Само јас ли сум 'најпаметната' која додека некој близок лета, јас следам он лајн слетување на авионот? Ќе ме убие параноја еден ден, знам јас.
Професорката Тројачанец пронајдена мртва. Депресијата зеде уште една жртва, а нема да е последна, ако не преземеме нешто како општество. Во Македонија има епидемија од депресија, анксиозни пореметувања, параноја која се лечи во домашни услови со "Не ти е ништо", "Ќе ти помини", "Ај не се секирај", Дијазепами, Лексилиуми, алкохол, дрога шо на долг рок само ги прават работите полоши. Значи ако имате депресија не се лекувајте дома, ако е менталитетот од 14-ти век, надвор е 21-ви век, посетете стручно лице, направете група за поддршка... Менталните болести не се ваша вина. Ако си во депресија не си ти виновен исто како што не се обвинуваш самиот ако настиниш. За првата болест лекот е психолог/психијатар, за втората друг вид на доктор. И како што не се срамиш да одиш на доктор ако ти е болно телото, така и не се срами да одиш на доктор ако имаш проблем со менталното здравје. И зборувајте отворено, не е ништо страшно да кажеш дека имаш проблем. Огромен проблем на тие со депресија, анксиозност и слични состојби им е тоа што мислат дека само нив им се случува, се јадат за тоа, мислат дека само тие се борат со тој проблем.
Јас и на мачката моја и ставам. Иначе постои нешто што се вика заебанција, сигурно некој/а не ставил круна зашто стварно мисли дека е крал/кралица.
Знам што е заебанција. Има разлика од заебанција до преголема самобендисаност. Личноста што ме инспирираше да пишам, поконкретно, спаѓа во втората категорија.
Некаде прочитав: Живот е кога се будиш покрај оној кој го сакаш. Останатото е преживување. Колку е само точно! Ништо без љубов.
Мене најјак накит ми е оној што го добив на гинекологија. Два пара гумени алки со "изгравиран" број на новороденче
Луѓето кои страдаат од депресија, шизофренија или каква год психичка болест, најмалку што ги занима е дали вие ја разбирате болеста и дали вие сте доволно свесни и спремни да ги прифатите; дали Once in a blue moon вие ќе бидете доволно емпатични да напишете engaging статус на фејсбук или твитер. Приоритет и најголем проблем на овие луѓе и нивните семејства им е да се излечат. Оти, јебем ти живот ако цел треба да го минеш на апчиња кои те убиваат во поим - те успиваат, ти го онеспособуваат мислењето, те отупуваат и, не баш ти помагаат, ама, некој (вклучително и твоите најблиски) упорно те убедува дека треба да ги пиеш, оти, колку-толку фукнционираш подобро одошто без нив...оти, друг лек и не постои. И да, се им е во главата. Ама не онака како вие го разбирате, не онака како го пренесувате, не онака како им се пренесува.
Да бидеш психички... unwell, е константна борба со самиот себеси. Убаво е да се чуе дека не сум сама, всушност тоа најмногу ми има помогнато.
Иако е ладно мрачно загадено смрдливо, за мене овој период е најубав во годината. Потсеќа на љубов, на топло миризливо какао под ќебе и еден куп божиќни филмови преспиени во неговата прегратка Ме потсеќа на пеперутките во стомакот, на надежта, на срамежливи бакнежи и еден убав ветувачки почеток
Она како за крај на работа вадење ѕрцки , па и уште неспособен те прават, па како и не ја заслужуваш ни мизерната плата. Осет! Што беше тоа, знаеш??? Е стварно немаш појма. Ама ако... Пред мене со една вака, со мене сега, а утре здравје ќе видиме која е "среќничката" . Ама ако.... Школо за цел живот!
СДК дека и ние родителите со мали деца некогаш сакаме да излеземе некаде без деца и да си посветиме внимание, да здивнеме без да не маваат со камења. Коментари од типот: ''Како не ти беше жал децата дома да ги оставиш а ти да шеташ, не ми е јасно'' се далеку од потребни.
Од кога се зачленив на форумов, а и претходно, постојано читам, следам дискусии, заземам страна, имам свои видувања за некои ситуации а кога ќе видам колку малку мислења имам сама си се чудам зошто не сум пишала нешто, а не сум мрзлива
@Jason123 не е срамота да се зборува за своите проблеми бидете реални овде пре ќе ти се изнаситат него ли да ти помогнат. Со исклучоци. Патем денес ми е именден. Па повелете на торта. Ќе си посакам здравје и среќа друго се си имам.