Утре има бесплатен алхохол,доколку сте го набавиле денес На сите што го сакаат и мразат ников им посакувам убава новагодишна ноќ Па да боцнете нешто^^ Некое сувомеснато
Оваа 2017 година конечно завршува . Година на разни турбуленции и пресврти во мојот живот .. Од оставање и завршување на една "љубов" до емотивна рехабилитација , до завршување со погрешни личности , се до една платонска љубов што изникна како печурка што после тој хаос не верував дека ке ми се случи .... Јас конечно имам љубов од личност што е 10 класи над сите машки Конечно следнава година ке се преселам во странција , и на мојот човек му го предложив да иде со мене таму (тој се согласи ) Ке видиме што во 2018 година ке се случува понатаму Ви посакувам на сите Срекна нова 2018 година , да ви биде исполнета со многу љубов и здравје со вашите сакани
Помина и оваа, ваква, таква, падни стани, новости глупости убавини, лошотии, разочарувања, преварувања, запознавања, новости, пакости, преселби многу нешта во само една година но заврши и таа.
Да и кажеме чао на годинава. Насмеани и среќни да ја дочекаме новата. Вечер поминете си најубаво. Гушкајте ги луѓето што ги сакате. Со насмевка влезете во новата година и цела наредна смејте се. Само убавини да ви се множат.
Во толкава нервоза сум, спремам роденденов на децата, и сум приметила дека секогаш кога се случува нешто спектакуларно, јас имам пролив. Изгледа од возбуда.
@Bitter-Sweet подобро честитки нека има отколку сеирџиски моабети... Фемина форумов доби нов лик во моите очи, штета што ова се случи на крајот од годинава...сеирџики феминџики...толку вадење од нафталин и фаќање сеири на туѓи животи, па толку со апетит да се препричаваат...ауу, срамота, ниско и просто
Се согласувам. Паметна си ми ти. Секако, фино е да си честитаме едни на други и да си посакуваме убави нешта, но тоа да е искрено а не лицемерно. Навистина после некои муабети перцепцијата е друга. Ама не сум нешто изненадена или потресена.
Дојде време да ја испратиме оваа година. Дојде време да си ги спакува куферите и да си замине, а на новата да и го отстапи нејзиното место. Во новата 2018 ви поскаувам многу здравје, среќа и уште повеќе љубов во вашите срца.
И јас да се поздравам со 2017 која и не ми беше нешто посебна, освен фактот што почнав со студирањето, а за жал и ми одзема блиска личност. Останува сите да ја дочекаме новата 2018, и на сите да ви посакам убав помин вечер, многу среќа и само убави моменти во новата година.
Со секоја измината година се намалува листата на моите новогодишни резолуции. Колку помлада, толку повеќе желби и соништа. Како стареам, се намалуваат. Се' што сакам е да бидеме здрави и живи, сите на број. Другото е неважно. На сите ви го посакувам истото. Да бидете живи и здрави, да се читаме и наредната година, само убавини да има кај сите. Имајте убав ден, уште поубава ноќ, каде и да сте. И уживајте во секој миг поминат со најмилите. Уживајте во убавите моменти и нека ги има што повеќе. Борете се за исполнувањето на соништата, но останете свои и доследни. Среќна Нова 2018!
Одамна ги прекинав новогодишните патувања глумејќи искреност каде не требало ни во сон да го правам тоа, но денес, сега седејќи на семејниот ручек, пребројувајќи 3, на сред животна борба, пресреќна сум.... Нека оди годинава веќе... А честитки... утре феминки мои, прво да ја испратиме и да ги гушкаме сите оние кои ни даваат блесок, сила и љубов во неа....
Нова година. Со цело срце се надевам дека годинава конечно ќе се исполни тоа одамна што требаше. Редно е веќе. И јас како форумџиката на годината малку над мене посакувам здравје и здравје. Без него сме ништо и не правиме ништо. Затоа чувајте се, што помалку нервози, а повеќе уживање. Па, нека е среќна и што поблага и подобра кон сите.
Нова година како Нова година - произволна завршица на имагинарно креиран календар, наместо некаков крај и почеток на нешто реално и опипливо. Најобичен ден кој, кога ќе помине, утре пак ќе се раздени и се’ пак ќе биде исто - освен ако вие не се потрудите да го смените тоа. Не сум фан на новогодишни одлуки илити такозвани „резолуции“ - за мене, чекањето цела година за да се направи некаква промена на личен план значи дека или промената не ти прави баш кеиф па ја одложуваш до некојси датум, или си премногу мрзлив да вложиш напор и да ја направиш. Така да, им посакувам на сите оние што сакаат нешто да сменат кај себе да почнат да работат на тоа веднаш или што поскоро, наместо да чекаат, 1-ви, понеделник или почеток на нов месец. И на крај, у духот на еден виц што ми го раскажаа денес на работа, ќе ви посакам на сите многу здравје и среќа, ама малце поише среќа од здравје затоа што, како што ми кажаа „И прасето имало здравје, ама џабе му е, кога немало к’смет“. Среќна Нова!
Сите пишуваат за Новата 2018 што ни е веќе пред врата, па ајде и јас да не останам покуса. Не знам што и како ќе биде во 2018, но знам дека 2017 ми беше најубавата година во мојот живот. Полна со љубов, емоции од кои на човек срцето му застанува, возбуда, преземени ризици што ми се исплатеа. Здравјето одлично ме служеше, за што сум бескрајно среќна. Полна со енергија и елан исполнував се` што си имав зацртано. Од гледна точка на моето образование, па подобро и не можеше да биде. Не сакам да се правам лажно скромна. Навистина сум задоволна од себе. Најдов и добра, сериозна работа. Пред се`, работа што ја работам со задоволство. Со насмевка заминував на работа, ден по ден. Благодарна сум за се`. Тоа што на календарот нема да стои 2017 туку 2018, не ми е никаква пречка за да си останам старата јасНемам желба за големи промени. Зашто сум задоволна од себе, од она што сум во моментов. Секако, ќе се потрудам се` да биде уште подобро. Но ќе останам истата упорна, одговорна и посветена личност како и досега. Личност што не запостанува ниедна обврска, што е научена да оди и по потешкиот пат, ако треба. Ќе продолжам да сакам, да не штедам на емоции, да сакам со цело срце и душа. Единствена желба ми е саканите да останат до мене. Со љубов и поддршка ќе постигнам се`, ќе издржам се`. Да ги поминувам денвоте со најсаканата личност, да чувствувам сигурност, па дури и малку безгрижност, знаејќи дека таа е тука. Имам и една голема цел што сакам да ја остварам баш во 2018, но за тоа нема да зборувам многу, има уште да се работи до нејзиното исполнување... И ако паднам седум пати, ќе станам осум пати, знаејќи дека има зошто, има за кого Наздравје