Гледам на многумина им смета користењето на кратенката "ММ". Зошто тогаш користите други кратенки, како "СДК", "ЛП", "П.С", "ОК" и сл.? Што е разликата? Демек помалку букви и не смее да се крати? За неинформираните, не е измислено овде туку насекаде низ светот по форуми се пишува "DH (dear honey ) " за маж, или за дете "LO (little one)". Што ве иритира толку? Еве и мене не ми се допаѓа кога читам "секад" наместо секаде, "никад" наместо никаде, "ја" наместо јас, бидејќи тешко е да се допише уште една буква на крај.
Жими се' имам чувство дека оние, „безбедносни мерки“ на јаху-то со секјурити кодови и врагови... поскоро е дека ги создале за да му оневозможат на корисникот да си влезе во маилот, одошто да му отежнат на некој си џоа-ми-ти хакер. Од вчера еве го, испраќа код на телефон. Мајку ви!
Вчера имав завршен годишен настан на работа, и во целата трка, растргнатост меѓу таа обврска и милионите други кои сама си ги доделувам, меѓу гладот и мислите што уште треба да се направи, една од директорките, спонзори на настанот на крај ми прије со зборовите: „Јас не знам дали намерно или од стрес си преслаба, ама пак лицето ти блеска, а тоа е знак дека уживаш во оваа состојба, дека си исполнета..“ И верувајте како комета да падна пред мене и да ме осветли... Ме осветли дека горда сум на телото што повеќе од очигледно ме издава за напнатоста, за енергијата која ја трошам бескрајно, за непроспиените ноќи, за стравот и за борбата во мене да продолжам и кога сакам да се распаднам... Ме осветли дека убавината не е она што го гледаме однадвор, туку само она со кое човек зрачи одвнатре и не понесува и нас... Момент бесценет за мене....
Со ДМ бев во ДМ-маркет погоди со кого сум бил Дали си Девојка миии. Дали со Дедо миии. Ма каква е оваа ситуација? Рокам мандољин дељеми чаршииии....
Глупост или храброст? Ги оставив другарките и прифатив да славам нова година со непознати личности и тоа 2 год постари од мене.Многу сум опуштена ги знам од видување,а личностаа што ме викна е некој што порано го сакав.Се надевам ова добро ке заврши
До пред две години едвај чекав да се објави годишен хороскоп по сајтовите, да видам што ме чека во новата година. Ама пораснав, се опаметив. Научив дека од небо ништо не паѓа и дека во ѕвездите ништо не е запишано. Сѐ ние сами си пишуваме. Затоа, сега си верувам на своите постапки, од нив зависи што ќе имам а што не во животот.
Знаеш дека може и со Дечко миии да биде ДМ се заебав Ете ти беља сега геј си помисли дека сум. Провери далу сум
Не ги разбирам оние луѓе кои немаат никаков ентузијазам кон било која област, не ги интересира ама баш ништо. Има толку многу сфери од кои може човек да има интерес и знаење, без разлика дали природни науки, општествени, технологија, уметност, спорт, јазици, па и други, а ќе сретнеш луѓе кои, ако случајно кажеш нешто што знаеш, ќе ти искоментираат како изигруваш паметен, или сигурно си бил бубалица во школо. Ако ги прашаш што е нивни интерес, ти одговараат некако површно, или пак кажуваат дека за нив учење е само онакво учење над книга за школо, а не и желба да истражиш подлабоко во она што си сфатил дека те интересира. За нив тоа е губење време. Според нив, сѐ што учиш ти е само да се покажеш пред другите или да имаш добри оценки. Со такви луѓе искрено муабет не можам да правам.
posle dolgo vreme ke prodolzam da odam na lov i ribolov. ama ovojpat, vnimatelno ako me svakjate. samo cool
Она кога ќе земеш да местиш сијалички, та ќе се заплеткаш, та ќе се сопнеш, ќе се изнервираш па ќе се изнасмееш. И на крај ќе ги закачиш и сите хепи.
Роденден е денот што го чекаме цела годинааа Да сум жива и здрава и повеќе памет оваа година Штета што можам само виртуелно да ве почастам. Да сте ми живи, здрави и сакани. Позитива ширам денес
Епа "другарки" мои, глеате како е коа се има некој проблем а совет не се добива? Ви текнува дека више нишо не ви кажувам? Поише фемина знае за мене од вас, пошо едино шо ми враќате е нешо тотално песимистичко и болно. Така и од мене ќе добивате.
Ахххх бе тие окциња како маслинка, тоа мало пунџиче со панделка и од страна локна-антенчиња и тоа мачење да каже "ч" кога ме вика вујнитка!!! И предложив да играме спиење, одма се согласи. И така мирно си заспа. После напорна недела, работна сабота, ова минијатурно човече ми даде енергија и љубов за уште 2недели да издржам. Љубов на вујна најголема!
Кога имаат интерес во текот на раб.недела ех го растураат мобилниов од пораки,звонење. Викенд штама. Тоа се т.н.пријателки многуууу што ме сакаат и уште повеќе ме мислат.
Дијалекти и жаргон не се неписменост и лош правопис/правоговор бе луѓе, аман! Земале на смешен сајт вреѓаат во коментари некој твитерџија што му објавиле кежуал твит ради некое зборче на дијалект, па се загрижиле во серии што еднаш во којзнае колку години се снимаат од наше потекло – дека децата ќе им слушале жаргонски говор... Не знаете колку напорни изгледате Мислам, знаеме дека е кул да си grammar nazi (ние што сме, #хехе ), ама барем бидете на прав начин...