Читам мои мислења на форумов од лани овој период и уште појасно ми станува она што ми е постојано во глава - каде бев лани а каде сум сега...! А тек каде можам да бидам наредната година..и таа после неа... Пред мене е животот # патот до остварување на целите започнува со поставување на истите!!
Ако те видат со женска особа како се шеташ или пиеш кафе,одма муабети од: недоквакани,затуцани,уговарачи,и прости луѓе: Ааа вртиш шеми ти,која ти беше таа?Те видов јас,ама ти не ме виде. Од доточниве особи што работат како тајни агенти,се имаат уништено многу врски Го видов со девојкано која била девојката може да биде: -Другарка,сестра,братучедка.... Проста маса ја гази земјава Кога секој би си го гледал животот убаво би било,но нема да биде интересно пак после без ваквите задуцани,радознали луѓе
Среќа е кога сопствената среќа е зависна од туѓата. Кога живееш, се радуваш, градиш и создаваш...дишеш за сите околу тебе. Бидејќи не си сам, бидејќи срцето чука во исти ритам за сите, кога љубовта не се дели туку се мултиплицира и расте расте расте. Убави се празниците со вас бидејќи цела магија е во мене, во нас, во нашите срца
Денес во двокатен: - Наставничке, може ние да седнеме напред? - може, зошто да не може - јессс, види од тука многу убаво се гледа како телевизор е... По 5 мин. силен џагор. - Еј, види, снег врне. СНЕГ ВРНЕ, СНЕГ ВРНЕ... Учителката: "Шшшшшш..." Ама ако деца, мене не ми смета вашата радост во автобус, покрај сите овие грижи и обврски, туфкања вака требаше онака требаше, made my day... ❆❆❆
Тамн се среди се и продолжив напред,минатото на врата ми тропа. Игнорирам колку што можам,но тоа упорно си тропа. Драги мои бивши вашето време помина,оставете ме на мира.
Uzas, uzas poloso ne moze da bide. Zosto se podole i podole pagjam? Zarem ne e redno nesto na ubavo da mi trgne? Umorna sum veke od borenje...tolku sum baksuzna totalen promasaj zivotot mi e vecito pagjane i nikako da stanam
СДК дека живеам во интересен свет. Некои луѓе ич не ценат напор, посебно напорот што е потребен за да ги избегнам.
Простувањето е едно од најубавите нешта. Секако, ако другата страна искрено и вистински се покае и промени.
Ајде, за арно за убо! Само, како 2 години дружба на форумов, а ти член од лани? Ма, не е битно како, битно е што е љубов у прашање.
Кога се враќаш накај дома со педесет годишен човек и ти кажува дека ги слуша Iron Maiden, AC/DC, The Rolling Stones и.т.н. наместо Митар Мириќ - бесценето. За сè друго постои MasterCard. Поздрав до тебе.
Како се лепи нечие друго име таму каде што бил некој друг. Мислиш дека нема да залечиш, дека уште ќе крвариш внатре, а тоа полека залекува. И само како некој блед сон се губи неговото име. Едно време го мразиш, па имаш гнев што си му верувал, и потоа плачиш. Се прашуваш - дали и ова ќе помини?! Ама поминува. Се поминувало, се. И не е каменот најсилното нешто во целиот овој наш свет - човекот е.
Нема поголема мотивација од тоа кога еден ден ќе седнеш и ќе споредиш каде си бил и каде си сега. Тоа е тоа што те тера напред. Без мотивациони цитати и говори, без некој да ти кажува како треба... Сами за себе најдобро си знаеме.
Како беше она:Јади,пиј и џвакај орбит. Ама,само со затворена уста,аман Така малку грдичко ми е кога некој додека ми зборува во фаца ми прави балончиња и џвака мастика со отворена уста,онака како да "прежива" ко на пример кравите кога ја вртат во уста нивната трева што ја јадат Дури се си мислам и лиги ќе почнат да им течат низ уста,брее
Денес требаше да бидам на пат за Прага. Градот кој го обожавам и во крв ми е врежан. На пролет, на пролет морам да одам во Прага. Срце ми се кине од оправдани причини морав да го одложам патувањето.