Конечно го дочекав одморот,како децата што го чекаат распустот.Идеално е,да се посвети време на најблиските и најсканите..тајм ту лог аут
...и повторно по не знам колку време, јас и ти, муабети од нашето минато, виски и бадеми и сите среќни и исполнети моменти зад нас... Чипката низ собата беше... Чашите останаа на шанкот а јас и ти потонавме заедно... не се сеќавам баш после колку долго време си изнудивме насмевки и задоволство... ...како ние.. како кога бевме ние на времето.. Како кога уживаме низ животот и низ тоа што бевме во животот.
Какви времиња дојдоа за нас паганите, човек да не може да каже дека си верува во Один и во постоењето на Митгард, Утгард, Асгард како и Валхала.
Не знам дали образовниот систем не штима во земјава или криви се самите родители, што постојат млади луѓе од типот: - Дечко ми 5 пати сврши во мене, има шанса за бременост? - Невина сум ама со дечко ми имавме анален секс, и сврши во мене...дали сум бремена? - Пенисот ми е 22 цм, навистина ли ми е мал? - Невина сум и се самозадоволував со краставица, осетив малку крв, дали се скинав? Не знам дали се тролови за забава или се сериозно толку неупатени. Сите сме биле млади, сме правеле грешки и сме сакале непознати работи за кревање на адреналиот...Но да си дозволиш да се впуштитш во нешто што не го знаеш, навистина не е ок...Читни, разговарај, прашај постари па прави што ќе правиш. Да е еден или двајца ајде ок...Ама скоро секој ден има нови членови што пишуваат такви работи, а некои оставаат мокрача за да им кажеме дали се бремени. Затоа си ги сакам и ги поштувам оние родители/старатели што отворено си разговараат за се со децата...Нема табу тема, нема срам, нема плашење. Се е природна работа...Дел од секојдневиото...Дел од животот на секој поединец. Треба да си и другар и родител, а не да им влееш страв на децата, па на ќерка ти да и е страв да ти каже дека фатила дечко или дека ја има првата менструација или запалила цигара. Или толку многу ако немаш никаков однос со родителите тогаш побарај си низ интернет...Има 300 информации на сите јазици, само немој да правиш нешто од кое што подоцна ќе се срамиш и каеш.
се е спакувано, уште да дојде ден да појдеме... оставам се зад мене дур не се вратам. после ќе решавам земски проблеми..
Најубавата работа кај луѓето е што ги гледаш насмеани. Секој ден по нечија насмевка, само што ретко некој може да им ја почувствува насмевката. Како магија што струи од лице на лице и блеска. Дали денес луѓето навистина беа среќни?
Не знам зошто ми е толку смешно тоа што сите мои другарки направија нокти за дочекот на Нова година. Некои од нив цела година немаат ставено лак на ноктите ама пред Нова година традиционално одат на маникир. Ах, и сета таа еуфорија околу облеката, шминката, фризурата ми е целосно нејасна. Два месеци пред Нова година планираат што ќе облечат, закажуваат термини за фризер и маникир и после се до 30ти декември тоа им е преокупација и главна тема. А зошто? Зошто, сите придаваат толкава важност на дочекот на Нова година? За мене е обична вечер и се чувствувам како да сум на некој маскенбал искрено. Сите преубаво дотерани и нашминкани како од бајка излезени, а не ми е јасно зошто.
Totally. Мене ми е криво за оние кои ќе идат да се депилираат цели, а нема да боцнат ништо, па за џабе ќе трпат болка.
Традиционално пред почетоток на Новата Година, си го прочистував лаптопот од небитни фајлови кога налетав на една забелешка од драга, веќе бивша другарка. Не свесни дека доаѓа крајот на дружбата, ми пиша жалејќи се на шефот од работа, It's never personal, because we matter so little to others, за да после некој месец откако конечно се осмелив целосно да се посветам на работата која што ме прави среќна, она ми кажа само, Well, what can I say, good luck! а пред тоа секој ден комунициравме на долго и широко. Неколку пати после тоа ѝ пишав, ама ми одговори ептен кратко, ради реда само. Годинава е за ставање крај на многу работи, очигледно! Oh, well
Како јас да сум го напишала постов се пронајдов во целост. Навистина премногу размислувам за некои одлуки и состојби,затоа и не можам да мрднам од мртва точка.
Бегајте од оние кои едвај чекаат да ви пренесат „детали“, леле знаеш оној што направил, чекај да ти кажам каков е... или се као нешто, шокирани. Како психопат и погана личност најлесно се затскрива? Непрестано оговара колку се некои други психопати или општествено неприфатливи на поинаков начин.
Ова предновогодишниве работни забави ми се славење успешно лицемерие за цела година. Да живее лицемерие ( сите на оро гушнати)!
Можеби новогодишните желби треба фино лепо да ги преименуваме во новогодишни ветувања на себе.... Зошто желбите којзнае дал нешто добро ни носат некогаш... Јас пред четири години на денешен ден стоев пред некој кој го сакав повеќе од себе барајќи прегратка како новогодишен поклон и одбивајќи го тоа барање тој четири години подоцна се однесуваше со истата потценливост... Четири години слепа за омаловжувањата, за немањето волја, желба, потреба, нежност, милост молкум го допирав дното на животот писхички, кариерно, емотивно и не видов дека таа желба што ја шепотев толку гласно години не ми подаде рака.. Не видов дека ценетата желба не виде дека се повеќе се збрчкувам, се губам, пропаѓам и лутам.. Не виде ценетата желба во мене сила, не подаде рака за утеха, за љубов, а најмалку за помош... И денес точно четири години од кога ја прошепотив таа желба, со сите брчки на челово од борби, од победи и порази знам дека следнта година треба да си ја посветам на ветувања... Ветувања дека никогаш нема да ми се повторат луѓето како него, ветувања дека секогаш ќе се ставам на прво место, ветувања дека чекор по чекор ќе остварувам дел по дел од своите соништа, ветувања дека никогаш нема да заборавам дека се е возможно, ветувања дека ќе ј бакнувам како икона раката што ме кренала од ова дно и ветување дека никогаш, ама никогаш нема никого да молам за прегратка, за допир, за бакнеж преживувајќи дрско оттурнување.... Ветување дека прво ќе се погрижиме за себе, нели?!
Како ќе познаеш партиски војник? Декември 2016 - Градон како е селски накитен, глупости живи, на ништо не личи. Декември 2017 - *26 Декември, китењето се уште е во тек, градските татковци ги изненади новата година* Уау како е накитено, многу е интересно и убаво. Сијаличките се исти барем 5 години, главната елка мења сијалички во зависност од спонзорот... и...па толку.
сакам да кажам дека го гледам гифчево и се смеам..абе многу ме потсеќа на една форумска тројка ..ама не ви кажувам на кои..ххахахаххаа..пуштете машта, новата година тропка на врата, оладете се од тешки теми
Животот нуди подеми и падови, среќа и несреќа, радост и тага...но најважно е што од него научив три зборови : ЈАС ОДАМ ПОНАТАМУ !