Што е убаво да си женско , ќе го допреш браникот на тој пред тебе... и ќе ти речат уживај, ништо не е
Денес си добив новогодишно пакетче,од моите....и еве партали го направив. Ги преполовив сите чоколади. И после дебела сум,е сум Некои се тешат со :дебела сум,ама среќна. Е јас дебела сум,ама не и среќна
Да не може човек да напише нешто во т.н. табу теми. Па веднаш пораки во инбокс. Не сум на форумот за да пишувам со маж што му сметаат/ му се смешни/ го возбудуваат моите сексуални фантазии. Изгледа рајата нема попаметна работа, па чека некоја да наседне на нивниот шарм. Ужасно и просто.
Кога имаш дефиниција за некои работи и кога е таа јасна а некој се обидува од околу да ги претстави некои работи како позитивни а всушност се негативни. http://www.makedonski.info/search/мизантроп?
Некои луѓе не знаат колку Љубов има во едно Добро утро Некои луѓе не знаат колку Љубов има во една Прегратка Некои луѓе не знаат колку Љубов има во една Насмевка Некои луѓе не знаат колква радост претставува да бидеш сакан
Се заљубив во дечкото со кој соработував за проект.Прво несвесно,за после веќе свесно да знам дека е така.Дечкото беше одличен,ми посвети максимално внимание,се вложи цел за да постигнам високи резултати.На моменти ми се чини дека му украдив некој од неговите погледи.Не знам дали е навистина така,ама мислам дека имаше некоја хемија.Тој е неколку години постар од мене,но воопшто не ми смета.Проблемот е во тоа што е некако недостижен.Да му се приближам,не станува ни збор.Не знам што гледа во мене,и тоа ме мачи.Постојано мислам на него,кога ќе го видам се стресувам,немам апетит...како да сум среде пубертет.Од физички изглед,до карактер,се што сум барала од секогаш.Па,кога ќе се насмевнеше,телото ми го лазеа морници.А и страшно ми годеше неговото внимание,се ќе дадам да се врати времето кога работевме.Никогаш не мислев дека ќе се заљубам во деловен соработник.Сега оставам се на времето.Би сакала да биде нешто.
Мрчатори, мрчатори everywhere. Феномен (се знае, во негативна смисла) – ми биле и секогаш ќе ми останат. Насекаде се, а виртуелниот свет им е природна средина каде што најмногу пливаат, таму деј фил лајк а фиш ко што викаше Ѓоко во лапсузот. Не смеат да пропуштат ниедна шанса да го извлечат негативното (кои често само самите тие го гледаат) и да омаловажат сѐ што ќе се сподели. Имало (скраја да е) терористички напад и си напишал/споделил нешто сочувствително онлајн? Според нив си патетична будала, ништо не помагаш со тоа во страшната ситуација. Едуцираш и поттикнуваш толеранција кон маргинализирани групи? Исперен мозок си, површен следбеник на помодарството, а со твоите зборови ништо нема да постигнеш во промената на менталитетот. Се самоубила позната личност таму некаде на другиот крај на светот и изразуваш човечко жалење за тоа? Нема врска дали навистина те допирала уметноста и делото на истата или што воопшто човечки реагираш, секако е обично досадно лигавење при целата несреќа на светов да жалиш само за тоа (дека нели следствено за никој друг немаш сочувство, these genius mind-readers know that). Си пресудила обична личност од градот во кој живееш, и пишуваш статус за депресијата како алармантен занемарен проблем во сопствената држава за поддршка и подигање свест? Нема ништо да решиш и никому да помогнеш од зад компјутер, обичен лажен херој си и attention seeker. Дишеш ултразагаден воздух, околу тебе ко во примитивна заедница шетаат незгрижени кучиња и заради некои од нив што напаѓаат, неандерталци намераваат да фрлаат отрови и да испоубијат сѐ на четири нозе на улица ако треба – и реагираш искажувајќи го својот револт? Ма ништо нема да решиш со обичен статус и пост на фејсбук или форум, ниш-то!!1 Исто и хуманоста да не ја заборавам, којашто секогаш е актуелна причина за дискусија кога има нејзино споделување – без разлика за колку позната личност се работи или дури и за обични луѓе. Смачено ми е за буквално секое добро дело кое се дознава, да има некој што ќе го посочи токму фактот дека се дознало како хајлајт во негативен контекст. Споделувањето, пофалбите и лајковите, како што не ја зголемуваат вредноста на хуманото дело како такво – исто така не ја ни намалуваат. Најважен е оној кому му требала помош и му е помогнато, неговото чувство на подобрување, олеснување. И камо што повеќе луѓе да прават такви чекори и да предизвикуваат такви чувства. А дали генијалциве предлагаат некој чекор кон решение на проблемите? Се разбира дека не. Важно искажувањето на чувства и покренувањето барем мал чекор кон свест и револт, на приватни профили и форуми за дискусија – е патетично и ништожно, и мора да се покажеш како издигнат над тоа. Епа ај ако не тогаш нека се укине цела технологија и никаде да не се крева глас за ништо... а ние ќе чекаме од нивното вртење очи и омраза да се канализира можеби некаков нов тип на магична енергија која би решила сѐ. Толку многу луѓе се очајни да ја најдат маната на сите (и тоа првенствено на квалитетни личности) и со тоа да се издигнат како објективни, уникатни и посебни. Кој да ви каже и да ве научи дека над толпата се издигнува со креативност и идеали, а не со омраза? Не сум поттикната (само) од дискусии на форумов, туку воопшто и од многу луѓе во околина и на социјални мрежи, од многу чуено, видено и прочитано што предизвикува махинално крстење (по можност со лева рака) без разлика на тоа дали си верник. И не сум само јас и не е дека сум млада, знам дека и на многу скапоцени луѓе со емпатија во себе самото восприемање на овие појави без целосно да ги игнорираат им се мазохизам, и така ќе остане без разлика на искуството...
