Среќна сум. За првпат во животов. Има некој кој ме сака. Има. Пред некој ден случајно запознав еден на автобуска постојка, тој беше предобар со мене. Ми побара број не му дадов. Ми намигнуваше и ми се смешкаше. Кога се качив во автобус мојот бр го пишав на тел и му го покажав. После тоа вечерта ми се јави, ми се извини што така ми побарал бр, ама мн сум била слатка и затоа. И утредента ми се јави. И сега пред малку. Рече дека вчера цел ден мислел на мене. Конечно некој да мисли на мене. Ме вика да се видиме, да одам кај него на гости. Утре ке се видиме. Фала богу има некој кој ме почитува и што мисли на мене.
Заклучи дека те сака после неколку разменети погледи, намигнувања и насмевки? Сте се запознале пред некој ден и сега те почитува? Полека, ќе научиш што е љубов, кој те почитува и цени, има време... Дотогаш обрни им малце внимание на твоите родители кои те израснале со љубов и почит, а не да пишуваш дека првпат си среќна бидејќи некој тип ти се јавил и ти кажал дека си многу слатка и дека цел ден мислел на тебе... Те советувам онака, чисто пријателски
Неможам глава да кренам од мажи ,прв пат вакво нешто во животов бре,пупу да не се урочам,стабав како срцекршачка,машала.Еден ми доаѓа на куќна слава што сакал да ме запознае со роднини,со колешката веќе цел месец се договараме да одиме на кафе со еден нејзин другар,после конечно ќе одиме,сега сум на работа и ми иде еден што ја реметел братучетка ми за мене и убав е машала,а инаку имам дечко ама како да го немам,скоро 4 месеци сме заедно и изгледа ме изневерува бидејќи несака да излегува за викенди,многу ретко се гледаме,и немам доверба во него,не ме цени доволно како девојка,ама ни се ближи крајот бидејќи никогаш не сум го излажала ни изневерила и не го заслужувам ова,јас го сакам ама неможам да дозволам да си игра мајтап со мене на овие години кога треба стабилна врска и сигурност,и кажете дали не сум во право
Сликата многу убаво кажува. Треба да го пронајдеш оној со кој и тишината и молкот ќе ти бидат пријатни. Тој е вистинскиот!
Колку сум среќнааа не можам ни да замислам колку убав ден ден си поминав со јатрвата ретки се јатрвите што се сакаат хахаха затоа и сум среќна хаха затоа што нема веќе кавги помеѓу нас ...
СДК што е бре ова поплави во Србија и Босна ? Колку што можеме треба да помогнеме,замислете нас да ни се случи Стварно не знам што да кажам,УЖАС!
Без причина онака ми доајга да си плачам да се изнаплачам ко мало дете што знам што е,може нешто длабоко во мене има нешто болно тоа ќе да е е па ај ке си се изнаплачам па што Спојлер
Не знаев дека вака ќе биди..Не сакам вака да е. Како да заглавив во тунел кој нема крај,нема светлина. Не знам што да правам..мозоков повеќе не ми функционира...А црцево го закопав, ЗАСЕКОГАШ. :'(
Секогаш гледајте на светлата страна на животот. Оставете ги зад себе лошите работи, тие ве враќаат назад и не ви дозволуваат да продолжете. Што било во минатото оставете го таму, таму му е местото. Доколку минатото го мешате со сегашноста а и иднината, ќе ви биде хаос. И не ги судете луѓето по нивното минато, не живеат таму повеќе. Грешките што сме ги правеле во минатото се таму да не посочат кон доброто, да ни покажат како не треба, а не да не дефинираат. Минатото не може да биде избришано, заборавено, променето. Само треба да биде прифатено.
Ајде да се пофалам, за частевање сум. Некоја мачка (не ја чуваме ние) се омачила во шупата (шпајзот) кај дедо ми па сега имаме 3 мали маченца. Баба ми ги видела во петок, но изгледа има една седмица откако се родени. Не сум некој љубител на мачки, искрено повеќе ги сакам кучињата, но овие мали срцки неможе некој да не ги сака. Мачката беше таму но кога отиде некаде (сигурно по храна) бевме да ги видиме, абе срцки мали се па и пробуваат да се качуваат по кутиите во шупата да си играат. Има 3 едното е бело со жолто (како мајка му, второто на сликата), другото е сиво со бело(првото на сликата) и последното сиво со жолто(третото на сликата). Татко ми е како мене воопшто не сака мачки, но прееска на сила јас и сестра ми го одвлечовме да ги види, абе неможеше да престане да им се радува. Еве видете ги срцки се.
Браво Македонијо! Тони млеко, вода, облека ќебиња, лекови, и преку 50,000евра донации од мобилните телефони и уплати на трансакциски сметки. Гордост!
