СДК досадно ми е ќе почнам да штрепам по форумов копајќи по стари теми.Sorry досада убија, а уште не ми се искочени нови епизоди од сериите.
Добро е да се има граница на се..зашто секогаш ќе се најде некој што ќе сака да помине и злоупотреби..тврдоглавоста и инаетот ве заслепила.
Се согласувам со твоето мислење. Во тој контекст треба да се посочат и возрасните. Но бидејќи разговаравме за младината, а и јас како дел од неа, сакав да посочам што се случува денес со истата. Точно дека и порано имало неедуцирани, но многу поголем беше бројот на млади кои знаеја да го контролираат своето однесување. . Денес веќе е претерано ова што се случува, се надевам доволно ги следиш настаните.
Кажувајте им на сите што најмногу ви се допаѓа кај нив, верувајте дека ќе им измамите искрена насмевка на лицата, а срцата ќе им ги исполните со љубов, а тоа само ќе ја зацврсти вашата (роднинска, пријателска, љубовна...) врска. Ширете љубов и позитивна енергија во Новата 2018, а со тоа вие ќе бидете среќни.
Понекогаш се чуствувам како да не припаѓам тука. Како да сум создадена за сосем друг свет. И те запознав тебе, висок, со преубаво лице и едни очи која целата твоја искреност стои позади нив, ти ме носис во некој свет каде што припаѓам, и супер ми е таму, таму со тебе. Понекога, не многу често гледам некои камчиња и сака мда сопнам на нив. Ама знаеш што, вчера увидов после фотографијата, дека светот во кој ме водиш кога сум со тебе е најубавиот свет во кој сум зачекорила.Никогаш нема да ти замерувам ни лутам. Затоа што знам дека оваа што ни се случува е можеби и најубавото нешто или ќе биде најубавото нешто... <3
Некои луѓе не заслужуваат да им биде простено и да се свесни за тоа, иако тоа ќе го направиш повеќе заради себеси отколку за нив. И повторно се дрзнат да те повредат, како да ќе успеат. Нема што да барате во мојот живот, не барам јас ништо во вашиот. Во моментов сум во состојба “не дирај лава док спава” ама не го знаете тоа. Не знам и дали воопшто сакате да ме разбудите?
Она кога комшика ти честита роденден и ти вика, ај наредната година со бебе! Mind your own business, bitch!
СДК... Купови гардероба во плакарите, но посегнуваме по нешто што некогаш завршило во ќесе за отпад. Хммм... Ние всушност даваме пари за искината облека. Мода и трендови.
Во брдото метеж од прекрасни, а често и лицемерни желби ми остана во глава една од многуте - се дур имаш некој да се моли за тебе, ти си среќна девојка и ти посакувам многу такви луѓе во животот. Некако прави спокој помислата. А бога ми се молам и за многумина на мојот начин... ама знам дека ги прати секоја позитивна мисла. Под притисок на задолжителното - список на цели и желби... потрфрлив сериозно многу. Ама МНОГУ. Посакав само среќа и флексибилност, да прифатам мирно, се што можам и не можам да сменам. Имав проблем со прифаќањето, искрена да сум. Па дур да прифатам и да се соочам, минало брдо време и сум истрошила тони енергија доволна за осветлување на целиот Гармишпартенкирхен. Ах да... посакав и да останеме сите и годинава во ист состав, по можност и проширен само, никако намален и при тоа мислам на сета постава на поширокото семејство. И еден олош во него подалеку од сите кој и онака не ни е крв по ниту еден основ. Врви и новата година со истата динамика на старата. Уствари не, чувствувам како старава ма не сака ни да чуе да си оди, уште се бутка со новава... како снаа и свекрва се.
Треба да се измисли нова професија - преведувач на сарказам. Одма ќе волонтирам, а и ќе си најмам еден за себе...
Порано ми беше тешко кога некој ќе ми се налути за нешто, кога ќе исчезне без збор или кога ќе ми испонаша неблагодарно за нешто што сум вложила сили да му помогнам. Секогаш сама се обвинував. Со денови мислев каде сум погрешила, кој збор сум го употребила, се уништував, дури не јадев, не спиев, постојано барав начин да се извинам иако не бев виновна....Дури и плачев. А денес кога некој ќе ми се налути за глупост, кога ќе се понаша ко мало дете или кога ќе сака да ме намести за јас да бидам крива, а сум му помагала цело време... Кој сака да биде во моја близина нека повели, а кој бара рачки за да избега, слободно нека оди. Може сум отрпнала од лажни луѓе, од непотребни драми, од малограѓански муабети и неблагодарни лигуши.
Од друга страна, јас сум сретнала и луѓе што можат фино лепо да истресат некоја глупост, а потоа да се оправдаат демек сарказам било. А и како наводно другите испаднале глупави.
Се возел некој професор во некој рибарски чамец. Професорот го прашува рибарот: Дали знаеш некој странски јазик да зборуваш? Рибарот одговорил: Освен мајчинскиот јазик,друг не знам да зборувам. Професорот му вика: Па ти рибару залудно си го живеел својот живот,срамота како до сега не си научил ниеден странски јазик. Рибарот на сето тоа одговорил: Па не сум имал можности,морав од мал да работам. Во меѓувреме фатило некое невреме. Рибарот:Професоре нашиот чамец потонува,биди подготвен да пливаме,да се спасиме. Професорот:Ама јас не знам да пливам,и се исплашил. Рибарот:Па ти залудно си го живеел животот,кога не си научил да пливаш,и сега ќе се удавиш,и твоите јазици нема да те спасат,но јас истиот што пред малку го навреди ќе те спасам не се плаши. Никогаш не ги потценувајте,не ги навредувајте луѓето,не знаете утре можеби вие ќе бидете професорот. #Рибар#Професор#Каша попара#Приказна#Туљумба у шербет#Памет. #Ај со здравје.
СДК. Женската на бифшиот е опседната со мене..прееска ми пишала од кај него и ме блокнала на снап..Му ѕвонам она ми крева..Не сум била битна.Извини мочло една ама дечко ти кога плачеше и трчаше по мене тебе мама уште пелени ти менуваше недорасната една.Па и на инста ме followna, чим сум небитна не к** се замарај со мене. Знам јас како со таквите ама помала е од мене не и се замарам.Ова генерацииве како што идат се полоши и полоши се.
На инстаграм видов Фереро сервирани на даска за сечење... Доста е интернет за денес...ме убива овој хипстерај како продолжено дејство на хемотерапија, трепките ми паднаа. И ако сакаш да си арт, све сликај положено на даска за сецкање... пичкалимуматер еднаш се живее.