Сaкaм дa кaжaм декa oд пишувaње пoстoви зa зaгaдениoт вoздух нa темaвa, oсвен негaтивнa енергијa, друг ефект немa.
Sto fajde od gluma i lazgi so opaski? Nedostatok na samodoverba? Kompleks na niska vrednost? Zelba da se bide nesto sto ne si? Nepotrebno ,,gubenje poeni" spored mene...a nisto ne ostanuva tajna...se se doznava
Kaко лесно можеш да се сопнеш. Снаата ја нервира свекрвата со јатрва и на свекрвата, демек ете она ми е поблиска. Свекрвата се обидува да ја нервира и јатрвата и снаата со снаата на свекрвата. Јатрвата мисли дека е во цвет на младоста и се занесува. Најубаво да си направам маргарита... овој бич малограѓански фајт од кој не сакам да сум дел ќе потрае. Толку простоќа... Сакам да им речам, бичез плиз, не ми се доближувајте. Од вчерашни новости знам само дека се осеќам ко празно пивско шише. Се што може некој да направи со мене е да ме наполни со домашен кечап и да ме чува за зимница, никаков посебен ќејф не правам. Викаат животот може да ти се смени за 1 недела... Не само што викаат имам и примери околу себе. Другарка ми на заебанција аплицираше за зелена карта и заборави, ама баш од забава. После 2 години и стигна дека ја добила. До тогаш немаше дечко, само што фати од 1 месец и му рече, слушај јас одам, кога ќе се вратам да си организирал свадба. За 6 месеци беше мажена во Америка. Другар немаше никој пат фатено девојка, срамежлив... шта да ти причам. Во рок од 2 недели се запознаа, направија дете, за месец се венчаа, за месец и пол се преселија и еве д бан ин д овен ја чекаме да стигне... Трет пример, другарка гледа оглас за работа во Австралија, но некоја посебна не знам каква, атрактивна, у несвест да паднеш. И вика неам шанси, и викам аплицирај бе од кај знаеш и двете бевме хехенце... за 2 недели ја имаше работата, за 1 месец се пресели, за 2 месеци се врати по дечко и да се венчаат. Друга другарка намерно се пресели во Австралија, тоа беше остварување на сонот, тоа беше тоа, за цел живот. 2 месеци како што беше таму го сретна мажот на нејзините соништа. Сега живее во Лондон и чекаат бебе. Лондон за кој секогаш викаше дека нема шанси да и биде точка на живеење и бебе кое и беше планирано некаде таму на 40 години... Муабетов ми е... некогаш и без јасно поставена цел можеш да се најдеш на некоја чудна, прекрасна, атрактивна дестинација која не мора да има географска одредница. Може и да е токму тука, но со шифт во срцето и умот. Но сепак, крај на годината... почеток на друга... не верувам дека било кој од нив помисли на почетокот од годината ќе се најде таму каде што се најде потоа. Ако зборувам за себе, ме нервираат и депримираат тие мотивирачки новогодишни муабети дека ОВА е таа година, МОРАШ да поставиш јасни и прецизни цели за да се најдеш таму каде што сакаш и треба да бидеш. Некој да, го оди потешкиот пат до таму...но охрабрувачкиот морал на приказната - некогаш па треба и да пуштиш за да дојде.
Шо убав почеток на денот коа ќе ти кажат дома дека добиле закана од тип “поздрави ги децата, да не барате правда многу ти и жената, да не случајно ги снајде нешто нив“. Да си најдам обезбедување од денес, хм? Затоа треба турскиве серии да ги укинат, обични смртници се замислуваат дека се дел од мафија од турска серија, па се служат со вакви изреки.
Магијата на празниците ме тера да излезам и на загадениов воздух. Трагично е што не гледам среќни лица, само детски насмевки а родителите буквално несреќни. Одамна немам видено среќни родители и деца, отаде негативната енергија.
Празнината во разговорите со некои луѓе исполнета со прашања од типот, си се здебелил/а или си ослабел/а се резултат на силата на времето и промените кои се случиле во периодот кога сме немале контакт пред да не затекне моментот на збунетост и беспомошност. Отсуството на зборови и размената на изненадувачки погледи ќе ја засенат ситуацијата кога непријатните прашања и непотребните одговори ќе бидат заменети со едно добро изгледаш кое обострано воодушевувачки ќе ни го промени текот на денот. Секојдневието не е лесно, но има денови кои може да бидат пријатно убави.