Сдк дека се гордеам со мојата мајка. Чудна работа но, секогаш кога ќе ме извади од кожа и кога ќе сакам да се испокарам со неа успева да ме фасцинира пак со некоја нејзина постапка и срце не ми дава „а„ да и кажам. И денес така... вриев од нервоза ама ете, нека и стои, помалиот попушта, преќутува. 3 пати се јави денес да донира пари за поплавиве во Србија и Босна и освен хуманитарната програма на канал 5 нема ништо друго на репертоар денес на тв Едвај спојува крај со крај секој месец , ама кога ја видов денес, ете, душата ми се исполни , цел живот не сум се одвоила од неа а не сум знаела дека мајчето ми е со толку кревко срце Ме разнежни навистина, и секоја чест на сите кои се собраа на плоштад денес за да помогнат http://vistina.mk/2014/05/18/skopje-se- ... man-narod/
Одамна не сум била вака среќна. Се што можевме, однесовме на плоштад со моите. Кога ги спремавме кесите гледам колку облека сме имале што воопшто не ни е неопходна. Како порано не ми текнало да донирам вака алишта ? Ме држи убаво чувство цел ден . А на плоштад? На плоштад беше прекрасно. Толку народ насобран. Толку кутии наполнети. Толку среќа спремна да се подари на оние кои им треба. Забележав некој имаше однесено и креветче за бебе истовремено ми се згреа душава и насолзија очиве... Браво луѓе, така треба да се биде човечен! ________________________________________________________________________________ п.с. Срам да ти е! И после се чудиш зошто никој не те сака? Епа ради ова. Ако продолжиш вака да се правиш паметна, и да знаеш дека никој нема да те жали ни да ти помогне.
Не сакав воопшто ни да коментирам за случувањата во Србија и Босна, ни да кажувам дали сум донирала, но заради твоето мислење ќе искоментирам. Да Биле, ако ти се случи ќе те жалиме и ќе ти помогнеме. Во моето школо на еден ученик му се запали куќата, остана на улица, цело школо донираше за помош и луѓе од целата Македонија, имаше и на тв за тоа и ете со помош на добрите луѓе успеаа неговите, ја изградија повторно куќата и се е во ред. На нас пред 63 години кога бил земјотресот нели Скопје било цело урнато, ама со помош на луѓето од соседните земји сме успеале повторно да го изградиме, затоа што се се враќа и се се плаќа. Можно е некогаш и тука да има поплави, па и нас ќе ни помагаат. Еве и ние дониравме се што имавме дома ќебиња, влажни марамчиња, пелени, бебешки работи, некои работи на брат ми, некои на мене, стари јакни, дониравме пари и преку телефон, затоа што навистина е жално, а тек после тоа кога ќе се повлече водата знаеш какви болести ќе има, не е далеку Србија што значи можно е и тука да се случи истото, болестите да се рашират, вируси и секакви чуда. Најпрво стварно мислев дека си добро девојче, ама во последно време ме зачудуваш. И помагајте луѓе, навистина се греота многу ми е жал, а па малите дечиња, бебињата, не знам стварно не може да се опише ова.
Што ако се поплавиле? Жити се ова од такт ме извади,ако прочитам уште едно вакво мислење нема да се штедам на зборови. Грев е вака да се зборува,грев. -- Донирав преку телефон,да можев ќе отидев и до Скопје,ама оваа недела ќе има вакви хуманитарни акции во Штип,така да ќе си донирам тука. Кога ги гледам сликите од малите дечиња без храна и расплакани,срцето ми се кине. Ниедно дете не заслужува ваков живот,сепак ова е природна катастрофа,и никој не е виновен за ова што се случува. Само треба да бидеме хумани,да помогнеме најмногу што можеме за овие луѓе повторно да живеат нормален живот.
Не можам да разберам некои луѓенца.Бараат искреност,а кога ќе им посочиш две три работи кои ниту се навредливи ниту дрски,ќе те направат злобна и арогантна. А пак ако молчиш,лицемер си бил.Епа одлучете се,да ви се сневидам. А како додаток им кажале на моите дека многу ми знаел јазикот,требало покротка да бидам. Туф,да си молчам,па да ме газат како мравка.Не оди тоа така,ако не им се допаѓа "јазикот" мој не мора да ме бараат,секако јас им требам повеќе отколку они мене. И така се изнервирав. Отидов јас,да заиграм едно оро,две да ми испадне негативноста Гуд најт
Знам, знам, знам. Уште еднаш - знам дека е досадна таа тема. Ама утре праам 3 теста. Само што и' фрлив поглед на книгава. А тек уште другите две книги... и со нивниот поглед треба да се соочам. Како?! Како ли јас да те гледам? Се' до ноќва, се' до сабајле ранооо. Неа да ја погледнам и да речам ГОЛЕМО, ти си мала смрдливкааа. Не ми замерувајтеееееееееее, готова суууууууум. Сакате да пееме заедно? Ајдеее. http://www.youtube.com/watch?v=0bF7f6A_IcQ
Сите зборите за Србија, Босна, за кучиња, мачки спасување, за болести после поплавите, за донации.. Зашо само во тешки времиња ни текнува дека треба да се здружиме? Чекајте дали тоа Бивша Југославија се врати? Што се случи со луѓето? Каде бевте пред тоа? Зашо не се дружевме пред поплавите? Зашо кога ке појдев во Србија или Босна ме гледаа настрана кога ќе им кажев дека сум од Македонија? Што ви се изнаслучи бре луѓе на сите одеднаш? Помагајте, бидете хумани, ама зашо пред поплавите не бевте? Сеа демек се докажувате? Без раслика на се, сум помагала и уште ќе помагам.. Ама они си се криви затоа што им се случи! Се надевам после поплавата, кога целата бучава ке се стиши, конечно свеста на луѓето ке проработи да пазат на околината! Да ја сакаат и почитуваат, и околината ке им даде подолг живот! Лесно е да ја почитуваш и сакаш околината, само требаше некаде вакво нешто да се случи за да ја разбудиме хуманоста на повеќето граѓани и свеста дека нетреба така да се однесуваме спрема природата!