Човек на човека не е волк туку огледало, затоа комуницирајте само со оние кои гледаат убавина, добрина, среќа, мудрост, радост во вас, кои ве будат и мотивираат, кои нема да запрат пред да ве доведат до верзијата која ја гледаат за вас, а вие не сте свесни за тоа... Оние кои имаат бзброј критики за вас, вашие ставови за светот, вашите мислеа и чувтва, оставете ги, сватете дека нивните зборови се само последица на состојбата на нивниот ум и не ве дефинираат вас...
Силните жени ја носат својата болка како штикли... Без разлика колку нив ги боли, другите гледаат само колку тие се УБАВИ !
Ќе ја ставам Бакнежот од Густав Климт на профил, па така сите ќе мислат дека сум паметна и арт, се разбирам во уметност, се разбирам во животот.
Македонија е некој вид на кинеска Ибица ама ол сизн. Работиш, живееш, ставараш некаде низ светот. Живееш угледен достоен живот каде што не те мрзи да чекаш во маркет 15 мин за на каса и наеднаш доаѓаш овде и СВЕТЕМРЗИ. Пцуеш по улици, пцуеш зошто некој со картичка плаќа во маркет само за еден маргарин, пцуеш зошто семафорот свети црвено. Сакаш брз секс со 2 пијачки платен? Ела у Македонија. Сакаш журка 24/7? Ела во Македонија. Сакаш што сакаш да правиш и никој да не те казни? Ела во Македонија. А потоа врати си се кај што припаѓаш и живеј си мирно. Македонија е кинески издувен вентил. Е затоа не ја бива.
Боже колку сум уморна... Или снег или сонце, да може по порачка... Мачка спие, он спие, чекам важен повик, слушам глупости во боја. Некои луѓе навистина немаат осет за постоењето на другите. Она кое нив ги засега, она кое нив им е битно, она кое они го сакаат, она кое нив им текнало да ти го зборат рандом... дали си со некого, дали одмараш, дали е доцна, која доба од денот е... нема врска. Луѓе... дали е фб или не е, сериозно треба да се преиспитате дали е време за муабет за вашите работи. Можда некој не е расположен баш тогаш да зборува за тоа што вас ви е важно, кое во други услови би бил супер ок да поразговарате. Па и лутење ако речеш, извини, ќе може утре да зборуваме? Па и коментар, е што утре ете онлајн си. На пример сакам да се одморам и релаксирам и не сум твој личен сервис те канта за отпадоци и сослушувања на твоите животни откровенија? Не ни има проблем, туку вечна самоанализа. Зборувам за особа од 50 години... 50 факинг години. До тогаш очекувам дека ќе го имам сфатено животот, а не да замарам дупло помлади од мене со моите бубачки,особено што по ниту еден основ не ми се ни роднини, ни другарки, уствари ни пријателки... рандом бендис да малтретира човек... Самоопседнатост. И сето тоа е супер ок...кога го почитуваш човекот од другата страна кој очекуваш да ти е соговорник. Неговото време, чувства, расположение и околина. Половина час на телефон откако ќе кажеш дека имаш гости во моментот и покрај искреното замолување ќе може ли подоцна да се слушнеме... не е ништо од почит... 56 биле ете... бетер.
Зошто некои луѓе се чудат и го прават човек глупав и заостанат ако нема ФБ профил? Или, прашање од типот: Незнам како живееш без ФБ, или што правиш во слободно време? Едноставно, немам потреба во секое време да гледам кој што прави, каде бил, што јадел, што мисли или чувствува во моментот и што им искоментирал на пријателите.
Колку често сте се запрашале до кога ќе тераме вака? До кога ќе имаме вакви приоритети? Зошто кичерајот и алчноста се слушаат најгласно? Длабок поклон за дечково кој што не само збори, туку и делува.
Остана ли некој човек во денешно време ? Некој кого си бил до него цело време, кога сите биле против него тој е прв што ќе те предаде. Другарка што си ја мислила за блиска прва ќе се потруде живото да ти го зацрне, па на сето тоа ќе се праве како ништо да не знае. Само ме интересира дали тоа го направи со цел да биде со него поради парите ли што ги има, за колата ли ? Мила моја вечер ќе ти го видеме вистинското лице. Што се крие позади твојта маска на наивна,мирна и повлечена личност. Кај грешка човек личност сакаше да ми оцарниш ако вечер бидеш понижена сама си крива за се.
Има луѓе, велат: Почитувајте го туѓото мислење, а во прва прилика се нафрлаат на оној што не го дели нивниот став на одредена тема. Има луѓе, велат: Мразам мрчатори, а се во друштво на токму такви, па сите заедно мрчат, само за други теми, други настани. Има луѓе, први се да кажат што е добро, што е морално, да посочат божем што е правилно, а самите се далеку од морал и правда. Има луѓе, велат: Нема љубов, не постои, а тие самите не се потрудиле да бидат причина некој да верува во љубов и во доброто кај човекот. Има луѓе, секогаш на ум и на јазик им се туѓите грешки, туѓите недостатоци, a своите ги оправдуваат и не ги признаваат. Ги има многу такви врсти. Затоа што, најтешко е човек да погледне во себе, да види што има во неговото срце. Во срцето не лежи само љубов, носталгија, убави чувства. Во срцето се крие гордост, суета и што уште не. Кога човек ќе прогледа, кога ќе може да ги види кристално јасно грешките кои ги прави, дури тогаш човекот може да каже дека се движи по вистинскиот пат во животот.
Размислувајќи за тоа што ќе биде утре, животот ќе ми помине. Размислувајќи кога ќе земам плата ќе направам, така и така, ќе земам тоа, ова, она, цел живот ќе ми помине тоа да направам, она да направам. Размислувајќи само уште оваа година, уште овој месец, животот ќе ми помине. Размислувајќи за животот, животот си заминал. Не можам да не мислам за утре, Не можам да не мислам на другите, Не можам да се опуштам Не можам да уживам во моментот а да не сум загрижена Не можам а да не се изнервирам Не можам да можам да живеам а да не размислувам. Не можам да не се грижам. Премногу работи си ставам врз главата, премногу се грижам за работи што не се важни, премногу се оптеретувам со мислите. Не можам да живеам без да се грижам, а тоа до дека ќе ме докара, не знам.