 2010 веќе одат на школо (наспроти чувството дека тоа е како лани/преклани), и дека 2020 е за две и кусур години...
Колку е погрешно тоа што се срамиме од нашите физички несовршености. И си набиваме комплекси. И патиме од недостаток на самодоверба. Самата си сум жив сведок за тоа, и во последно навистина пробувам да го надминам. Да најдам начин. Што можам да направам ако имам криви нозе? Ако имам широк или испакнат нос? Ако имам криви или дебели прсти на рацете? Ако имам мали гради? Што можам да направам, кај можам да се пожалам, да побарам замена, кај да се обратам за да се ослободам од некоја од мааниве? Епа не можам ништо да сторам. Таква сум - гени плус мајка-природа. А ако тргнам по пластични хирурзи, ќе треба цел живот кај нив да останам, нели А луѓево, многу се лоши. Многу. И знаат да повредат. Викаат дека пубертетлиите се најпроблематични и знаат најмногу да повредуваат во тој период од животот, да даваат невкусни коментари, главно кон врсниците. Ама не. Јас тогаш немав проблеми. Отсекогаш сум била позитивното девојче, кое не се комплексираше за ништо. А сега како времето одмина, по некаква несреќна околност, животот ми доведе луѓе кои успеаја да ми ја спуштат самодовербата на нула. Ама јас сум глупава што им го дозволувам тоа. Што поќутувам. Потајно надевајќи се дека ќе почувствуваат дека тоа што го кажале не е во ред. Не им текнува. На тие таквите никогаш нема ни да им текне... Ама не берам гајле за нив. Туку само сакам ЈАС да успеам да не ги вреднувам воопшто таквите луѓе и да не им дозволам да допрат до мене, со било што. А тешко е, пошто сум таква личност - се' си ставам на срце. Ама ќе најдам начин, верувам. Во време кога се случуваат какви не лоши работи, најмала грижа треба да ни се физичките несовршености. Само ние и нашите најблиски да сме здрави и сите на број. А несовршеностите - тука се за да постојат, и да не' потсетат дека сме луѓе, сите различни, а не правени по калап. Нели?
Разговор меѓу повозрасна жена и дечко: - Жената: Добро утро Александар! На работа? - Дечкото: Добро утро тетка Мира.На работа одам. -Жената: Каде работиш? -Дечкото: Во приватна фирма. -Жената: Ако, каде било... Што??? Каде било Зарем вложениот труд и инвестиција се залудно потрошено време за да посегнеме по утешно решение? И во тоа каде било треба волја за работа и желба за успех. Задоволувањето со трошки значи неоправдан револт од ситуацијата во која се наоѓаме. А таа е таква каква што ние ја создаваме.