Дали сме свесни што ни се случува??? ПМ честички над 600, а ние само објавуваме на социјалните мрежи и чекаме некој ропак у 2018 да го реши тоа. Па да, откако ќе испоцркаме, ќе биде. Абе се гушам!!! Хронична астма. Знае некој што е тоа??? Не би сакале да знаете! За шарена револуција сите на нозе, а сега за дишење на чкрги сите дома. За никаде сме!
Ме јаде нешто одвнатре, ме притиска. Цел ден воздух не ми дава да земам. Прилегнав да ми помине и освен што спиев не ми помина. Ќе мора да си земам од тие апчињата за јаки болки. Порано до волку не ме болело, од болка да ми се спие.
Знаете што ми текна? До сега,два пати бев запросена,и два пати одбив Првиот пат,беше пред околу 4 години,дечкото ми рече неколку пати,дека сака заедничка иднина со мене,па инсистираше да зборува со моите,да дојдел дома. Wtf?! Фино му објаснав дека немам сериозни намери,и да не се мачи џабе ни прстен да купува. Вториот пат беше пред две години,овој изгледа му беше срам во живо,па ме "запроси"преку вибер му реков-вечер ќе зборуваме,и излеговме вечерта ама ни тој ја начна темата ни јас,ионака се скаравме за брзо,па експресно си најде невеста. Искрено,ич не жалам што не скокнав одма,а уствари се смета ли ова за запросување-дека нели без прстен и други церемонии,еве не знам Знам дека тој што треба,тој по кој сечам вени,ниту ме запросил на било кој начин,ни ќе ме запроси некогаш Туку,ај да си го докусурам Пелинковацот,на другото да му турам пепел,јебига Ајт на здравје.
Сдк....љубов е кога ти се јавува и ти вели слези на секунда немам многу време одиш те опсипува со бакнежи и си оди
Порано беше: Јас ќе излезам малку воздух да ме фати. Сега: Ќе одам дома на воздух. Секој ден полека,полека умираме се гушиме,жално и срамно. Како ѓубрето на Стража и многу локации. Заев или Грујо не фрлаат ѓубре ние несовесната стока,сами се труеме. Ова е како бомбаш самоубиец,сам се убива но и невини гинат. Брука од народ сме Македонче јбг
И таман мислев дека почнав да те заборавам скроз, еве те пак ми доаѓаш во мислите овие вечери во доцните часови.... Се запрашувам многу прашања, а ниту еден одговор незнам... Зошто ме омаловажуваше? Зошто ме повредуваше и навредуваше а потоа ти сметаа моите солзи? Зошто не сакаше и јас да успеам во нешто? Зошто не му дозволуваше на твоето мало девојче да биде онаа што е? Зошто се однесуваше со мене како со птица во кафез? Зошто не беше со мене кога ги поминував најболните моменти во мојот живот, за кои бевме виновни и двајцата? Зошто секогаш другите ти беа на прво место? Зошто 3 ипол години завршија вака? Зошто? Зошто? Зошто? - Се прашувам и плачам, неможам да се смирам, хистерично би викала на цел глас за да ми олесни.... Ама знаеш дека многу лоши работи поминав и оваа ќе помине. Нема скроз -знам, ама ќе помине. ЗОШТО барем малку не ме ценеше? Зошто? Да беше барем малку така и да ме почитуваше, НИКОГАШ НЕМАШЕ ВАКА ДА ЗАВРШИМЕ....... ЗОШТО, зарем многу барав? И зошто неможам да престанам плачам, овие денови кога ми текнува на тебе? Зошто премногу жалам за работи кои ниту малку не ги почувствував со тебе?..........
Uf, ova me potseti na nekoe vreme pred poveke od 24 god. Isto scenarijo, a jas pusta trcam po skali, naivna kolku me saka specialno za mene odvoil vreme, a toa jas sum ti bila vo ljuboven triagolnik. Denes mi e koga ke se potsetam. @Arthur ova nema nikakva veze so tebe. Epten me potseti na vreminjata.
Понекогаш навистина многу ме интересира, оние луѓе на интернет што секогаш шират негатива, злоба и се спремни за здружување со цел да оцрнат некој сосема невин, какви животи живеат. Имам сретнатно навистина многу, особено на твитер, и не можам а да не се запрашам, кој стои зад тоа име, позади тој компјутер, и колку тажен живот живее. Можеби е до мене, премногу се преиспитувам, не сакам да навредам, да наштетам, а особено затоа што после тоа ме јаде. Па ќе се појавам на форум после долго време и јавно ќе се извинам Ај бе бидете малку пофини, не боли жими све Уствари...што се замарам, и онака сите ќе приумреме од болести на бели дробови кај и да е
Мана на многу луѓе е што сакаат да бидат учители на другите,а всушност самите имаат уште многу за учење...
СДК - сите вие кои се прашувате - зошто кучиња, зошто не за дечиња, за жени, за воздух, за делфини, за дрва протести - повелете, организирајте, ќе дојдеме. Не прашувајте зошто некој не ја потегнал вашата иницијатива. За неа сте си сами одговорни. Или лежи лебу да ти баам, мене ми смета воздухов, ама ај вие кучкарите протестирајте за мене. Не иде така.