Ех, и мене ова не ми влегува во глава. Наместо да се горди што нивните деца се живи и здрави и направиле 2, 3 или повеќе години, тие очајно бројат месеци.
Ајмо, денес е денот....бреј шо убаво вака ми дојде на душичката, чао бре рагаци, мрш да не ве гледам пак...а директорке, машала, со ваков колектив - тебе ти треба појќе среќа во живото од мене. Јас ќе најдам ем работа што е во малата и мила Македонија се знае - 200 евра, ем колективот СИГУРНО ќе биди подобар од овој. Еххх и едно цигарче ми се палеше - ама ај после После 3 години малку се олабајв со малиот - ама инаку е борба секој ден со нив до 3 години....после тоа полесно се диши. А 36+ група - ја претерале
Такви се некои глупави времиња каде што не можеш да најдеш човек едно кафе да се напиеш,виртуелниот свет уништи све.
Дали Х има дечко/девојка, до кај е со факултетот, колку плата зема, па пар што го знаеш кога ќе се одлучат веќе за свадба, па дете, па дури и братче/сестричка на детето кога ќе се роди... Наместо за вакви работи, повеќе луѓе искрено и со разбирање да се интересираа едноставно за тоа како е една личност што ја знаат и до каде е со своите чувства, светот би бил поубаво место за живеење...
Aко не направиш сам промена, промената сама ќе ти дојде, на неспремно. Осеќам еден голем бран. Или ќе не направи потоп или ќе испливаме конечно успешно до брегот. Нешто мора да се случи.
Една карактеристика што најмногу си ја сакам кај себе е упорноста. Кога ќе си зацртам цел, речиси невозможно е некој да ме оттргне од неа. Ми забележуваат дека одам од крајност во крајност. И така е. Кај мене се` е екстремно. Се` или ништо. Црно или бело. Сивото кај мене не постои. Или правам нешто со цело срце или душа или воопшто не почнувам. Овојпат е поважно од се` досега и ќе успеам. Тоа ми е во крвта.
СДК дека луѓето ми се или смпатични или не. Без причина. Без интерес. Без потреба. Затоа и ми веруваат Првите зашто знаат дека ги сакам и се грижам за нив Вторите зашто знаат дека не ми е гајле за нив а уште помалку имам потерба да ги лажам
Сето она кое политичарите треба да го направат, она кое сите ние потајно би сакале да го направат ама не го прават. Ете како изгледа тоа во реалноста. Спојлер: Не, сериозно, +18 Спојлер: +18 и празен стомак
Затоа ја носам својата широка насмевка каде и да одам. Насмевка по која од далеку ме препознаваат. Насмевка со која ќе ве пречекам и кога не ми е дојдено до смеење. Насмевка која ги омекнува сите соговорници. Насмевка која во себе носи многу болка која нема да ви дозволам никој да ја види.
Дождот паѓа тогаш кога ние двајца се сретнуваме, не знам зошто е тоа така но ни времето не сака да сме заедно. Секогаш сѐ се случува во погрешно време. Ни ние не знаеме да кажеме а очекуваме од времето да ни покаже дали треба да сме заедно, а знаеш ако чекаме на времето тоа ќе замине ние сме тука и времето е тука но ние старееме а времето само поминува.
Ако сами не си го пронајдете местото во толпата, другите ќе ве сместат таму каде што не припаѓате. Виновникот е во нас...
Дозволив да се доведам до овој степен. Повеќе нема. Ех, луѓенца мои мили. Еден совет од срце, никогаш не се нервирајте за ништо, ама буквално за ништо! Јас од тие нервози вечерва завршив на болница, губејќи свест, тресејќи се.. Срцето ми чукаше 200 на саат, си мислев готово е, јас тука завршувам.. Тоа што го поминав не му го посакувам на никој. А зошто дојдов до тој степен? Заради некои дволични ѓубриња кои ме гледаат само од корист? Заради нив, заради некои безвредни суштества на кои очигледно ги вреднував исто како и моето здравје. Заради школото, заради некои професори на кои задоволство им е да гледаат како се мачиш да извадиш една ебена тројка и притоа си подигруваат со тебе? Заради некоја лоша оценка што не ми менува ништо во животов? Заради се' што трпам дома молчејќи? Заради сите тие трауми и стресови? Заради што дозволив татко ми на раце да ме носи до колата и да лета со 190 до брза помош? Што ли е повредно од мојот живот? Драги мои, јас повеќе не молчам, веќе ми е преку глава. Сите нека исчезнат од мојот живот, може ќе останам сосема сама, ама знам дека нема да сум со луѓето кои ми го загрозија животот, воедно и здравјето. Нека оди се од мене. Крај е.
Ама ич не ми е пријатно кога ќе сретнам личност што не сум ја видела од основно што се вели и како едвај да чека да ја прашам како си. Мислам психички ме злоупотреби. Се разведувала со сопругот, ваков бил онаков бил. Прво климаш со глава од култура чудејќи се на информациите сервирани на тацна без разлика што апсолутно не ме интересира каков и е полубившиот сопруг, второ си велам- жено се немаме видено сто години, а и пред сто години не бевме нешто блиски. Потоа почнуваш да погледнуваш во саат и велиш -тоа е, ајде ќе биде се во ред. Јас морам да одам, поздрав. Си отидов зашеметена цела од местото на злосторот каде што мојата психа беше силувана максимално. Сдк за развод треба двајца, а понекогаш и тројца. Сдк ќе да не е само до маж и..
Никогаш не сум можел да ги сфатам местата каде што се пушта гласна музика. На вакви места човек може да се разбере само со мегафон.
Само мене ли ме болат ушите и ми се потечени непцата на местото на осумките ? Кога станав толку осетлива на промена на време ? Колку злоба испливува на шовршината на окото кога некој ќе слушне дека не ти оди некоја работа или си заглавил ? Самото тоа што знае дека одговорот е далеку од позитивен измамува злобна насмевка. Ситење на туѓа мака. Ако, се врти тркалото кога најмалце очекуваат.