Кога на маглава неочекувано во канцеларија ќе ти донесат 300 гр. Милка чоколадо Ма цела ќе ја мавнам од среќа СДК Има уште убави денови и добри луѓе
Убава поента имаш,но што ми менува тоа добро изгледаш кога го има фантастичното ми го разубаве денот. Вчера буквално некој тоа и го стори а откако го реков за возврат добив дека и јас истото сум го направила. Е за тоа вредат пријателствата. Изглед е изглед важно е со какво чувство го носиме на себе и какво чувство споделуваме на луѓето околу себе.
Најчесто разговорот почнува со познатиот стереотип за изгледот, а чувствата произлегуваат од зборовите и комплиментите. Не би објаснувала повеќе. Темава не е за цитирање
Жално и нечовечно е тоа што сликите од обесената жена кружат по социјалните мрежи. Како може некој да биде толку безчувствителен и да ја слика жената обесена на дрвото. Се наполнив со ужас кога ги видов фотографиите, греота е. Каде ли отиде човештвото?
Утринава, во соодветна тема за вакцините, со голема доза на сарказам и иронија, беше специфизирана мојата наивност, до тој степен, што беше дефинирана, како јас сум дотолку наивна што би излегла од границите на бракот, би завршила со друг, кој обожава такви како мене наивни, за да си проживее век и да ме поседува мене, така наивната, со превласт за владеење. Истиов, женет е. И ваквите коментари ги добив после аргументиран пост по основ темата, од член со кој едвај неколку зборови сме размениле, а од кој очекував соодветен одговор, макар и со сарказам, но во склоп на она што го изнесов. На таквиот коментар, одговорив соодветно, со миналмална доза на сарказам, по што коментарите беа уредно избришани од модератор. И фала нему, што е тоа така. Признавам дека и самата употребувам сарказам и иронија, но никогаш надвор од границите на разумот, и секогаш, во склоп на темата. Ама бидејќи, на форумов, една тема за врски со женет е активна овие денови, ете, сакав да доловам како еден машки член размислува на тема вакцини, а во склоп бракот од кој би излегол, и би бил со наивна особа која може да ја поседува, чиниш е имотен лист или предмет. Не е соодветен пример, ниту оснава за генерализација. Признавам. Ама ниту темата не е наивна, а пак уште помалку се зборува за мене во истата, за да судиме по пишаниот збор и личните квалификации. Ништо приватно не сум зборувала, освен мислењето кое го изнесов во склоп на темата. Каде се крие разумот за квалитетни дискусии? Дали само иронијата и сарказмот дефинираат содветен одговор? Дали истиве важат како пример за интелегнција? На последново, јас ќе одговорам со да, но само кога некој знае кога и каде да ги употреби и само ако се добро и соодветно доловени. Има неколку такви членови на форумов, кои јас радо ги читам, а истиве совршено добро ги вклопуваат во вокабуларот кој го уживаат. Нема да ги именувам и знам дека ќе се пронајдат. На другите, среќно им со очајните обиди.
^ Што има врска тоа што ти користиш сарказам и зашто истиот да го признаеш? До нив е, не прифаќаат доза сарказам. И доза искреност јбг.
СДК Денес за првпат сум им благодарна на Вип, им благодарам за тоа што немаше мрежа и интернет. Ме совладаа емоции и сакав да му напишам порака на бившиот, па набрзина пробувам да уклучам интернет на телефон но интернет нема. И да беше само интернетот на телефонот да не работи тогаш целата благодарност ќе беше упатена на мрежата на Вип. Но се обидов пораката да ја пратам и од домашниот интернет ама и тој не функционираше Па единствено што можам да кажам е: God is sending me a message
Стравопочит. Едно од оние големи зборчиња, а и меѓу поубавите по звучност во нашиот македонски јазик. Една од вредностите која неприкосновено се пренесува преку воспитувањето од генерација на генерација, без да се преиспитува и нијансира нејзината поента. А, колку ли само се злоупотребува и испревртува значењето на ова чувство, играјќи си со неговите нијанси, поточно дебелината на границата меѓу двата елементи?! Дискутабилно е колку постои воопшто нешто добро во стравот. Но, сигурно е дека секој од нас многупати во животот ја имаат осетено онаа максима дека истиот е најголем непријател на човекот. Тогаш зошто и во која мера да се поврзува со почитта кон некого? Ништо не го ограничува човекот како што тоа го прават неговите стравови. Затоа, колку е поприсутен и измешан со почитувањето и колку потенка е границата меѓу нив - толку помалку е заслужена таа почит, и всушност истата се претвара во контрола и манипулација. Без разлика за какви авторитети се работи - родители, роднини, наставници, професори, надредени во професијата, религиозни и идеолошки авторитети - почитта треба да биде заслужена, условена од нивните позитивни човечки вредности, никогаш слепа и што помалку поттикната од стравот поради нивната позиција, години и наша зависност од нив...