Испитна сесија, а ти немаш буквално ни К од концентрација. Секој ден, по некој нов рецепт ми доаѓа на ум за готвење. Па дури списокот за готвење испадна толку долг, што за тоа време можев бар нешто да научам
Последниве години се случи чуден развој на настаните (посебно после еден трагичен настан) а тоа е што далеку подобро ми оди муабет со женски него со машки особи генерално земено, никогаш не би можел да очекувам такво нешто
Совет бараме кога точно знаеме што сакаме, но тоа не ни се допаѓа. И се надеваме дека советот што ќе го добиеме ќе го потврди тоа што го посакуваме. А ако не го добиеме тој совет, сепак одлуката е да се послушаме самите себе.
Луѓе на кои омраза им блика од срцето - е тие мислат дека со тоа ќе стигнат многу далеку. И во право се, ќе стигнат далеку. Ама, во спротивниот правец. Ќе видат дека заминале и премногу далеку... и нема да им се допаѓа таму.
Oлди бат голди... Позади секој успешен маж стои татко му кој што крадел во времето на Југославија — Златен Ретвитер (@SonetieJasno) February 8, 2017
Работев работев и работев цел ден и откако се потсетив со постот на Лилит дека за да си успешен мора твоите да краделе за ти да имаш и сега и ти да крадеш и се блокирав, ми се одмили и работа и све. А и малку се изнервирав од односот на здравствените лица по јзу. Како може бе некој на пациент да каже ауу катастрофа ти е резултатот, баш е хумано и етички. Така и мајка ми ми го пренесе од врата, катастрофа било а не знае што. Сега не знам и јас, а ја советував да си отиде во приватниве клиники, да си плати 50 евра и да се снима и прегледа како човек. Тоа е, силно светнал ден, зимата дојде снегот снежи, дојди ми Лено...
Пффффффф... Не еднаш... Па и пред сите пациенти уште во ходник. Или ти прави ехо и прави фаци и ќути...ти у меѓувремено дур го гледаш докторот умираш, воскреснуваш, се онесвестуваш, се будиш, пак умираш... На една и се развикав. Не беше ок од моја страна, ама после сите перипетии немав веќе трпение, сила и култура во себе... Нека си оди приватно особено ако е нешто со понова техника и технологија. Државниве и да имаат, не се обучени зошто тој што набавувал не му текнало дека треба или да викне обучувачи или да испрати некој да се обучува.
Не знам за вас, ама јас како вистинско битно значење зад фразата „се запусте младината“ - помислувам на полните сали на концерти на Аца Лукас и продадениот тираж на Таневски и Лајлица...
Сакам да шетам. Не ме држи место дома, ни во Скопје. Изгледа ќе му ја дувнам. Патем нели ако сонуваш дека грицкаш нокти, ќе добиеш подарок?! Ајде да видиме.
Mi vika mm "Daj napravi edna posna sarma odamna ne sme jadele i da kupime pusena slaninka da i stavime". Posna sarma so pusena slaninka i nie treba da go proslavime posen sv Nikola
Ко че решите (зборувам за одредени мои луѓе) да бидете самостојни, да ги спакувате куферите, да си го напуштите родниот град и да се преселите без разлика каде, тогаш да ми коментирате муабети од типот: ајде, ајде лесно ти е тебе, се имаш во Скопје, овде нема ништо кај нас, блазе си ти. Па, каков така заминатќ, ах што златна работа имаше овде,сега таму имаш функција, а? Да, многу ми е лесно работам и викенди и ми е топ, не можам на себе да си дојдам, плус и празници работам менувам два автобуси, за Скопје нели е нормално, ама џабе им објаснуваш на други кои појма немаат како се живее тука, а како во помал град. Не ми е мене животот само да излезам на кафе и во кафиќи и да се сликам по Инстаграм. Драги мои, живејте во реалноста, повелете, борете се. Колку само ситуации имам тука видено... Слепи луѓе, инвалиди, пијаници, луѓе шо бараат по контињери... И на крај, честита слава. За многу години да е, да сте здрави и живи вие што славите воедно и на сите . Здравје, среќа и љубов да ве следат.<3
Колку би било полесно кога би немале за што да се грижеме. Кога некој ми рече пушти се на луфта, а во мене гори ли гори или кога ми кажат "твојта е лесна" колку ги мразам тие зборови ама што да кажеш само ги гледаш така немо. Увек ми се случува кога нешто треба да кажам или треба да се случе мене срцето да ми е разиграно Или или ќе биде Се или ништо Успат среќна слава на тие што слават и за многу годиниinlove:
Знам да чувам тајни се до оној момент кога ќе ја слушнам таа магична реченица што следува после секој доверлив разговор: за ова никому не кажувај....
Реткост е на слава да ти лупнат на маса темно пиво, ама баксуз си кога си настинат и наклукан со апој и не можеш да пиеш.
СДК дека вечерва и утре ни е куќна слава па изедов повеќе отколку што можев. Грав, сарма. Особено сарма, ваква посна ми е омилена и како што бев гладна кога и влегов... Сега лежам така ко да сум трудна во четврт месец со стомакот. Дури вечеравме другарка ми ме пресмеа до солзи, мислев јадењето ќе го исплукам. Така двете со полни усти се трудевме да се разбериме, ко децана мали. Нека си замини веќе друштвоно од брат ми, да си легнам сакам. За една недела полагам колоквиуми, книга немам фатено. Ме фаќа паника, немам воопшто ни волја ни концентрација. Ај после славава, од среда, ќе се запнам убаво.. Секогаш велам дека ќе почнам да учам 3 недели пред колоквиуми и на крај пак во последно време. Со нервирања и главоболки. Шта чеш. Само сакам да си легнам и еднаш ко човек да се наспијам.
Дечки како прво за многу години празникот Свети Никола,честито на сите слава шо чекаме♡ Е сега добро бе можи бе мене барем еднаш во живото без малер да ми биди?Е не можи-злокобна насмевка на животот.Не ми е за дека блузата,ама таа блуза ми е од мама*значи сентиментална вредност* и многу ја обожавав таа блуза од жената.Мама ми вели шо се секираш,нишо не е. Како бре жено нишо.А...не ви кажав шо се деси.Ај чекам сите да си турат од тоа супата,па јас последна ѓомити најмала таму се прам.Култура па ти.И ај зеам тоа кутлачата и си турвам си турвам си турваааам и оп осеќам нешо женско,као топличко на раката.Тоа да ти било свеќата и икончето си беше потпрено на тоа држачо.Отиде блузата се запале,една мала озонска дупка се онаде.Тато ме зеза:ај ќе ти сошијам едно кожно такво да вијш модерно е сега.Мама па:абе ќе го закрпиме де,не ќе се знај то.Да бе да шетам крпена ко од сивио дом да сум ко досе да се шантам со блузана... Симоно,шо си ваква мори резил? Поздрав од верка иначе