Уште една Нова Година и повторно како и секоја јас без план веројатно до последен момент. Дали сум остарела но годинава воопшто не се замарам дали ќе останам дома, ќе гледам тв, ќе седам на нет, ќе си легнам во 10 или ќе одам некаде. Инаку друштвото ми е раштркано низ повеќе градови/држави и еве уште немам информација кој до каде е со пристигнувањето. Ќе си признаам дека претходните години живци ме фаќаа кога немав план до последен момент и се чувствував ептен лошо од помислата дека ќе си седам дома. Хаха детиште со што сум се замарала Друга работа денес слушнав муабети од типот кој колку е успешен и до каде стигнал и се прашувам зошто луѓето кога зборуваат за успех не ја гледаат и почетната позиција на човекот? Зошто не земат во предвид од каде почнал, низ што се поминал и со какви препреки се судрил за да стигне до тоа што е денес? Се сложивме дека животот не е фер во многу ситуации но некој добива пенал-ситуација а друг игра со играч помалку против судијии и публика После подолг период деновиве сум полна со оптимизам и позитивност па ајде 2018 да ја минеме сите во такво расположение
Секој заслужува втора шанса, а првиот впечаток стекнат за некој човек често знае да те излаже. Кога запознаваш некој човек може поминува низ тежок период, или е тажен, нервозен, па може да ти се претстави во поинакво светло, а ти да стекнеш погрешен впечаток за него...или обратно, да ти се претстави како добар ама да е злобен. Претежно ова за сите луѓе важи, освен за сељаците што пукаат петарди во рака или ги фрлаат во близна каде што живеат бебиња, трудници, домашни животни...Е за нив впечатокот не може да те излаже. Прв пат го гледаш дека е сељак, и длабоко знаеш дека е сељак во душа.
Во Вашата шминка низ слики гледам - користени продукти еден куп... сенки, хајлајтери, коректор, па пудра, кармин па на него сјај, нека свети де... маскара, моливче, руменило итн итн. Во Што последно си купивте гледам - палета сенки, кармин, два сјаја, маскара. После три дена уште две палети сенки. После седум дена уште една маскара и три кармини. Шо прајте бе? Јас имам една палета сенки со некои nude нијанси, два балсами за уста, една пудра, една маскара, едно моливче црно, едно сино и едно за уста црвено, едно моливче за веѓи, туш еден, една пудра. Кога ќе ми се потроши нешто од тоа, тогаш купувам ново. Само кармини што имам повеќе. Некогаш се прашувам, па какво женско сум јас што не сум опседната со шминки?
Сакам да кажам Овие мојве другарки со нивните мажи ме натераа со нив да чекам нова година а ја и викам шо ќе правам со вас вие ќе си зборете за бебињата ја ко утка ќе дремам, глупо ќе ми биде и се шо треба изгледа да тражам маж со дете за една ноќ.
Очај за бугарски пасош левел - недостижен за луѓе кои не го почувствувале истот : Си повторуваш на интернет додека работиш за Македонија под бугарска окупација за да видиш предокот кај се наоѓал во времето кога бил жив (дал бил бебе блгарче, ал не), а срцето ти тропоти мислиш откриваш нова планета во Сончевиот систем. Има ли поочајна, нека пише, да се утешам дека не ми е многу сериозна дијагнозата. Македонијо, пуста да останЕш!
Се осеќам многу глупо кога ќе ми кажат дека A Clockwork Orange е генијален филм. А јас пустата ништо не сфатив кога го гледав.
Не грижете се тролови немало само на фемина Ами имало и во реалниот живот Една другарка толку добро не тролаше цело друштво,и тоа неколку дена константно,што чинам да се зачленеше на фемина ќе понесеше титула за најтролЧе Ах,кога ќе се најде лек за изопачениот човечки ум
Сакам да кажам дека постојат машки кои нема да ти кажат "те сакам"ама тоа ќе ти го покажуваат со секоја постапка,со секој допир,со секое јавување и со секое пишување лека ноќ пред да заспие... Ќе почувствуваш дека те сака кога ќе го прашаш "Да не ти требав нешто? си ѕвонел не сум видела" А тој ќе ти каже зарем за да ти ѕвонам мора да ми треба нешто? И тогаш здивот ти запира целата се стресуваш и на крај се насмевнуваш и се прашуваш со што го заслужив ова? Ете така си кажав шо сакав Лека ноќ
СДК.. многу боли кога оние што треба да ти се другарки почнуваат да си прават планови без тебе, не те викаат за посебни активности, не ти кажуваат ништо. А кога ќе ги прашаш ни изговор не се трудат да кажат. Кога им е веќе станато сеедно дали постоиш или не..
Го прочитав ова и почнав да се прашувам дали воопшто сум женско. Јас немам ништо од шминка. Најмногу што сум користела некогаш е пудра и маскара.
@Bitter-Sweet & @zuto таман сте си. Тоа зборев синоќа дека ова шминкиве како дрога се. Мат, металик, хајлајтер,илуминатор,па контури... Мора ова да купам да пробам, чекај и ова... А од се што имам дали 4 работи користам декојдневно. Така даааа, не ви треба! Ја веќе денар не давам за шминка.
Пред 25 г на овој ден сум го добила најубавиот подарок. Подарок за цел живот. Мојата сестра. Моето се. И ја посакувам сета среќа на овој свет, а ако таа е среќна јас ќе сум уште посреќна. Биди ми жива и здрава единствена и најсакана сестричке моја.
Не знам како очекува некој да му прочитам цел реферат што го напишал, а нема интерпукциски знаци. Уште полошо што од едната негова реченица, може да се направат 4 реченици.
Преубаво утро,кафе на маса,море пред очи,ветер во коси,палма над глава. Њу зајц погади кај сум. Мала шега. Градов е преубав. И на толлку гужви,народ се има ред,секој вика пардон а не те бутка и шиба насекаде. Храната е на Алачки мммммм.... Убаво е и мене на душичката уште поубаво ми е.
Од 14:00-16:00 ден Сабота. Пуштаааај бољерите. Сите капани да бидете оти имит евтина штруја Ако не во Вардар че се капите Јас во тој момент...
Јас не разбирам што е толку убаво во петарда. Мене најубави ми се жижалици. Вчера ја разнесоа улицава со петарди и слушам "уууу". Смотан народ.